Википедија:Избрана слика/2016/октомври

2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец октомври 2016 година.


1 октомври 2016 2 октомври 2016

Вулканот Хверфјадл во подрачјето на Миватн, северен Исланд — редок пример за туфен прстенест вулкан. Кратерот е со пречник од 1 км.

Флорината фонтана во Мумбај, Индија.
3 октомври 2016 4 октомври 2016

Базиликата „Св. Франциск Асишки“ во Асизи, Италија.

Трпезарија на цистерцитскиот манастир „Пресв. Богородица Нивска“ (Санта Марија де Уерта) во Кастиља и Леон, Шпанија.
5 октомври 2016 6 октомври 2016

Зајдисонце на барата Едлертајх кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Цевчести црви од видот Caenorhabditis elegans во чии во неврони е ставена зелена флуоресцентна белковина за нагледност на невронскиот развој. Талински технички универзитет.
7 октомври 2016 8 октомври 2016

Светлински траги од панорамското тркало „Викторкирмес“ во Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Соленото езеро Зелена Лагуна (Лагуна Верде) на југот на висорамнината Алтиплано. Боливија, близу границата со Чиле.
9 октомври 2016 10 октомври 2016

Оргули и розетен прозорец во Богородичната црква во Лан, Пикардија, Франција.

Кубански зелен клукајдрвец (Xiphidiopicus percussus percussus, женка).
11 октомври 2016 12 октомври 2016

Магловита бара на реката Томашпилка во мугри. Комаргород, Виничка област. Украина.

Земен бумбар (bombus terrestris) на лаванда.
13 октомври 2016 14 октомври 2016

Људгеровиот дом (лево), Епархиската библиотека (десно) и црквата „Пресв. Богородица Прекуводна“ (Ибервасеркирхе) во позадината во градот Минстер, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Гејзер на геотермалното поле Ел Татио на Андите во северно Чиле, близу границата со Боливија. На висина од 4.320 м ова е едно од највисоките геотермални полиња во светот.
15 октомври 2016 16 октомври 2016

Санта во резерват на Земјата на Франц Јосиф, Архангелска област, Русија.

Сурфање на стоен бран на рекичката Ајсбах, ракав на Изар кој тече низ Англиската градина во Минхен.
17 октомври 2016 18 октомври 2016

Шума во природниот парк Меникуно, Естонија.

Црквата „Пресв. Богородица Африканска“ во градот Сеута, шпанска ексклава на северното крајбрежје на Африка.
19 октомври 2016 20 октомври 2016

Водопадот Селфос на реката Јекилсау ау Фједлим, северен Исланд. Реката паѓа скалесто, па на крајот завршува во Северноледениот Океан.

Дината над градот Икике во регионот Тарапака, северно Чиле. Долга е 6.4 км, широка е 150-550, а висока 320 м.
21 октомври 2016 22 октомври 2016

Салата „Темподром“ во Кројцберг, Берлин.

Андски фламинга (Phoenicoparrus andinus) во соленото езеро Лагуна Едионда, југозападна Боливија.
23 октомври 2016 24 октомври 2016

Планинарски дом на подножјето на планината Росцене во состав на Доломитите во Јужен Тирол, Италија.

Згради на Потсдамскиот плоштад во Мите, Берлин.
25 октомври 2016 26 октомври 2016

Примерок од минијатурно ждребе запазен со сушење.

Предел кај Нескејпстадир, источен Исланд.
27 октомври 2016 28 октомври 2016

Воз низ солницата Аскотан, југозападна Боливија.

Зимски поглед на реката Ахја, Естонија.
29 октомври 2016 30 октомври 2016

Безграничен базен во луксузно одморалиште на Маврициус.

Таванскиот живопис Откровение Јованово во црквата на Алтенбуршката опатија, Долна Австрија. Насликал: Паул Трогер во 1733 г.
31 октомври 2016

Златен орел (Aquila chrysaetos) во Аркос де ла Фронтера, јужна Шпанија.

Функција уреди

  • Избрана слика на главната страница за месец октомври 2016 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за позиционирање на слика лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот