Пустец

село во Албанија

Пустец (албански: Pustec; до 2013 г. Liqenas, Лиќенас) — село и општина во Мала Преспа, Албанија, во рамките на областа Горица (Корча) со македонско население.

Пустец
Pustec / Liqenas
општина
Карта на Општина Пустец со сите населени места
Карта на Општина Пустец со сите населени места
Знаме на ПустецАмблем на Пустец
Амблем
Пустец is located in Албанија
Пустец
Пустец
Координати: 40°47′13″N 20°54′08″E / 40.78694° СГШ; 20.90222° ИГД / 40.78694; 20.90222Координати: 40°47′13″N 20°54′08″E / 40.78694° СГШ; 20.90222° ИГД / 40.78694; 20.90222
Земја Албанија
ОбластГорица
ОпштинаПустец
Надм. вис.&10000000000000861000000861 м
Население (2013)
 • Вкупно3.500[1]
Рег. таб.KO

Географија и местоположба уреди

 
Панорама на Пустец

Пустец e село во Република Албанија и административен центар на Општина Пустец (Opshtina Pustec), која од 1973 до 2013 г. се нарекувала Лиќенас (Komuna Liqenas) и се наоѓа во јужниот дел на областа Мала Преспа на брегот на Преспанското Езеро. Градоначалник на општината е Едмонд Темелко (победник на изборите одржани на 18 февруари 2007), а сите членови на советот на општината се исто така етнички Македонци. Грбот на општината го содржи древниот македонски симбол Ѕвезда од Кутлеш над кое стои натпис на македонски Општина Пустец, а под него на албански. Тоа е всушност прв случај на официјална употреба на македонскиот јазик во Албанија.

Во атарот на Пустец се наоѓа островот Мал Град.

Топонимија уреди

Во атарот на Пустец се познати следниве позначајни топоними:[2]

Апстара, Арапица, Бабите, Башите, Божурките, Брекина, Варниците, Габро, Гапче, Гола Чука, Голина, Горица, Граци, Грашишта, Гробишник, Гуалник, Ѓуптино, Дебелес, Долимано, Доличките, Долно Родостински, Долчето, Драгва Нива, Дрен, Дрмељ, Змија, Иљојте, Јамите, Јамје, Јарината, Калаузо, Колиња, Кољојца, Коријата, Косто Дол, Кравите, Л’ка, Ливадата, Магур, Мал Град, Мали Магур, Мали Манстир, Мечката, На Кол, На Поле, Над Камен, Новото, Патеш, Плошта, Прливец, Пустец, Рачара, С’ржејнца, Секоите, Сината Нива, Скапецот, Смокоите, Сопот, Стари Кладенец, Сува Гора, Точкојца, Улјајнца, Цероите, Чежмите, Шантајца.

Села во општината уреди

 
Карта со населени места на Општина Пустец

Општина Пустец ги опфаќа следниве села:

Историја уреди

Во селото постои цркваСв. Архангел Михаил“ изградена во 1754 година.

Стопанство уреди

Економската состојба во селото и целиот крај е катастрофална. Само 5% од жителите се вработени, а населението главно се занимава со земјоделство, риболов, сточарство и продавање на разна стока на пазарите во поголемите градови во Македонија и Албанија.

Демографија уреди

 
Двојазична табла во Пустец

Во 1900 година според Васил К’нчов селото броело 410 православни Македонци[3]. Во селото денес живеат околу 3.500 жители[1] од кои над 99 % се Македонци.

Година Население
1900 410
1926 515
1945 565
1960 697
1969 788
1979 941
1989 1.035
2000 1.120
2013 3.500

Родови уреди

Пустец е македонско село.

Родови во селото се: Аговци, Бачиновци, Бојковци, Вељановци, Ватиовци (Ѓоргијовци), Вангеловци, Волкановци, Главчевци (доселени се од Церје во 1976 година), Дамовци, Дуровци, Ѓавовци, Журковци, Ѕрлевци, Јоновци, Колевци, Кољаковци, Малевци (доселени од Глобочани), Митревци, Мренкаровци, Наумовци, Ничовци, Пашкаловци, Поповци, Постоличините, Сотировци (доселени од Церје), Ставревци, Трајковци (доселени од Церје), Тенковци, Таневци, Трајановци, Цазовци, Џељовци и Ушкаровци.[4]

Општествени установи уреди

 
Црквата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец
 
Стара слика на руска полска црква во Пустец.

Во селото работат основно и средно училиште, а овозможено е образование на македонски јазик само до четврто одделение. Во рамките на училиштето во Пустец постои и библиотека со огромен фонд на книги на македонски јазик.

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Збратимени општини уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Nga Liqenas në Pustec, PD rikthen propozimin e katër viteve më parë“. 12 март 2013. Text " Gazeta SHQIP Online" ignored (help)
  2. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 491–497. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Јовановски, Владо (2016). Населбите во Преспа. Скопје.

Надворешни врски уреди