Лаванда

Лаванда (науч. Lavandula) — род сочинет од 47 цветни растенија во потсемејството мачкини наниња (Nepetoideae) на семејството на усноцветните (Lamiaceae). Најпознат е типскиот вид обична лаванда (Lavandula spica).

Лаванда
Лавандини цветови со прицветници
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Усноцветни
Потсемејство: Мачкини наниња
Род: Лаванда
L.
Типски вид
Обична лаванда
(Lavandula spica)
L.
Синоними[1]
  • Stoechas Mill.
  • Fabricia Adans.
  • Styphonia Medik.
  • Chaetostachys Benth.
  • Sabaudia Buscal. & Muschl.
  • Plectranthus mona lavender
  • Isinia Rech.f.

Потекло уреди

Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17 век, била забележана една чудна појава. Работниците кои користеле етерично масло од лаванда и оние кои работеле на полиња со лаванда не биле погодени од лошата болест. Она што ги заштитило била токму лавандата која го зајакнува имунитетот и делува како моќен бактерицид. Кога човек е во близина на лаванда таа природно го стимулира неговиот имунолошки систем, кој потоа поефикасно го штити од напади на вируси и бактерии.

Лавандата може да се користи и како моќно средство за дезинфекција: до Првата светска војна со лаванда се стерилизирале површини и болничка опрема, а ја ставале и на раните, исто така може да се користи и како силен антисептик за исекотини, изгореници, убоди и други повреди на кожата.

Повеќенаменска билка уреди

Покрај тоа што директно ги напаѓа бактериите и вирусите, го стимулира производството на бели крвни клетки кои го штитат телото од паразити. Лавандата не создава резистентни соеви на бактерии, како што прават антибиотиците.

Лаванда-природна билка против стрес и несоница уреди

Истражувањата на германските и француските лекари покажале дека лавандата помага полесно да се заспие. Тие ја препорачуваат оваа билка при нервоза, вознемиреност, депресија. Смирувачкото дејство на нервниот систем се должи на етеричните масла, кои се олободуваат во топлата вода, така што кожата може да ги впие. Покрај тоа, и самата топла вода делува смирувачки и ја подобрува циркулацијата во телото.

Лавандата може и да се консумира уреди

Лавандата веќе долго време се наоѓа на полиците со зачини во Франција, а чајот од лаванда го стимулира и зајакнува имунолошкиот систем, особено за време на стрес или болест.

Испарување на лаванда уреди

Етеричното масло од лаванда може да се користи во купка, да се нанесува на кожата (разредено!), да се стави на облека или само да се вдишува. Исто така, може да се користи и како миризливо масло и да се распрска по просторијата – освен што ја прави просторијата помиризлива, таа ќе ги контролира и бактериите во воздухот.

Не се препорачува да се проголта етерично масло, бидејќи тоа обично се меша со лак за да се добие жолта боја. Вистинското масло е речиси проѕирно, па како такво побарајте го во продавниците.

Наводи уреди

  1. Lavandula L., Sp. Pl.: 572 (1753)“. World Checklist of Selected Plant Families. Royal Botanic Gardens, Kew. 2022. Посетено на 2 November 2022.

Надворешни врски уреди