Википедија:Избрана слика/2009/април

2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2025: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архива на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец април 2009 година.


1 април 2009 2 април 2009

Банкнота од 100 долари од Конфедеративните Американски држави датирана 22 декември, 1862. Испечатена за време на Американската граѓанска војна (1861–1865).

Јужната фасада на Гарнизонската црква во Дрезден, Германија
3 април 2009 4 април 2009

Северни морски слонови (Mirounga angustirostris) се борат за територија и женки кај Пједрас Бланкас, Сан Симеон, Калифорнија, САД

Поглед од Арни кон Хли Виндгелен (2986m, на преден план) и Голем Виндгелен (3188m, во позадина) во кантонот Ури, Швајцарија
5 април 2009 6 април 2009

Магливо утро.

Око на азиски слон (Elephas maximus)
7 април 2009 8 април 2009

Селото Рејне на островот Москенесеј, Лофотски Острови, Норвешка

Ковчег во подземна црковна гробница во Вола Гуловска, Лублинско Војводство, Полска.
9 април 2009 10 април 2009

Мовеста марписа (Marpissa muscosa)

Обична ластовичарка на цветови од летен јоргован.
11 април 2009 12 април 2009

Ајаски маламут

Сенегалска стрелка (Ischnura senegalensis)
13 април 2009 14 април 2009

Медоносна пчела (Apis mellifera) слетува на цвет од млечен осот (Silybum marianum).

Поглед на планетата Јупитер од вселенската сонда „Касини“. Ова е најдеталниот глобален портрет на Јупитер во боја. Составен е од неколку високорезолутивни слики фотографирани кога сондата била речиси најблиску до планетата.
15 април 2009 16 април 2009

Пилотот на месечевиот модул Аполо 15, Џејмс Ирвин оддава војнички поздрав на американското знаме. Фотографирал астронаутот Дејвид Е. Скот, командант на Аполо 15.

Претворена рендгенска снимка од DICOM-формат на десетгодишно момче со полидактилија.
17 април 2009 18 април 2009

Гробница на династијата Саадити во Маракеш, Мароко

Електронска лампа RCA ’808’
19 април 2009 20 април 2009

Дрвена жаба (Litoria ewingii) во Тасманија, Австралија

Сообраќајна несреќа во Токио, Јапонија
21 април 2009 22 април 2009

Изворот „Сон за тигарот“ во Хангџоу, Кина.

Млад скакулец (прибл. 17mm) на стебленце. Фотографирано во Свифтс Крик, Викторија, Австралија.
23 април 2009 24 април 2009

Антилопин Кањон, Аризона, САД. Лето 2005.

Фолкландските Острови се архипелаг Јужниот Атлантски Океан, околу 480 km од крајбрежјето на Аргентина. Архипелагот се состои од два главни острова - Источен Фолкланд и Западен Фолкланд, како и 700 помали острови. Главен и најголем град е Стенли, кој се наоѓа на островот Источен Фолкланд. Фолкландските Острови уживаат самоуправа како прекуморска територија на Обединетото Кралство.
25 април 2009 26 април 2009

Западен галеб (Larus occidentalis). Фотографирано во Монетереј, Калифорнија, САД.

Фотографија на космонаутот Бил Андерс од Аполо 8 направена на 24 декември, 1968, на која Земјата привидно „изгрева“ над површината на Месечината. Овој феномен е видлив само за оној кој кружи околу Месечината. Бидеќи Месечината се врти рамномерно со вртењето на Земјата (т.е. истата страна на Месечината секогаш гледа во истата страна на Земјата), неможно е од самата површина на Месечината да се види изгрев на Земјата.
27 април 2009 28 април 2009

Панорама на пределот помеѓу местата Закс и Фримзен во општината Зенвалд во долината на реката Рајна, гледано од Кројцберг (лево), кон Апенцелските Алпи на десно.

26-метарскиот радиотелескоп во радиоопсерваторијата Маунт Плезант во Тасманија, Австралија.
29 април 2009 30 април 2009

Цуцулеста сипка (Lophophanes cristatus L.) во Белгија

Персиска циклама (Cyclamen persicum), цвеќарска сорта