Вилијам Трост-Еконг

Вилијам Трост-Еконг (роден на 1 септември 1993 година, во Харлем) — нигериски фудбалер роден во Холандија, играч од одбраната на ПАОК и на нигериската репрезентација.

Вилијам Трост-Еконг
Лични податоци
Полно име Вилијам Пол Трост-Еконг
Роден на 1 септември 1993(1993-09-01)(31 г.)
Роден во Харлем, Холандија
Држава Нигерија Нигерија
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ПАОК ПАОК
Број 15
Младинска кариера
Фулам Фулам
Тотенхем Тотенхем
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2015 Гронинген Гронинген 2 (0)
2014-2015Дордрехт Дордрехт 32 (0)
2015-2017 Гент Гент 3 (0)
2015-2016Хаугесунд Хаугесунд 37 (3)
2017-2018 Бурсаспор Бурсаспор 28 (3)
2018-2020 Удинезе Удинезе 65 (0)
2020-2023 Вотфорд Вотфорд 64 (2)
2023Салернитана Салернитана 9 (1)
2023- ПАОК ПАОК 10 (0)
Репрезентација
2011 Холандија Холандија 19 1 (0)
2013 Холандија Холандија 20 2 (0)
2016 Нигерија Нигерија 23 6 (0)
2015- Нигерија Нигерија 69 (5)
* Ажурирано на: 23 април 2021
** Ажурирано на: 23 април 2021

Роден во Холандија, тој е од мешано холандско и нигериско семејство, па имал право да игра за двете земји на репрезентативно ниво. И покрај тоа што играл за младите селекции на Холандија, во 2015 година тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на Нигерија и оттогаш е стандарден репрезентативец на оваа земја.

Биографија

уреди

Билијам Трост-Еконг е роден во Харлем, Холандија, од мајка холанѓанка, Елеанор Трост и татко нигериец. Тој има сестра и брат, Емили и Еверест. Вилијам израснал во Харлем, и потоа во Лондон каде учел средно училиште, но летата ги поминувал во Лагос каде што татко му се вратил по разводот со неговата мајка.[1] Тој започнал да игра фудбал за време на периодот кога престојувал во Англија.

Технички карактеристики

уреди

Централен одбранбен играч многу силен физички и добар во играта во воздухот, тој е вешт во одбранбени зафати и во поставување на маневри.[2]

Клупска кариера

уреди

Својата кариера ја започнал во Англија каде играл во младинските категории на Фулам и Тотенхем,[3] пред да се врати во Холандија каде дебитирал како сениор играјќи за Гронинген и Дордрехт.[4][5]

Откако бил поврзан со трансфер во многу екипи меѓу кои и Селтик,[3] тој потпишал за белгискиот клуб Гент во јули 2015 година и веднаш бил позајмен на норвешкиот клуб Хаугесунд.[6] Во норвешката екипа, тој се покажал како многу значаен играч за клубот помагајќи му да обезбеди опстанок во неговата прва сезона. Во февруари 2016, тој бил назначен за капитен на Хаугесунд и го водел својот тим до четвртата позиција во првенството на крајот на сезоната и пласман во Лигата на Европа.

Во јануари 2017, Трост-Еконг се вратил во Гент, но откако не успеал да се избори за поголема минутажа бил продаден на турската екипа Бурсаспор во јули истата година.[7] Во Турција се задржал само една сезона во која на 27 натпревари во првенството постигнал 2 гола.

На 17 август 2018, Трост-Еконг станал нов играч на екипата на Удинезе,[8][9] со која дебитирал во италијанската Серија А само два дена подоцна во ремито 2-2 против Парма. Во двете сезони поминати во дресот на Зебрете под водството на Лука Готи, тој бил стандарден првотимец забележувајќи 65 настапи за клубот и помагајќи му да оствари некој незаборавни победи како оние над Милан и Јувентус.

На 29 септември 2020, Трост-Еконг потпишал петгодишен договор со екипата на Вотфорд.[10] Тој го постигнал својот прв гол за стршлените во победата со 3–2 над Ковентри Сити на 7 ноември 2020 година.[11] Во својата прва сезона во клубот, со 32 настапи и 1 гол во првенството, тој му помогнал на Вотфорд да избори промоција во Премиер лигата за следната сезона.

На 24 јануари 2023 година, Трост-Еконг се преселил во Салернитана на позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.[12] Дебитирал три дена подоцна во победата на гостувањето кај Лече. На 27 мај 2023, го постигнал својот прв гол во Серија А во својата кариера, во победата на Салернитана со 3-2 над неговиот поранешен клуб Удинезе.[13][14]

Во летото 2023, Трост-Еконг потпишал за грчкиот клуб ПАОК.

