Археозоологија

(Пренасочено од Зооархеологија)


Археозоологија — научна дисциплина која ги проучува остатоците од животни на археолошките наоѓалишта.

Египетска мумија на куче и прегледи на предниот дел и профилот.

Археозоологијата или зооархеологија е студија на остатоци од животни од наоѓалишта — коска, заби, рогови, слонова коска, влакна, лушпи, и школки. Археозоолозите се интересираат за односите меѓу луѓето и животните во минатото, проучувајќи разни видови на животни кои ги вклучуваат цицачите, птиците, рибите, рептилите и влекачите, како и школки и други без‘рбетници. Коските не се секогаш присутни на археолошките наоѓалишта, што зависи од условите како се зачувувале, и најчесто само по некоја коска или делови од коски можат доволно добро да бидат зачувани за археозоологот да може да ги проучува.

Овој тип на анализа овозможува од една страна да го увидиме меѓусебниот односот на човекот и животните, а од друга страна да се запознаеме со економиите на древните заедници. Преку добиените податоци може да се утврди составот и видовите на животни кои ги ловел човекот, почетокот на припитомувањето, начинот на експлоатација на животните врз основа на остатоците од нивните скелети пронајдени во наоѓалиштето и др.

Археозоолозите одговараат на прашања за тоа дали животните биле истерани, ловени или одгледувани, за тоа како биле колени, колку месото придонело за исхраната, кога животните умирале, и секакопроцесот на нивното припитомување. Студиите за фауна во наоѓалиштата конкретно, можат да покажат за тоа кои животни биле ловени и јадени и во колкав однос. Тоа дава даваат информација за сезоната на користење на наоѓалиштето или за времето на ловење на животните.

Археозоологија и сродни науки

уреди

Како што покажува самото име на оваа наука, археозоологија во своите проучувања се поклопува со други области и науки. Тие вклучуваат:

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди