Археометрија
Археометрија е збир од физички и хемиски методи кои во археологијата се применуваат за одредување на староста и составот на материјалот. Опфаќа геофизички методи кои се користат за проспекција на археолошки наоѓалишта и објекти: магнетометриски мерења и мерења на електричниот отпор на погребните структури (метални предмети, материјали кои гореле, јами и ровови исполнети со органска материја, ѕидови и гробници). Потоа хемиски и геохемиски методи за одредување на составот на материјалот, како и физичко-хемиски методи за датирање.
Најголемата база за извор на врски поврзани со археометријата е ArchNet Архивирано на 16 јули 2007 г., т.е.WWW Virtual Library of Archaeology, каде можат да се најдат релевантни врски за археометријата, подредени според извори, почнувајќи од установи, области и континенти.
Проект - Македонска лабораторија за археометрија
уредиОвој проект беше долго спреман и најавуван. Носител е Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во моментов работат со еден од најновите модели на инструменти т.н. микрорамански спектрометар, со чија помош може да се анализираат пигменти користени во средновековното фрескосликарство, како и неолитска и византиска керамика.
Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Надворешни врски
уреди- Зголемување на истражувачките капацитети на лабораторијата за археометрија на Институтот за хемија при ПМФ - FP6 проект финансиран од страна на европската унија Архивирано на 20 ноември 2008 г.
- Интернет база за археометрија Архивирано на 8 август 2007 г.
- Македонија доби лабораторија за археометрија Архивирано на 10 октомври 2007 г.
- Европа ја поддржува соработката за византиското наследство Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Промовиран проект за археометрија