Отвори го главното мени

4-те летни олимписки игри се одржале во 1908 година во Лондон. Игрите биле свечено отворени на 27 април, а свечено затворени на 31 октомври. Игрите требале да се одржат во Рим, но потоа било решено да се одржат во Лондон. Исто така игрите биле всушност петти, а не четврти поради одржувањето на Олимписки игри и во 1906 година во Атина. Но , сепак Меѓународниот олимписки комитет не ги признал Олимписките игри од 1906 година и оставил да се зачува циклусот од 4 години. За време на одржувањето на овие Олимписки игри претседател на Меѓунаропдниот олимписки комитет бил барон Пјер де Кубертен.

Грешка во Lua: Неважечки број -3 Зимски олимписки игри
Град домаќин
Бр. на држави 22
Бр. на спортисти 2,008
(1,971 men, 37 women,)
Натпревари 110 од 22 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од: ЕдвардVII
Стадион

Италија се подготвувала за одржување на Олимписките игри, но порради ерупцијата на вулканот Везув на 7 април 1906 и последиците врз градот Неапол, за домаќин на игрите сепак бил избран градот Лондон. Останати кандидати биле Берлин и за чудо италијанскиот град Милано.

На овие Олимписки игри уште од самата церемонија на свечено отворање се појавиле неколку контраверзни ситуации:

  • Финска којашто учествувала посебно од Русија поминала со руското знаме.
  • Шведското знаме не било истакнато на стадионнот, па во знак на протест членовите на шведската спортска делегација не се појавиле на церемонијата на орворање на игрите.
  • Истиот проблем се појавил и со знамето на САД, па кога тоа се појавило делегацијаата на САД одбила тоа да му се предаде како и сите други на кралот во кралската кутија. Американскиот знаменосец Мартин Шеридан изјавил дека знамето не може да се предаде на кој било крал. Поради тоа, од тогаш знаменосците веќе не го правеле тоа.
Дорандо Пјетри на целната линија од маратонската трка

Но, се чини најконтраверзен настан од Олимписките игри во Лондон во 1908 е маратонот. Прв на стадионот пристигнал италијанецот Дорандо Пјетри којшто неколку пати се онесвестил и започнал да трча во погрешна насока. На неколку метри од целната линија, двајца официјалци го фатиле за раце и го довеле до целта. Како последица на тоа Пјетри бил дисвалификуван, а за победник бил прогласен второпласираниот Џони Хајес. Меѓутоа и покрај тоа, како победник останал Дорандо Пјетри, а поради тоа што тој немал одговорност за својата дисквалификација, наредниот ден кралицата Александра му го доделила златното одличје.

Овие Летни олимписки игри биле и првите на коишто биле воведени зимски спортови. Впрочем на игрите имало 4 натпреварувања во уматничко лизгање.

На Летните олимписки игри - 1908 во Лондон се натпреварувале 2008 спортисти (1937 мажи и 37 жени) во 110 настани во 22 спорта.

СпортовиУреди

Натпреварувачите се натпреварувале во 24 дисциплини во 22 спорта. Пливање, скокови во вода и ватерполо биле 3 спорта кои се сметале како еден со олимпискиот израз акватика. Спортот влечење со јаже бил сметан како дел од атлетиката, а спортовите фудбал и рагби биле сметани заедно.

Земји-учесничкиУреди

 
Учесници, зелена- земји- учеснички коишто и претходно учествуваеле, сино- земји коишто се појавуваат за прв пат

На Летните олимписки игри во Лондон 1908 на Олимписките игри дебитирале Финска, Османлиската империја и Нов Зеланд (како дел од Австралија).

Освојувачи на медалиУреди

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Велика Британија (домаќин)) 56 51 39 146
2   САД 23 12 12 47
3   Шведска 8 6 11 25
4   Франција 5 5 9 19
5   Германија 3 5 5 13
6   Унгарија 3 4 2 9
7   Канада 3 3 10 16
8   Норвешка 2 3 3 8
9   Италија 2 2 0 4
10   Белгија 1 5 2 8

НаводиУреди

  1. Во Австралија бил вклучен и Нов Зеланд.
  2. Војводството Финска било дел од Руската империја, но учествувало како посебна нација.

Надворешни врскиУреди