Банги
Банги е главен и најголем град во Централноафриканската Република. Мнозинството од населението на оваа република живее во западните делови од државата, близу Банги.
Банги | |
---|---|
![]() | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Central African Republic" nor "Шаблон:Location map Central African Republic" existsЛокација на Банги во ЦАР | |
Координати: 4°22′N 18°35′E / 4.367° N; 18.583° EКоординати: 4°22′N 18°35′E / 4.367° N; 18.583° E | |
Држава | ![]() |
Основан | 1889 |
Површина | |
• Вкупна | 67 км2 (26 ми2) |
Надм. вис. | 369 м |
Население (2012)[1] | |
• Вкупно | 734.350[1] |
Банги се наоѓа на северните брегови на реката Убанги, по серија од брзаци кои го ограничуваат водениот сообраќај. Реката Убанги свртува остро на југ под Банги и се влева во реката Конго, јужно од екваторот близу Бразавил, како една од главните северни притоки. Реката ја обележува границата помеѓу Централноафриканската Република и Демократската Република Конго. Конговскиот град Зонго е сместен на спротивната страна од Банги, на другиот брег од реката.
Градскиот центар лежи близу реката и во него се наоѓаат големата триумфална арка посветена на Бокаса, Претседателската Палата и централниот маркет.
Банги бил основан во 1889 година во она што тогаш било француска колонија Горен Убанги, подоцна преименувана во Убанги-Шари, дел на Француска Екваторска Африка.
Универзитетот во Банги, основан во 1970 година има околу 2900 студенти и го монополизира неземјоделското факултетско образование во Централноафриканската Република.