Земја на Франц Јосиф

архипелаг на Арктикот

Земја на Франц Јосиф ( Руски: Земля Франца Иосифа) е руски архипелаг во Северниот Леден Океан. Се наоѓа северно од Нова Земја и источно од Шпицбершките Острови, а административно му припаѓа на Архангелската област. Архипелагот се состои од 191 со мраз прекриени острови со вкупна површина од 16.134 km², и е претежно ненаселен.

Земја на Франц Јосиф
руски: Земля Франца-Иосифа
Низкая облачность над Сомнительными горами.jpg
Карта на Земјата на Франц Јосиф
Franz Josef Land location-en.svg
Местоположба на Земјата на Франц Јосиф
Географија
МестоСеверен Леден Океан
Координати81°N 55°E / 81° СГШ; 55° ИГД / 81; 55Координати: 81°N 55°E / 81° СГШ; 55° ИГД / 81; 55
Вкупно острови192
Површина16.134 км2
Највисоко издигнување670 м
Највисока котаЗемја на Вилчек
Управување
Федерална областАрхангелск
Демографија
Население0 (2017)
Положбата на земјата на Франц Јосиф во однос на Русија
Глечер во земјата на Франц Јосиф.

Островите на земјата на Франц Јосиф се наоѓаат меѓу 80,0° и 81,9° северна географска ширина, што овој архипелаг го прави најсеверната копнена точка во Евроазија. Најсеверна точка е 'ртот Флигели на Рудолфовиот Остров, а архипелагот е оддалечен од Северниот Пол само 900 до 1110 километри. До островот може да се стигне со брод само во текот на неколкуте летни недели и за тоа треба посебна дозвола.

ИсторијаУреди

Архипелагот е откриен на 30 август 1873 г. од австроунгарските истражувачи Карл Вејпрехт и Јулиус фон Пајер, откако нивниот брод заглавил во мраз додека се обидувале да го пронајдат североисточниот премин. По откривањето на јужните острови, архипелагот го добил името во чест на австрискиот император Франц Јосиф. Норвежаните Фритјоф Нансен и Хјалмар Јохансен поминале низ архипелагот во 1895 и 1896 година по неуспешниот обид да стигнат до Северниот пол. Случајно на островот Нортбрук во 1896 година се сретнале со британскиот истражувач Фредерик Џорџ Џексон. Норвешка одредено време го сметала архипелагот за своја територија и го нарекла Земја на Фритјоф Нансен, што може да се види на многу стари мапи. Советскиот Сојуз ја презеде контролата врз Земјата на Франц Јосиф во 1926 година.

Во 1931, германскиот цепелин ЛЗ 127 Граф Цепелин стигнал на островот Гукер, што претставува пресвртница во истражувањето на поларните региони на Русија. Цепелинот се сретнал и со мразокршачот Маљгин, а по движењето по 81-та паралела до Северна Земја, се вратил на островот Гукер и започнал едно од првите воздушни разгледувања на островите.

За време на студената војна, Советскиот Сојуз ги користеше поларните региони како зона за воспоставување заштита од САД, а многу делови од Арктикот станаа клучни стратешки места, па така Земјата на Франц Јосиф била една од многуте зони за национална безбедност од триесетите до 1991 година. На островот Грахам Бел е изградена писта која се користи како база за руските авиони бомбардери, а мисиите окарактеризирани како тренинзи беа доста чести на рутата меѓу Земјата на Франц Јосиф и копнена Русија. Иако островите биле воена област до кои пристапот бил забранет, во 1971 биле посетени од брод за крстарење.

КарактеристикиУреди

Земјата на Франц Јосиф е вулкански архипелаг составен од базалт од времето на терцијар и јура. Иако островите се претежно прекриени со мраз, на карпите има растенија како мов и лишаи. Североисточниот дел на архипелагот е опкружен со санти мраз во текот на целата година, но од јужните острови мразот привремено се повлекува при крајот на летото. Најсеверната точка на островите и на цела Азија е 'ртот Флигели на Рудолфовиот остров (81° 52' на север). Најголем остров е Земјата на Џорџ, со должина од 110 километри, а највисоката кота е на надморска височина од 620 метри на островот Земја на Винер Нојштад.

Архипелагот има студена поларна клима. Дневните температури во јануари се движат меѓу -15°C и -10,5°C, а во јули се движат од 0°C до 2,2°C. Просечната годишна температура е -12,8°C. Во 30 годишен период, највисоката измерена температура е 13°C, а најниската е -54°C. Врнежите се чести во текот на целата година, а најмногу ги има во доцна пролет и есен, додека кон крајот на летото многу честа е маглата.

