Преспа (општина)

општина во Леринскиот округ, Егејска Македонија
Општина Преспа
Δήμος Πρεσπών

Општина Преспа
на картата на Западна Македонија

Стари куќи во с. Герман
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Лерин
Гео. област: Долна Преспа
Население: 2.180 (2021)
Седиште: Р’мби
Нас. места: 20
Пошт. бр.: 530 77
Пов. бр.: 23850-51
Портал: prespes.gr

Преспа (грчки: Δήμος Πρεσπών, Димос Преспон) — општина в западниот дел Егејска Македонија, денес во Грција. На север се граничи со Општина Ресен (Р. Македонија), на запад со областа Горица (Албанија), а на југ и запад со окрузите Костур и Лерин. Административен центар е селото Р’мби (денес Лемос).

Населени места уреди

 
Етничка карта на Општина Преспа

Општината Преспа е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на две стари административни единици — општината Преспа и општинската целина Смрдеш. Важи за планинска општина.[1]

Општинска единица Преспа уреди

Општинската единица Преспа е сместена на територијата на историско-географската област Голема Преспа (дел од Долна Преспа), која во Грција денес се нарекува само Преспа (Πρέσπες, Преспес). Во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места:

 
Поранешната општина Преспа на картата на некогашниот округ Лерин.
 
Песодер во периодот од 1903 до 1912 г.
  • Општински оддел Р’мби
  • село Р’мби (Р’би, Раби или Роби; Λαιμός, Лемос)
  • село Медово (Μηλιώνα, Милиона)
  • Општински оддел Ахил
  • село Ахил (Άγιος Αχίλλειος, Агиос Ахилиос)
  • село Винени (Πύλη, Пили)
  • Општински оддел Герман
  • село Герман (Άγιος Γερμανός, Агиос Германос)
  • Општински оддел Граждано
  • село Граждано (или Граждено; Βροντερό, Врондеро)
  • Општински оддел Желево
  • село Желево (Ανταρτικό, Андартико)
  • село Оштима (Ошчима или Осчима; Τρίγωνο)
  • Општински оддел Л’нки
  • село Л’нки (Л’нги, Л’к или Лок; Μικρολίμνη, Микролимни)
  • Општински оддел Нивици
  • Општински оддел Оровник
  • Општински оддел Песодер
  • село Песодер (или Писодер; Πισοδέρι, Писодери)
  • Општински оддел П’пли
  • село П’пли (Λευκώνας, Левконас)
  • Општински оддел Рудари
  • Општински оддел Трново
  • село Трново (Трнаа или Трнава; Πράσινο, Прасино)
  • Општински оддел Штрково

На територијата на општинската единица има и неколку села кои денес немаат постојано население или се во рушевини:

Општинска единица Смрдеш уреди

 
Поранешната општина Смрдеш на картата на некогашниот округ Лерин.

Општинската единица опфаќа три села од областа Корешта, кои традиционално се сметаат за костурски, а не лерински. Општинската единица Смрдеш е со седиште во с. Смрдеш (Кристалопиги).

  • Општински оддел Смрдеш
  • село Смрдеш (Κρυσταλλοπηγή, Кристалопиги)
  • Општински оддел Брезница
  • Општински оддел Рулја

На територијата на општинската единица се наоѓало и иселеното село В’мбел (Мосхохори), кое административно се води како дел од Смрдеш.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.

Надворешни врски уреди