Репрезентативна кариера

уреди
 
Трост-Еконг со Нигерија во 2017 против Аргентина.

И покрај тоа што ја претставувал Холандија во селекциите под 19 и под 20 години,[3] Трост-Еконг сепак одбрал да ја претставува Нигерија.

Своето деби за Super Eagles го направил на 13 јуни 2015, играјќи 90 минути во квалификациите за Африканскиот куп на нации против Чад.[15]

Тој направил три настапи за сениорската екипа, пред да биде повикан во Нигериската олимписка репрезентација за Летните олимписки игри 2016 во Рио.[16]

Во јуни 2018, тој бил повикан во 23-члениот состав на Нигерија за Светското првенство 2018 во Русија.[17] Ги одиграл сите три натпревари на својата земја во групната фаза.

Во април 2019, тој изјавил дека играњето за Нигерија била "неговата најдобра одлука во животот".[18] Во јуни 2019, тој бил повикан да ја претставува Нигерија на Африканскиот куп на нации,[19] каде тој го постигнал победничкиот гол против Јужна Африка во 89-тата минута овозможувајќи и на својата репрезентација да мине во полуфиналето и на крајот да го освои третото место.

На почетокот на 2022 година, тој повторно бил повикан од својата земја да учествува на Африканскиот куп на нации, за вторпат во својата кариерата. На 19 јануари 2022, тој го постигнал вториот погодок за Нигерија во победата со 2-0 над Гвинеја-Бисао, помагајќи им на Super Eagles да го освојат првото место во групата со максимален број на бодови. Сепак, нивниот пат завршил веќе во следната фаза, кога биле совладани со 1-0 од Тунис во осминафиналето.

