Брзо лизгање на Зимските олимписки игри

Брзото лизгање како спорт на Зимските олимписки игри е дел уште од првите зимски игри во 1924 година. Женските дисциплини за првпат биле додадени на олимписката програма на игрите во 1960 година.

Брзо лизгање на Зимските олимписки игри
Раководен орган ISU
Дисциплини 12 (мажи: 6; жени: 6)
Игри
1924 1928 1932 1936 1948 1952
1956 1960 1964 1968 1972 1976
1980 1984 1988 1992 1994 1998
2002 2006 2010 2014
Освојувачи на медали

Историја

уреди

Раководното тело за брзо лизгање, Меѓународната лизгачка организација (ISU), било вклучено во списокот на признаени федерации кога бил основан Меѓународниот олимписки комитет, но за првпат бил дискутиран сериозно за Летните олимписки игри 1908 во Лондон. На тие игри не биле одржани натпревари во брзо лизгање, иако уметнилкото лизгање – исто така раководено од ISU – било на програмата. Преелиминарниот календар за Летните олимписки игри 1916, кои требале да се одржат во Берлин, вклучил три натпревари,[1] но овие игри биле откажани поради Првата светска војна.

Меѓународната недела на зимски спортови во Шамони, ретро-активно наречена Зимски олимписки игри 1924, содржела пет дисциплини во брзо лизгање. Необично за тоа време, не било вклучено само натпреварување во повеќебој, туку биле доделени медали и за индививдуалните трки: 500 м, 1500 м, 5000 м и 10000 м. Побеќебојот бил отстранет од програмата за игрите во 1928 година.

Натпреварите во брзо лизгање на игрите во 1932 биле одржани според правилата на американската федерација за брзо лизгање, што значи дека натпреварувачите се натпреварувале во мали групи (слично на брзо лизгање на кратки патеки), наместо вообичаениот формат спроти стрелките на часовникот. На овие игри за првпат настапиле и женски лизгачи но нивните дисциплини биле показни. Женските дисциплини исто така требале да бидат одржани на Зимските олимписки игри 1940,[1] кои биле откажани поради Втората светска војна. По војната, тие биле надвор од програмата сè до 1960 година, кога конечно на програмата се додале трките на 500 м, 1000 м, 1500 м и 3000 м во женска конкуренција.

По воведувањето на Светското првенство во спринт во раните 1970-ти, трката на 1000 метри за мажи била додадена на игрите во 1976 во Инсбрук, додека пак трката на 5000 метри за жени за првпат била додадена на игрите во 1988 во Калгари. Последно дополнение на програмата била дисциплината потера, која била додадена за игрите во 2006 во Торино.

На Зимските олимписки игри 2010, латвиецот Харалдс Силовс станал првиот лизгач во олимписката историја кој учествувал на трката на 1500 м (кратки патеки) и на 5000 метри (долги патеки), и првиот кој се натпреварувал во две различни дисциплини во ист ден.[2][3][4]

Дисциплини

уреди

Следната табела покажува кои дисциплини биле одржани на секои игри. Женските дисциплини биле показни на игрите во 1932.

= официјална дисциплина на програмата, (п) = показна дисциплина

Дисциплина 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 94 98 02 06 10 14 Години
500 метри за мажи 22
1000 метри за мажи 11
1500 метри за мажи 22
5000 метри за мажи 22
10.000 метри за мажи [5] 22
Повеќебој за мажи 1
Потера за мажи 3
500 метри за жени (п) 15
1000 метри за жени (п) 15
1500 метри за жени (п) 15
3000 метри за жени 15
5000 метри за жени 8
Потера за жени 3
Вкупно дисциплини 5 3 4 4 4 4 4 8 8 8 8 9 9 9 10 10 10 10 10 12 12 12

Табела на медали

уреди
Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Холандија (NED) 35 36 34 105
2   САД (USA) 29 22 16 67
3   Норвешка (NOR) 25 28 27 80
4   СССР (URS) 24 17 19 60
5   Германија (GER) 13 15 10 38
6   Канада (CAN) 8 12 15 35
7   Источна Германија (GDR) 8 12 9 29
8   Финска (FIN) 7 8 9 24
9   Шведска (SWE) 7 4 5 16
10   Јужна Кореја (KOR) 4 4 1 9
11   Русија (RUS) 3 5 5 13
12   Чешка (CZE) 3 1 1 5
13   Западна Германија (FRG) 3 0 0 3
14   Италија (ITA) 2 0 1 3
15   Јапонија (JPN) 1 5 9 15
16   Кина (CHN) 1 3 3 7
17   Австрија (AUT) 1 2 3 6
  Полска (POL) 1 2 3 6
19   Германија (EUA) 1 1 0 2
20   Белорусија (BLR) 0 1 0 1
  Северна Кореја (PRK) 0 1 0 1
22   Белгија (BEL) 0 0 1 1
  Казахстан (KAZ) 0 0 1 1
Вкупно 176 179 172 527

