Зборот „тумба“ на македонски означува извишување на тлото над регуларното ниво, во помали мери. Најчесто се користи да се опише некој понизок рид кој е стрмен, но со помала површина и се издигнува сред некоја рамнина или во длапка меѓу два поголеми рида и сл. Слични поими се: рид, брдо, грпка.