Википедија:Избрана слика/2016/јули

2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец јули 2016 година.


1 јули 2016 2 јули 2016

Галапагоски морски лав (Zalophus californianus wollebaeki) на островот Сан Кристобал, Галапагос.

Поглед на тврдината Саксајваман северно од Куско — престолнината на Царството на Инките, денес во Перу. Изработена е од прецизно изделкани камења, без никаков врзивен материјал.
3 јули 2016 4 јули 2016

Бродот „Донбас“ на Украинската воена морнарица во Севастополскиот Залив.

Топчеста орхидеја (Traunsteinera globosa) во Долна Австрија.
5 јули 2016 6 јули 2016

Византиска фреска на Апостол Андреја во црквата „Св. Ана“ на Крит. Ова е најстарата фреска со позната старост на островот.

Олтар на црквата „Св. Петар Франконски“ во Калатајуд, Арагон, Шпанија
7 јули 2016 8 јули 2016

Сводот во црквата на митрополитот Петар во Переслављ, Русија.

Предната фасада на Бакингемската палата во Лондон.
9 јули 2016 10 јули 2016

Кораб на манастирската црква „Пресв. Богородица Маслинова“ во Каркастиљо, Навара, Шпанија.

Морска игуана (Amblyrhynchus cristatus) на островот Балтра, Галапагос.
11 јули 2016 12 јули 2016

Сводот на црквата „Св. Доминик“ (Санто Доминго) во центарот на Лима, Перу.

Шумска седефка (Argynnis adippe).
13 јули 2016 14 јули 2016

Чаршијата (сук) „Вакиф“ во Доха, Катар, поранешен сточен пазар.

Високоразделна слика на Плутон направена на 14 јули 2015 г. од вселенското летало „Нови хоризонти“ (New Horizons) на НАСА.
15 јули 2016 16 јули 2016

Црномевни дрвни патки (Dendrocygna autumnalis) во Тобаго.

Скалиште и говорница на трпезаријата цистерцитскиот манастир „Пресв. Богородица Нивска“ (Санта Марија де Уерта) во Кастиља и Леон, Шпанија.
17 јули 2016 18 јули 2016

Панорама на езерото Умајо и ајмарската гробница Силустани (кулите најдесно).

Голема сина чапја (Ardea herodias) во потрага по риби на островот Балтра, Галапагос.
19 јули 2016 20 јули 2016

Врата на Благовештенската капела на Богородичната црква во Сегвенса, Кастиља-Ла Манча, Шпанија.

Живопис на северната купола во библиотеката на Алтенбуршката опатија во Долна Австрија.
21 јули 2016 22 јули 2016

Замрзнато лозје кај Кастиља де Лерес во Арагон, Шпанија.

Северната падина на вулканската планина Пиј де Дом во Оверњ, Франција.
23 јули 2016 24 јули 2016

Сандаче на главната пошта во Лима, Перу.

Соленото езеро Салинас во регионот Арекипа, Перу, кое пресушува во сувиот период, оставајќи само солена кора.
25 јули 2016 26 јули 2016

Остатоци од крајбрежната одбранбена кула „Сан Сатурнињо“ од X век во Камбадос, Галисија, Шпанија.

Поглед на градот Тарасона во Арагон, Шпанија.
27 јули 2016 28 јули 2016

Базиликата „Пресв. Богородица Ерусалимска“ во Артахона, Навара, Шпанија.

Езерото Канарику во округот Виру, Естонија.
29 јули 2016 30 јули 2016

Хидроавионското пристаниште и хангарите во Талин, Естонија, со мразокршачот „Сур Тил“.

Сребрено-зелени бакарни пеперутки (Polyommatus coridon) како се парат.
31 јули 2016

Панорама од планината Грисенкарек кај Ваграјн, во покраината Салцбург, Австрија.

Функција уреди

  • Избрана слика на главната страница за месец јули 2016 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за позиционирање на слика лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот