Дендрохронологија
Дендрохронологија — високопроцентен метод за датирање кој во одредени случаи обезбедува и апсолутно и релативно датирање. Идејата за дендрохронологија била развиена во раниот 20 век од Ендрју Етликот Даглас, астроном во опсерваторијата во Флагстав, Аризона, како резултат на неговата работа со сончевите дамки и копнената клима.
Овој метод е исто така познат и како датирање со помош на годови од дрвото, кој е заснован на фактот дека сите живи расенија си додаваат годишен животен прстен на нивното стебло и гранки. Големината и карактерот на годот варира од година во година во зависност од климатските услови т.е. генерално климата. Во посуви години годовите се потенки, додека во повлажни се релативно дебели. Растенијата од ист вид со слична старост кои живеат во ист регион покажуваат слични шеми на нивните годови.
Со анализа на растенијата и дрвата чиишто животен век се поклопува, може да се создаде урнек за годовите за одреден регион. Подоцна кога ќе се најде парче на дрво кое е со непозната старост во истиот регион, неговите годови можат да се споредат со оние на главниот урнек и да се востанови неговата старост.
Поврзано
уредиОваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |