Дилмен

град и општина во Северна Рајна-Вестфалија, Германија

Дилмен (германски: Dülmen) — општина во округот Косфелд, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Дилмен
Градскиот дом и плоштадот
Градскиот дом и плоштадот
Грб на Дилмен
Дилмен is located in Германија
Дилмен
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Минстер
Округ Косфелд
Град единици 7
Градоначалник Елизабет Штремлау (СДП)
Основни податоци
Површина 184,49 км2
Надм. височина 46 - 150 м
Население 46.657 (31 декември 2019)[1]
 - Густина 253 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. COE
Пошт. бр. 48249
Повик. бр. 02594
Портал duelmen.de
Местоположба на град Дилмен во рамките на округот Косфелд
Карта
Координати 51°49′51″N 7°16′42″E / 51.83083° N; 7.27833° E / 51.83083; 7.27833Координати: 51°49′51″N 7°16′42″E / 51.83083° N; 7.27833° E / 51.83083; 7.27833

ГеографијаУреди

Сместена е во јужниот дел на Минстерскиот крај, помеѓу реката Липе на југ, ридскиот венец Баумберге на север и реката Емс на исток. Јужно од Дилмен се наоѓа областа Рур.

Населени местаУреди

Со реформите на месната управа во 1975 г. општината Дилмен опфаќа следниве 7 населени места, наведени со нивното население во јули 2012 г.[2]

Нас. место Население Домаќинства
Булдерн 5.867 2.497
Дилмен 27.588 11.740
Кирхшпил 4.678 1.991
Мерфелд 2.030 864
Роруп 2.285 972
Хаусдилмен 2.150 915
Хидингзел 1.699 723
Вкупно 46.297 19.701

Мерфелд првпат се споменува во 890 г., а влегол во состав на Дилмен во 1975 г. Роруп првпат се споменува во 1050 г., а влегол во состав на Дилмен во 1975 г.

ИсторијаУреди

Местото првпат се споменува како Дулмени (Dulmenni) во 889 г. како метох на Верденската опатија. Стекнал градски права во 1311, а во 1470 г. се зачленил во Ханзата. Бил дел од кнежевската епископија Минстер сè до медијатизацијата во 1803 г. За кратко бил во рацете на династијата Круј, па во 1811 г е преземен од Французите. По поразот на Наполеон, Дилмен влегол во Прусија, во состав на покраината Вестфалија.

За време на Втората светска војна, рафинеријата во Дилмен станала мета на бомбардирање од сојузничките воздухопловни сили, во кое се иништени 90% од градот. Дилмен е обновен по по војната, а во 1973 г. населението достигнало 20.000 жители. Во 1975 г. станал општина, и кон него се припоени селата Роруп, Мерфелд, Хидингзел, Булдерн, Хаусдилмен и Кирхшпил.

 
Капелата „Св. Јован Непомучки“ во Хидингзел
 
Калуѓерската кула во Дилмен

Збратимени градовиУреди

Дилмен е збратимен со следниве градови:

СообраќајУреди

До Дилмен се стасува по автопатот A43 и железничката линија Есен-Ване-Ајкел-Минстер и железницата Дортмунд-Енсхеде. Најблизок аеродром е Минстер/Оснабрик во Гревен и Диселдорф.

Познати личностиУреди

Родени во ДилменУреди

Живееле во ДилменУреди

НаводиУреди

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 17 јуни 2019. (германски)
  2. Статистика за населението на општината Дилмен (PDF; 13 кб), јули 2012 г. (германски)

Надворешни врскиУреди