Солница
Солница — рамен предел од земјиште покриено со слој од сол и други минерали. Ова се природни појави кои се среќаваат во пустини, за разлика од соланите, кои се вештачки творби.
Преглед
уредиЕдна солница се образува со испарувањето на вода од езеро или бара. Ова се случува во мошне сушни предели, каде испарувањето на водата е поголемо од количеството на врнежи. Тука водата нема можност да се исцеди во земјата, па останува на површината додека не испари, оставајќи талози од минералите растворени во водата. Со текот на илјадници години овие соли се таложат во дебел слој, наречен и „дебела земја“.[1] Минералите ја одбиваат сончевата светлина, што му даваат сјајно бела боја на пределот.
Некои солници можат да бидат опасни. Кората може да крие блатиште од кал во кое се заглибуваат потешките возила. Познат пример за ваков предел е депресијата Катара во источна Сахара, чии прикриени блатишта послужиле како стратешки препреки за време на Втората светска војна.[2]
Примери
уреди- Боневилска Солница во Јута, САД — солница на која се постигнати бројни брзински рекорди за копнени возила.
- Етоша во Намибија — мошне позната солница во Африка, важна за геологијата
- Ујунска Солница во Боливија — најголемата солница во светот. Содржи 50 до 70 % од светските резерви на литиум.[3] Се одликува со огромна површина, чисто небо и исклучително рамност, поради што се користи за баждарење на висиномерите кај сателитите што ја набљудуваат Земјата.[4][5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ солница — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Jorgensen, C. (2003). Rommel's panzers: Rommel and the Panzer forces of the Blitzkrieg, 1940-1942 (стр. 78–79). St. Paul, MN: MBI.
- ↑ Keating, Joshua (21 октомври 2009). „Bolivia's Lithium-Powered Future: What the global battery boom means for the future of South America's poorest country“. Foreign Policy. Архивирано од изворникот на 2014-09-17. Посетено на 2019-10-06.
- ↑ Borsa, A. A; и др. (2002). „GPS Survey of the salar de Uyuni, Bolivia, for Satellite Altimeter Calibration“. American Geophysical Union, Fall Meeting. Bibcode:2002AGUFMOS52A0193B.
- ↑ Lamparelli, R. A. C.; и др. (2003). „Characterization of the Salar de Uyuni for in-orbit satellite calibration“. IEEE Trans. Geosci. Remote Sens. 41 (6): 1461–1468. Bibcode:2003ITGRS..41.1461C. doi:10.1109/TGRS.2003.810713.
Литература
уреди- Briere, Peter R. (мај 2002). „Playa, playa lake, sabkha: Proposed definitions for old terms“. Journal of Arid Environments. Elsevier. 45 (1): 1–7. Bibcode:2000JArEn..45....1B. doi:10.1006/jare.2000.0633.
- Lowenstein, Tim K.; Lawrence A. Hardie (октомври 1985). „Criteria for the recognition of salt-pan evaporites“. Sedimentation. 32 (5): 627–644. Bibcode:1985Sedim..32..627L. doi:10.1111/j.1365-3091.1985.tb00478.x.