Википедија:Избрана слика/2019/септември

2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец септември 2019 година.


1 септември 2019 2 септември 2019

Прозорец во гратчето Фира на островот Санторини, Грција.

Шарено рибарче (Ceryle rudis leucomelanurus, женка) на реката Чамбал во Утар Прадеш, Индија.
3 септември 2019 4 септември 2019

Зградата „Умеда скај“ во Осака, Јапонија — дело на архитектот Хироши Хара, завршена во 1993 г.

Крилен олтар во Осојската опатија, Корушка, Австрија. Непознат мајстор од Филах (Бељак), околу 1505 г.
5 септември 2019 6 септември 2019

Изгрев над природниот резерват „Ихтерло“ кај Нордкирхен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Широк поглед на вештачкото Кечутско Езеро кај Џермук, Вајоц Ѕор, Ерменија.
7 септември 2019 8 септември 2019

Кари Чапман Кет (1859-1947) — американски деец за правото на глас на жените, поборник за XIX амандман на уставот.

Старата тврдина во Крф гледана од Новата тврдина. Градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.
9 септември 2019 10 септември 2019

Средното Мултинско Езеро на Алтајските Планини, Русија.

Едреници во Коспуденското Езеро во Маркклеберг, Саксонија, Германија.
11 септември 2019 12 септември 2019

Дрвја и магла крај езерото Лох Теј во Шкотските Гори.

Внатрешноста на амфитеатарот во Пула, Хрватска, изграден на почетокот на нашата ера. Во него до денес се запазени сите три редови на римската архитектура.
13 септември 2019 14 септември 2019

Изгниени диреци на брегот на островот Сидни, Британска Колумбија, Канада

Агора на древниот град Курион, Кипар.
15 септември 2019 16 септември 2019

Амфитеатарскиот Залив по бура. Полуостров Акамас, Кипар.

Вајсмановата сала каде се одржува фестивалот „Дилменско лето“ во Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
17 септември 2019 18 септември 2019

Националниот парк Сневир во западна Украина.

Далечен поглед на неоготското христијанско светилиште „Лас Лахас“ и неговата околина во департманот Нарињо, Колумбија.
19 септември 2019 20 септември 2019

Шарени сколовранци (Gracupica contra) во раговор.

Дворецот Шенбиел во Шенбиел-Агсбах, Долна Австрија.
21 септември 2019 22 септември 2019

Стариот дел на Дубровник во Далмација, Хрватска. Градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Црквата „Св. Донат“ во Задар, Хрватска. До неа се гледа камбанаријата на Задарската катедрала.
23 септември 2019 24 септември 2019

Каллив пат на полуостровот Акамас, Кипар.

Вечерен поглед на реката Москва. Лево е седиштето на претпријатието „Роснефт“, а десно е Кремљ.
25 септември 2019 26 септември 2019

Ребрестиот свод над певницата на парохиската црква во Фрајштат, Горна Австрија.

Лебдечка мува од родот Asarkina во Индија.
27 септември 2019 28 септември 2019

Автопортрет на францускиот фотограф Надар, 1900-10 г.

Аквадуктот преку реката Орб во Безје, Франција.
29 септември 2019 30 септември 2019

Поглед на најзначајните градби околу плоштадот „Свети Марко“ во Венеција.

Ваклиската бања во Шираз, Иран. Изградена е во 1769 г. до тврдината, пазарот, џамијата и старите управни зданија.

Намена уреди

  • Избрана слика на главната страница за месец септември 2019 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот