Санта — големо парче мраз откршено од ледник или ледена плоча и кое слободно плови на отворено море.[1][2] Сантата може подоцна да се замрзне во облик на пловечки мраз (еден вид на морски мраз). Кога ќе дојде во поплитка вода, долниот дел на сантата почнува да рие по морското дно.

Санта во Гренланд кај ’ртот Јорк.
Санти и ледници кај ’ртот Јорк, Гренланд.

Преглед

уреди

Најчесто само една деветтина од сантата се гледа над водата. Ова се должи на тоа што чистиот мраз има густината од 920 кг/м3, а морската вода околу 1025 кг/м3. Обликот на подводниот дел е тешко проценлив ако го гледаме само надводниот. Сантите се високи од 1 до 75 м над морската површина и тежат 100.000-200.000 тони. Најголемата позната санта (во Северниот Атлантски Океан) се издигала 168 м над морето, колку 55-катна зграда. Ваквите санти настануваат од ледниците во западен Гренланд и имаат внатрешна температура од -15 до -20 °C.[3]

Иако сантите обично се движат близу брегот, условени од ветриштата и струите, најголемите забележани санти се отцепени и откршени од Росовата Ледена Плоча на Антарктикот. Сантата B-15, забележана со сателит во 2000 г, имала димензии од 295 на 37 км, површина од 11.000 км2 и маса од три милијарди тони. Најголемата евидентирана санта на сите времиња е антарктичка плочеста санта со површина од преку 31.000 км2 [335 на 97 км], забележана 240 км западно од Скотовиот Остров во Јужниот Тихи Океан на 12 ноември 1956 г. Со таква површина, ледникот бил поголем од Белгија.[4]

Кога се топи некој дел од сантата, тој прави шушкав звук налик оној на газиран пијалак. Звукот настанува кога границата водата допира до меурчињата со набиен воздух што се заробени во мразот. Меурчињата пукаат и прават таков звук. Меурчињата се создадени во првичната фаза на создавањето на мразот и стојат длабоко во него (до неколку километри). Создавањето на фирн, а потоа на леднички мраз ги става балончињата под притисок.[3]

 
Можен целосен изглед на една санта (фотомонтажа)

Скорешни големи санти

уреди
  • Санта B-15 11.000 км2, 2000 г.
  • Санта A-38, about 6.900 км2, 1998[5]
  • Санта B-15A, 3.100 км2, се отцепила во 2003 г.
  • Санта C-19, 5.500 км2, 2002 г.
  • Санта B-9, 5.390 км2, 1987 г.
  • Санта D-16, 310 км2, 2006 г.
  • Ледена покривка, 260 км2, откршена од Петермановиот Ледник во северен Гренланд на 5 август 2010, најхолема арктичка санта од 1962 наваму.[6] По еден месец, сантата се судрила со остров во Нерсовиот Проток близу Гренланд и се расцепила на два дела.[7]
  • Санта B-17B 140 км2, 1999 г., објавено предупредување за бродските превозници во декември 2009 г.[8]

Облик

уреди

Покрај големината, сантите можат да се класификуваат и според обликот. Две најосновни класи се плочестите и неплочестите санти. Плочестите имаат мошне страни и рамна горна површина, слично на висорамнина, чиј сооднос на должина и висина надминува 5:1.[9] Ваквите санти, наречени и „ледени острови“[10] знаат да бидат многу големи. Антарктичките санти се создаваат со откршување од ледена плоча. Оние отцепени од плочи како Росовата или Филхнер-Ронеовата се плочести. Вака се создаваат најголемите санти на светот.

 
Отцепувањето на Сантата A-38 кај Ронеоата Ледена Плоча

Неплочестите санти можат да имаат разни облици, меѓу кои:[11]

  • кубеста: со заоблен горен дел.
  • шилеста: санта со едно или повеќе шила.
  • клинеста: санта со една мошне стрмна и една поблаго накосена страна.
  • жлебна: санта што има жлеб или канал добиен со ерозија.
  • блок: санта со вертикални страни и рамна горна површина; се разликува од плочестите по тоа што има облик на блок, а не на рамна плоча.

Следење

уреди
Звучно следење на санта.

Главен следач на сантите ширум светот е Националниот центар за мраз на САД (NIC), основан во 1995, кој изработува анализи и прогнози за условите на мразот на Арктикот, јужнополарното подрачје, Големите Езера и Чесапичкиот Залив. Над 95% од податоците на анализите се добиени од далечински сензори од сателити во поларна орбита.

 
Сантата A22A во Јужниот Атлантски Океан

Ова е единствената организација што ги именува и следи сите антарктички санти. Сите санти поголеми од 10 морски милји (19  км) по една оска добиваат име составено од буква што го означува географското потекло и број. Се користат следниве букви:[12]

Сантата B15 отцепена од Росовата Ледена Плоча во 2000 г. Сантата имала првична површина 11.000 км2. Во ноември 2002 се разделила на повеќе делови. Најголемиот преостанат дел, Сантата B-15A (3.000 км2) била најголема санта на светот додека не се насукала и раксршила на неколку парчиња на 27 октомври 2005. Утврдено е дека раздробувањето се должи на бура што се случила во Алјаска 6 дена пред тоа, на оддалеченост од 13.500 км.[13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. санта“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Почести заблуди за сантите и ледниците“. Државен универзитет на Охајо. Сантите пловат по солена вода, но самите се составени од слатководен леднички мраз.
  3. 3,0 3,1 „Факти за сантите“. Canadian Geographic. Архивирано од изворникот на 2006-03-31. Посетено на 8 декември 2010. (англиски)
  4. „Антарктикот отцепи 335-километарска санта во 1956 г.“. Polar Times. 43. 20 јануари 2005. стр. 18.CS1-одржување: датум и година (link) (англиски)
  5. „Сантата A-38B во водите околу Јужна Џорџија“. Visible Earth. Архивирано од изворникот на 2008-10-05. Посетено на 9 март 2011. (англиски)
  6. „Огромна ледена плоча се отцепи од ледник во Гренланд“. БиБиСи. 7 август 2010. Посетено на 9 март 2011. (англиски)
  7. „Огромна санта се судри со остров и се расцепи на два дела“. (англиски)
  8. „Објавено предупредување за бродските превозници поради џиновска санта“. Associated Press. 12 ноември 2009. (англиски)
  9. „Големини и облици на сантите“ (PDF). Меѓународна патрола за мраз. Посетено на 20 декември 2006. (англиски)
  10. Weeks, W.F. (2010), On Sea Ice, University of Alaska Press, стр. 399
  11. „Физиологија на сантите“. Canadian Geographic. Архивирано од изворникот на 2006-03-31. Посетено на 20 декември 2006. (англиски)
  12. „Нова санта се отцепи од Ронеовата Ледена Плоча во Антарктикот“. NOAA. 15 октомври 1998. Посетено на 9 март 2011. (англиски)
  13. „Alaskan storm cracks giant iceberg to pieces in faraway Antarctica“.

Надворешни врски

уреди