Мост
градба изградена за да премости физички препреки
Мостот е конструкција изградена за премостување на природните и вештачките препреки. Целта на мостот е да овозможи преминување на луѓе, коли, возови итн. Мостот може да биде направен од различни материјали. Првите мостови биле правени од дрво.

Градењето на мостови започнало уште во далечната древност и го следело развојот на општеството и напредокот во различните области на техниката. Првите мостови биле всушност паднати дрвја над потоци коешто било употребено како идеја за градење на дрвени мостови, а во понатамошниот развој се граделе мостови и од камен, а потоа и од метални конструкции.
Еден од најпознатите мостови во Македонија е Камениот мост во Скопје.
Мостот како тема во уметноста и во популарната култура Уреди
Мостот како тема во книжевноста Уреди
- „По мостовите“ - песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.[1]
- „Мостот на Жепа“ (српски: Most na Žepi) - расказ на југословенскиот писател Иво Андриќ.[2]
- „Деветстотини деведесет и осум пати“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[3]
- „Мост“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[4]
- „Еленот и мостот“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[5]
- „Радин мост“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[6]
- „Мост“ - песна на францускиот поет Виктор Иго.[7]
- „Мостот“ — поема на македонскиот поет Блаже Конески.[8]
- „Бруклинскиот мост“ (руски: Бруклинскиҋ мост) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1925 година.[9]
- „Мајсторот и мостот“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[10]
- „Камениот мост“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1944 година.[11]
- „Лондонскиот мост“ - книга на францускиот писател Луј-Фердинанд Селин од 1964 година.[12]
- „Мост“ - песна на полскиот поет Леополд Стаф.[13]
- „Луѓе на мостот“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[14]
Мостот како тема во музиката Уреди
- „Мостот преку немирната вода“ (Bridge Over Troubled Water) - песна од истоимениот албум на американското дуо Пол Сајмон и Арт Гарфанкел од 1970 година.[15]
- „Мост“ - песна на македонската музичка група „Анастасија“ од 1998 година.[16]
- „Мост ми ѕидаа девет мајстори“ - фолк песна на Васка Илиева.[17]
Наводи Уреди
- ↑ Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ „Most na Žepi“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 68-75.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 158.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 16.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 140-142.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 152-155.
- ↑ Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 72.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 17-28.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 143-147.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 69.
- ↑ „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
- ↑ Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći. Beograd: LOM, 2019.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 22.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 256-257.
- ↑ YouTube, Bridge Over Troubled Water ~~~~~ Simon and Garfunkel (пристапено на 4.3.2108)
- ↑ DISCOGS Anastasia (3) – Nocturnal (пристапено на 10.6.2018)
- ↑ Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, 2006.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |