Неврон или нервна клетка — основна единица во градбата на нервниот систем. За разлика од другите клетки во телото, невроните се одликуваат со надразливост, осетливост и спроводливост. Овие одлики се во согласност со нивната специфична функција. Друга одлика што ја прави нервната клетка различна од другите е тоа што таа нема способност за делба, туку таа постојано расте и се развива во текот на животот на поединецот. Особено штетно дејство врз невроните покажуваат никотинот, дрогата и алкохолот.

Структура на типичен неврон
Човечки неокортикален пирамидален неврон обоен по методот на Голџи. Се забележуваат многубројните дендрити кои излегуваат од невроцитот.

Секој неврон се состои од:

Поделба на невроните

уреди

Невроните се делат според неколку критериуми:

  • Според тоа какво е телото на невронот,има ѕвездести,пирамидални или вретенести неврони
  • Според тоа од колку дендрити и неврити се состојат,има мултиполарни (со повеќе дендрити и еден неврит), биполарни (со два неврити и без дендрити) и униполарни (со еден неврит) неврони
  • Според тоа од каде до каде ги пренесуваат нервните импулси, има чувствителни (од рецепторите до ’рбетниот или черепниот мозок), интерневрони (од ’рбетен до черепен мозок и обратно) и моторни (од ’рбетниот или черепниот мозок до ефекторите) неврони.

Функција на невроните

уреди

Основна функција на невроните е спроведување на нервниот импулс низ телото.

Создавање и спроведување нервен импулс

уреди

За да постои нервен импулс,невронот треба да е надразнет, т.е. на него треба да дејствува одреден нервен стимул. Така,кога тој е во мирување (отсуство на дразба), поларитетот на мембраната на невронот останува таква каква што е, односно однадвор е електропозитивна, а одвнатре е електронегативна. Оваа состојба на нервната клетка се означува како мембрански потенцијал, т.е. состојба во која мембраната на невронот е поларизирана. Кога нервната клетка прима нервен стимул, нејзината мембрана станува пропуслива за натриумот навнатре, а тогаш калиумот е поттикнат да излегува од цитоплазмата во вонклеточната течност, преку каналите за транспорт на јони кои ги содржи самата мембрана. Ова движење на јоните предизвикува деполаризација на мембраната, т.е. таа однадвор сега е електронегативна,а одвнатре електропозитивна. Потенцијалната разлика што се создава е причина за менување на мембранскиот потенцијал во дејствен потенцијал, т.е. потенцијал на дејствување. Тој како бран на деполаризација (нервен импулс) се движи долж невронот. Со завршувањето на нервната стимулација, мембраната на клетката се реполаризира, односно се враќа во мирување.