Видринец
Видринец (грчки: Βιδρονήσι; Видрониси) — мал остров во областа Голема Преспа, Егејска Македонија. Сместен е во Малото Преспанско Езеро, денес во состав на општината Преспа на Леринскиот округ, Егејска Македонија.
Поглед на Видринец од с. Л’нки | |
Географија | |
---|---|
Координати | 40°45′20″N 21°06′13″E / 40.7556° СГШ; 21.1037° ИГД |
Соседни водни површини | Мало Преспанско Езеро |
Површина | 0,03 км2 |
Држава | |
Егејска Македонија (денес во Грција) | |
Област | Голема Преспа |
Округ | Лерински |
Општина | Преспа |
Демографија | |
Население | ненаселен |
Местоположба
уредиОстрвоот е ненаселен и се наоѓа околу еден километар од брегот на с. Л’нки. Недалеку од него, посеверно во езерото, се наоѓа доста поголемиот и попознатиот остров Свети Ахил. На Видринец се наоѓа запустената Видринечка црква (ΧIII - XIV век), а целиот остров зафаќа 3 хектари.[1]
Клима
уредиКлимата е умерена. Просечната годишна температура е 10 °C. Најтопол месец е јули, со просечна температура од 22 °C, а најстуден е јануари, со -2 °C.[2] Просечната годишна количина на врнежи изнесува 1.001 мм. Највеќе врнежи има во февруари, со просек од 114 мм, а најсув е август, со 33 мм.[3]
Птици
уредиНа островот се гнездат птици од разни видови, кои се единствените негови жители. Често можат да се видат јата корморани и пеликани, својствени за целиот преспански крај.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Trip to the Small and Big Prespa“. limneon. 2 мај 2017. Посетено на 2 мај 2017.[мртва врска]
- ↑ „NASA Earth Observations Data Set Index“. NASA. Архивирано од изворникот на 2019-04-07. Посетено на 30 јануари 2016.
- ↑ „NASA Earth Observations: Rainfall (1 month - TRMM)“. NASA/Tropical Rainfall Monitoring Mission. Архивирано од изворникот на 2019-04-19. Посетено на 30 јануари 2016.
- ↑ „Vidronisi, Small Prespa Lake - Inhabited only by birds“. greecewithin. 6 септември 2006. Посетено на 2 мај 2017.