На архипелагот од животинскиот свет најзастапени се моржовите, поларните лисици и поларните мечки, а меѓу птиците доминираат различни видови галеби додека китовите ги има често во околните води.

Позначајни островиУреди

 
Пејзаж на островот Нортбрук
  • Циглеров Остров (Именуван по Вилијам Циглер - американски индустријалист, спонзор на Евелин Болдвин) е местото каде што се наоѓала австроунгарската опсерваторија Пајер-Вејпрехт кон крајот на 19 век.
  • Островот на Хал (руски: Остров Галля) е прв откриен остров од Земјата на Франц Јосиф (30 август 1873), а во близина на 'ртот Тегетхоф (наречен по австрискиот адмирал Вилхелм фон Тегетхоф - кој го открил островот), во 1898 и 1899 година, експедицијата на Валтер Велман изградила мал камп кој денес има ознака во чест на откривањето на архипелагот.
  • Хофманов Остров е островот на кој што се наоѓа авионската писта. Името го добил по фирерот Леополд фон Хофман, член на Австроунгарското Друштво за Северен Пол.
  • Островот Грејам Бел (руски: Остров Греэм-Белл) е остров на кој за време на Студената војна имало војнички камп, а на островот се наоѓа и најголемиот аеродром на архипелагот со должина на пистата од 2100 метри. Руски товарни и борбени авиони редовно слетуваат овде од 1950-тите. Островот името го добил по пронаоѓачот Александар Грејам Бел.
  • Хукеров Остров е остров во заливот Тихаја и била значајна база за поларните експедиции, а од 1929 до 1963 година таму имало и метеоролошка станица. Островот бил посетен од германски воздухоплов во 1931 година за време на првата воздушна обиколка на архипелагот. За време на Втората светска војна, на островот бил оставен персонал, а има и гробишта и две модерни градби. На островот, поточно на карпата Скала Рубини во близина на заливот Тихаја има голема колонија на морски птици. Наречен е по британскиот ботаничар и истражувач Сер Џозеф Далтон Хукер.
  • Хејсов Остров - (наречен по Ајзак Израел Хејс - американски поларен истражувач) е познат по тоа што на него била сместена Ернст Кренкел Опсерваторијата, советска ракетна станица, која е сега напуштена.
  • Oстров Нортбрук (именуван по Томас Беринг, првиот Гроф на Нортбрук[1]) е еден од најјужните острови на архипелагот, а во исто време и најпристапниот остров. На него најчесто биле сместувани базите на поларните експедиции кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Кампот на 'ртот Флора има историско значење, бидејќи во 1896 година таму случајно се сретнале истражувачите Фритјоф Нансен и Фредерик Џорџ Џексон.
  • Рудолфов Остров или Рудолфова Земја е најсеверниот остров. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, заливот Теплиц бил место каде престојувале бројни поларни експедиции. Поради стрмниот терен единствен пристап од воздух е можен по патека долга 300 метри која се наоѓа на глечер. Наречен е по Рудолф, престолонаследникот на Австроунгарија; единствен син на Франц Јозиф.
  • Столичка е островче на кое се размножуваат многу моржови.
  • Земја на Александра - на кој се наоѓа метеоролошката станица Нагурскоје која била една од најважните такви станици на архипелагот. За време на студената војна, најверојатно имало и одбранбен радар во станицата Нагурскоје, а веднаш до неа се наоѓала авионска писта долга 1,5 километри. На 23 декември 1996 година, на островот имаше авионска несреќа во која учествуваше товарен авион од типот Антонов Ан-72. Островот името го добил по руската принцеза Александра Павловна, руска принцеза.
  • Земја на Џорџ е најголемиот остров во Земјата на Франц Јосиф, а на него се наоѓа и полуостровот Армитиџ. Островот името го добил по Фредерик Џорџ Џексон - англиски истражувач на Северниот Пол.
  • Земјата на Вилчек - на овој остров во 1899 презимиле два члена од експедицијата Веле кои чекале остатокот од екипата да се врати од Северниот Пол. Наречена е по грофот Јохан Непомук Вилчек.
  • На Винер Нојштад Островот се наоѓа највисокиот врв на архипелагот. Наречен е по гратче кое се наоѓа јужно од Виена.

НаводиУреди

  1. „Thomas Baring, 1st Earl of Northbrook“. Wikipedia (англиски). 2021-10-19.