Сува Гора (Преспа)
Сува Гора или Сува Планина (албански: Mali i Thatë) — планина во Мала Преспа, југоисточна Албанија со мал крак во околината на Љубаништа и Свети Наум во Охридско, југозападна Македонија и дел во Долна Преспа, Егејска Македонија. Висока е 2.288 м и претставува јужно продолжение на Галичица. Се граничи со Преспанското Езеро на исток, Охридското Езеро на северозапад и гледа кон градот Поградец на запад. Се протега во должина од 25 км во правец север-југ, а широка е 8 км во средишниот дел. Највиско место на планината е Вир (Pllaja e Pusit), на нешто поголема височина од врвот на самата Галичица во потесна смисла. Од овој врв се гледаат неколку планини во Албанија, Охридското и Преспанското Езеро, како и планината Баба на Пелистер (2.601 м) — трета по висина во Македонија.
Сува Гора | |
---|---|
Mali i Thatë | |
![]() Поглед на билото на Сува Гора кон Грамошта во далечината, на растојание од 65 км | |
Највисока точка | |
Врв | Вир |
Надм. вис. | 2.288 м [1] |
Координати | 40°53′00″ N; 20°50′00″ E / 40.8833° СГШ; 20.8333° ИГДКоординати: 40°53′00″ N; 20°50′00″ E / 40.8833° СГШ; 20.8333° ИГД |
Географија | |
Место | Мала Преспа, Албанија |
Матичен венец | Галичица |
Геологија | |
Старост на карпата | мезозоик |
Вид | варовничка |
Планината има антиклинален облик и е речиси целосно сочинета од мезозојски варовнички образби.[2] Падините се карпести и каменливи (особено од западната страна), додека пак билото е речиси рамно, но полно со карстни шуплини.
Сртови Уреди
Планината има неколку сртови со одделно име кои се вон нејзиниот средиштен дел: Дева (1.373 м), Калуѓер (1.480 м), Слива (1.414 м) и Цуцул (1.455 м).
Планинарење Уреди
Планината најдобро се искачува од страната на Поградец, почнувајќи од селото Аларуп, преку с. Грабовица па на исток до селата Блаце и Братомир.[3]
Растителност и ресурси Уреди
Растителноста на Сува Гора претежно се состои од пасишта, додека источната страна кон Пустец е обрасната со буково-дабови шуми и честак.
Кај селото Горна Горица почвата е богата со железната руда боксит и наоѓалишта на креда.[2]
Историски настани Уреди
Во Албанската буна од 1911 г. на Сува Гора се одвивале борби, во кои влашката чета на војводата Спиро Белкамени го поразила отоманскиот контингент.
Поврзано Уреди
Наводи Уреди
- ↑ Вир — GeoNames
- ↑ 2,0 2,1 "Fjalori Enciklopedik Shqiptar", Akademia e Shkencave e RPSSH, Tiranë, 1985 стр. 664
- ↑ „Охридско Езеро: Започнете го вашето патување“ (PDF). МСЗП. Меѓународен сојуз за заштита на природата. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-02-27. (македонски)
Надворешни врски Уреди
- Планинарски информации за Сува Гора (Мали и Тат) — Summitpost (англиски)
- Преспа — репортажа за Сува Гора и околината во Мала Преспа од Фатос Баџаку. Весник „Македониум“ (македонски)