Број на лизгачи по земја

уреди
    — Земји кои не учествувале на Зимските олимписки игри таа година, или не постоеле во тоа време.
Земја 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 94 98 02 06 10 14 Години
  Австралија (AUS) 1 1 1 2 1 2 1 2 2 4 2 2 1 1 14
  Австрија (AUT) 3 8 3 3 4 2 7 3 1 4 4 3 3 5 4 1 1 1 2 22
  Белорусија (BLR)                                 2 4 5 1 1 5
  Белгија (BEL) 4 2 1 3 2 1 2 1 1 1 2 11
  Британски Девствени Острови (IVB) 1 1
  Канада (CAN) 1 3 7 1 4 4 3 5 4 7 10 8 8 7 16 9 13 17 16 18 16 15 22
  Кина (CHN) 13 12 4 10 6 12 12 15 14 10 10
  Чехословачка (TCH)       2 1   3   2           1 2             6
  Чешка (CZE)                                     1 1 2 2 4
  Данска (DEN) 1 1 1 1 4
  Естонија (EST)   2   1                       2
  Финска (FIN) 3 6 1 5 5 6 6 7 10 8 6 4 4 3 2 3 1 3 4 4 3 21
  Франција (FRA) 4 2 1 3 3 5 1 2 1 2 4 1 1 1 2 3 16
  Германија (GER)   3   2   1                   14 15 14 13 13 13 14 10
  Германија (EUA)             4 12 13                           3
  Источна Германија (GDR)                   1 2 9 9 10 11               6
  Западна Германија (FRG)                   9 7 3 4 7 5               6
  Велика Британија (GBR) 4 3 5 3 3 2 3 5 2 2 6 1 2 1 14
  Унгарија (HUN) 1 1 5 2 4 3 1 2 1 2 2 1 12
  Италија (ITA) 4 3 6 3 2 4 2 6 3 3 3 4 5 4 8 8 5 6 18
  Јапонија (JPN) 4 7 6 5 8 8 12 13 9 8 9 13 15 17 18 20 19 19 17 19
  Казахстан (KAZ)                                 8 7 8 4 5 6 6
  Северна Кореја (PRK)         9 6 6 4 5 2 1 7
  Јужна Кореја (KOR)         3 4 5 4 2 4 2 5 6 6 5 9 13 12 14 16 15 17
  Латвија (LAT) 1 1   3                       1 1 1 1 1 8
  Литванија (LTU)   1                           1
  Монголија (MGL) 3 3 2 2 2 5
  Холандија (NED) 2 5 4 7 6 5 5 9 10 7 9 11 11 14 13 16 17 20 19 20 20
  Нов Зеланд (NZL) 1 1 1 3
  Норвешка (NOR) 5 8 6 7 12 12 11 6 9 14 14 9 11 8 7 8 8 10 8 10 9 9 22
  Полска (POL) 1 1 2 3 4 2 3 3 4 5 3 4 5 10 10 15
  Португалија (POR) 1 1
  Романија (ROU) 3 2 3 4 2 2 2 7
  Русија (RUS)                                 12 18 13 19 17 20 6
  СССР (URS)             12 16 18 18 9 16 16 17 17               9
  Обединета екипа (EUN)                               19             1
  Шведска (SWE) 2 1 1 1 6 9 7 9 10 12 11 9 9 6 7 8 5 1 2 3 1 21
  Швајцарија (SUI) 5 2 3 3 1 1 1 1 1 1 10
  Кинески Тајпеј (TPE) 1 22
  Украина (UKR)                                 2 4 2 3
  САД (USA) 6 4 12 5 9 7 8 15 15 18 16 14 11 13 17 19 17 14 17 18 18 17 22
  Југославија (YUG) 4 2 2 3
Земји 10 14 6 16 15 14 18 17 22 19 18 19 20 24 21 23 21 25 23 19 24 23 22
Лизгачи 31 40 31 52 68 67 88 103 137 137 118 122 127 139 142 155 151 171 166 175 180 179 22
Година 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 94 98 02 06 10 14 22

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Kluge 1995, page ?.
  2. „Latvia's quick-change artist makes Olympic history“. Toronto Star. 2010-02-14. Архивирано од изворникот на 2012-02-27. Посетено на 2010-02-18.
  3. CTV Olympics, "Latvian skater makes Olympic history", Agence France Press, 14 February 2010. Retrieved 18 February 2010.
  4. New York Times, "Crosstown Ride to a Speedskating First", Associated Press, 30 January 2010. Retrieved 18 February 2010.
  5. Трката на 10.000 метри на игрите во 1928 била одложена поради лоша состојба на мразот.

Надворешни врски

уреди