По неуспехот на Нигерија да се пласира на Светското првенството 2022, Трост-Еконг бил повикан за следното натпреварување на кое учествувале Super Eagles, Африканскиот куп на нации 2023 во Брегот на Слоновата Коска. Во вториот натпревар од групата, тој постигнал гол од пенал за победа на Нигерија над домаќинот со 1-0.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Нигерија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
13-6-2015 Кадуна Нигерија   2 – 0   Чад Квал. за АФКОН 2017 -
5-9-2015 Дар ес Салам Танзанија   0 – 0   Нигерија Квал. за АФКОН 2017 -
8-10-2015 Визе Нигерија   0 – 2   Конго Пријателска -
27-5-2016 Ле Пети-Кевији Нигерија   1 – 0   Мали Пријателска -
31-5-2016 Луксембург Луксембург   1 – 3   Нигерија Пријателска -   70'
3-9-2016 Ујо Нигерија   1 – 0   Танзанија Квал. за АФКОН 2017 -
9-10-2016 Ндола Замбија   1 – 2   Нигерија Квал. за СП 2018 -
12-11-2016 Ујо Нигерија   3 – 1   Алжир Квал. за СП 2018 -
23-3-2017 Лондон Нигерија   1 – 1   Сенегал Пријателска -
1-6-2017 Saint-Leu-la-Forêt Нигерија   3 – 0   Того Пријателска -
10-6-2017 Ујо Нигерија   0 – 2   Јужна Африка Квал. за АФКОН 2019 -
1-9-2017 Ујо Нигерија   4 – 0   Камерун Квал. за СП 2018 -
4-9-2017 Јаунде Камерун   1 – 1   Нигерија Квал. за СП 2018 -
7-10-2017 Ујо Нигерија   1 – 0   Замбија Квал. за СП 2018 -
10-11-2017 Константин Алжир   1 – 1   Нигерија Квал. за СП 2018 -
14-11-2017 Краснодар Аргентина   2 – 4   Нигерија Пријателска -
23-3-2018 Вроцлав Полска   0 – 1   Нигерија Пријателска -  
27-3-2018 Лондон Нигерија   0 – 2   Србија Пријателска -
28-5-2018 Порт Харкурт Нигерија   1 – 1   ДР Конго Пријателска 1
2-6-2018 Лондон Англија   2 – 1   Нигерија Пријателска -
6-6-2018 Швехат Нигерија   0 – 1   Чешка Пријателска -
16-6-2018 Калининград Хрватска   2 – 0   Нигерија СП 2018 - Прва фаза -   70'
22-6-2018 Волгоград Нигерија   2 – 0   Исланд СП 2018 - Прва фаза -
26-6-2018 Санкт Петербург Нигерија   1 – 2   Аргентина СП 2018 - Прва фаза -
13-10-2018 Кадуна Нигерија   4 – 0   Либија Квал. за АФКОН 2019 -   84'
16-10-2018 Сфакс Либија   2 – 3   Нигерија Квал. за АФКОН 2019 -
17-11-2018 Јоханесбург Јужна Африка   1 – 1   Нигерија Квал. за АФКОН 2019 -
20-11-2018 Асаба Нигерија   0 – 0   Уганда Пријателска -   46'
23-3-2019 Асаба Нигерија   3 – 1   Сејшели Квал. за АФКОН 2019 -
26-3-2019 Асаба Нигерија   1 – 0   Египет Пријателска -  
8-6-2019 Асаба Нигерија   0 – 0   Зимбабве Пријателска -   46'
16-6-2019 Исмаилија Сенегал   1 – 0   Нигерија Пријателска -
22-6-2019 Алесандрија Нигерија   1 – 0   Бурунди АФКОН 2019 - Прва фаза -
30-6-2019 Алесандрија Мадагаскар   2 – 0   Нигерија АФКОН 2019 - Прва фаза -
6-7-2019 Алесандрија Нигерија   3 – 2   Камерун АФКОН 2019 - Осминафинале -
10-7-2019 Каиро Нигерија   2 – 1   Јужна Африка АФКОН 2019 - Четвртфинале 1
14-7-2019 Каиро Алжир   2 – 1   Нигерија АФКОН 2019 - Полуфинале -
17-7-2019 Каиро Тунис   0 – 1   Нигерија АФКОН 2019 - за 3. место -
10-9-2019 Днипропетровск Украина   2 – 2   Нигерија Пријателска -   87'
13-10-2019 Сингапур Бразил   1 – 1   Нигерија Пријателска -  
13-11-2019 Ујо Нигерија   2 – 1   Бенин Квал. за АФКОН 2021 -  
17-11-2019 Масеру Лесото   2 – 4   Нигерија Квал. за АФКОН 2021 -  
9-10-2020 Клагенфурт Нигерија   0 – 1   Алжир Пријателска -     27'
13-11-2020 Бенин Сити Нигерија   4 – 4   Сиера Леоне Квал. за АФКОН 2021 -
17-11-2020 Фритаун Сиера Леоне   0 – 0   Нигерија Квал. за АФКОН 2021 -
27-3-2021 Котону Бенин   0 – 1   Нигерија Квал. за АФКОН 2021 -
30-3-2021 Абеоукта Нигерија   3 – 0   Лесото Квал. за АФКОН 2021 -     90'
4-6-2021 Винер Нојштат Нигерија   0 – 1   Камерун Пријателска -     90'
3-9-2021 Лагос Нигерија   2 – 0   Либерија Квал. за СП 2022 -  
7-10-2021 Лагос Нигерија   0 – 1   Централноафриканска Реп. Квал. за СП 2022 -
10-10-2021 Банги Централноафриканска Реп.   0 – 2   Нигерија Квал. за СП 2022 -
13-11-2021 Монровија Либерија   0 – 2   Нигерија Квал. за СП 2022 -  
16-11-2021 Лагос Нигерија   1 – 1   Зелен ’Рт Квал. за СП 2022 -  
11-1-2022 Гаруа Нигерија   1 – 0   Египет АФКОН 2021 - Прва фаза -  
15-1-2022 Гаруа Нигерија   3 – 1   Судан АФКОН 2021 - Прва фаза -  
19-1-2022 Гаруа Гвинеја-Бисао   0 – 2   Нигерија АФКОН 2021 - Прва фаза 1  
23-1-2022 Гаруа Нигерија   0 – 1   Тунис АФКОН 2021 - Осминафинале -  
25-3-2022 Кумаси Гана   0 – 0   Нигерија Квал. за СП 2022 -  
29-3-2022 Абуџа Нигерија   1 – 1   Гана Квал. за СП 2022 1  
28-5-2022 Арлингтон Мексико   2 – 1   Нигерија Пријателска -     56' (авт.)
3-6-2022 Харисон Еквадор   1 – 0   Нигерија Пријателска -  
9-6-2022 Абуџа Нигерија   2 – 1   Сиера Леоне Квал. за АФКОН 2023 -     82'
17-11-2022 Лисабон Португалија   4 – 0   Нигерија Пријателска -  
8-1-2024 Абу Даби Гвинеја   2 – 0   Нигерија Пријателска -  
14-1-2024 Абиџан Нигерија   1 – 1   Екваторска Гвинеја АФКОН 2023 - Прва фаза -  
18-1-2024 Абиџан Брег на Слоновата Коска   0 – 1   Нигерија АФКОН 2023 - Прва фаза 1  
27-1-2024 Абиџан Нигерија   2 – 0   Камерун АФКОН 2023 - Осминафинале -  
2-2-2024 Абиџан Нигерија   1 – 0   Ангола АФКОН 2023 - Четвртфинале -  
Вкупно Настапи 69 Голови 5

Статистика на кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 21 јануари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-јан. 2014   Гронинген ЕД 2 0 КХ 0 0 - - - - - - 2 0
јан.-јун. 2014   Дордрехт ЕД 10+1[20] 0 КХ - - - - - - - - 11 0
2014-2015 ЕД 22 0 КХ 1 0 - - - - - - 23 0
Вкупно Дордрехт 32+1 0 1 0 - - - - 34 0
јул.-дек. 2015   Хаугесунд Е 13 0 КН - - - - - - - - 13 0
2016 Е 24 3 КН 4 1 - - - - - - 28 4
Вкупно Хаугесунд 37 3 4 1 - - - - 41 4
јан.-јун. 2017   Гент ПЛ 3+5[20] 0 КБ - - ЛЕ 0 0 - - - 8 0
2017-2018   Бурсаспор СЛ 27 2 КТ 4 0 - - - - - - 31 2
јул.-авг. 2018 СЛ 1 1 КТ - - - - - - - - 1 1
Вкупно Бурсаспор 28 3 4 0 - - - - 32 3
2018-2019   Удинезе А 35 0 КИ - - - - - - - - 35 0
2019-2020 А 30 0 КИ 1 0 - - - - - - 31 0
Вкупно Удинезе 65 0 1 0 - - - - 66 0
2020-2021   Вотфорд ФЛЧ 32 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 33 1
2021-2022 ПЛ 17 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 18 0
2022-јан. 2023 ФЛЧ 15 1 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 - - - - - - 17 1
Вкупно Вотфорд 64 2 4 0 0 0 - - 68 2
јан.-јун. 2023   Салернитана А 9 1 КИ - - - - - - - - 9 1
2023-2024   ПАОК ГСЛ 0 0 КГ 0 0 ЛК 0 0 - - - 0 0
Вкупно во кариерата 245 9 14 1 0 0 - - 259 10

Наводи

уреди
  1. Alex Cizmic (16 октомври 2019). „La favola di Troost-Ekong, il gigante multietnico della difesa“. Avvenire.
  2. „William Paul Ekong è bianconero“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Celtic eye Groningen defender William Troost-Ekong“. The Scotsman. 12 March 2015. Посетено на 28 July 2015.
  4. Вилијам Трост-Еконг на soccerway. Посетено на 28 July 2015.
  5. „Profile“ (холандски). Voetbal International. Архивирано од изворникот на 2014-07-07. Посетено на 28 July 2015.
  6. Oluwashina Okeleji (28 July 2015). „Nigerian defender William Troost-Ekong joins Gent“. BBC Sport. Посетено на 28 July 2015.
  7. „Bursaspor Kulübü Resmi İnternet Sitesi“. www.bursaspor.org.tr (турски). Посетено на 8 July 2017.
  8. „Calciomercato Udinese, Troost-Ekong nuovo difensore: è ufficiale | Goal.com“. Посетено на 28 август 2018.
  9. „Calciomercato Udinese, presentato Troost-Ekong: «Naturale per me essere un leader»“. Посетено на 28 август 2018.
  10. „Troost-Ekong Joins Watford“. MySportDab. 30 September 2020. Посетено на 30 September 2020.
  11. „Watford 3-2 Coventry“. BBC. 7 November 2020. Посетено на 7 November 2020.
  12. Adetunji, Joshua (24 January 2023). „Troost-Ekong confirms Watford departure“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2023-01-24.
  13. „Salernitana - Udinese (3-2) Serie A 2022“. la Repubblica. Посетено на 2023-05-27.
  14. „L'Udinese scappa, la Salernitana la ribalta al 96' col gol dell'ex Troost Ekong“ (италијански). La Gazzetta dello Sport. 2023-05-27. Посетено на 2023-05-27.
  15. Предлошка:Nft/code
  16. Oluwashina Okeleji (24 June 2016). „Kelechi Iheanacho included in Nigeria's Olympics squad“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2016.
  17. Crawford, Stephen (4 June 2018). „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists“. Goal. Посетено на 16 July 2019.
  18. „William Troost-Ekong: 'Playing for Nigeria best decision ever'. BBC Sport. 6 April 2019.
  19. „Nigeria: Super Eagles' Team List for Afcon 2019“. Vanguard (Nigeria). All Africa. 11 June 2019. Посетено на 21 July 2019.
  20. 20,0 20,1 Nei play-off.

Надворешни врски

уреди