Зимски олимписки игри 1960
VIII Зимски олимписки игри - Скво Вели 1960 | |
Град домаќин | Скво Вели, САД |
Број на држави | 30 |
Број на спортисти | 665 (521 маж и 144 жени) |
Број на спортови | 4 |
Број на натпревари | 27 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 28 февруари 1960 |
Стадион |
VIII Зимски олимписки игри се одржале од 18 до 28 февруари 1960 година во Скво Вели, САД.
Организаторите, успешно го подготвиле Олимпиското село, натпреварувачките играишта и сите останати потребни објекти. Но, проблем било топлото време, па така околу десетина дена пред почетокот на игрите, буквално се стопило целото привремено паркиралиште, направено на замрзната подлога и лед. Поради, тоа морала да интервенира војската, која донела лед од околните планини и успеала да го обнови паркиралиштето.
Недостаток било тоа што немало патека за одржување на натпреварите во боб, па ова биле единствените Олимписки игри, на кои не се одржале натпрвари во овој спорт. Од друга страна, за првпат резултатите биле компјутерски обработени, а за тоа се погрижила компанијата ИБМ.
Избор на град-домаќин
уредиАлександар Кушинг, кој бил создавач на скијачкото место Скво Вели се заинтерсирал за кандидатура на местото за организирање на Зимските олимписки игри, откако прочитал за интересот за организирање на Зимски олимписки игри од страна на челниците на градовите Рено, Невада и Енкориџ. Скво Вели бил град без градоначалник, кој го содржел само скијакото место. Всушност, Кушинг бил единствениот жител во целото подрачје.[1] До денес, на многумина им е нејасно како биле убедени членовите на МОК да ја прифатат кандидатурата на местото и како истото било изгласано за организација на игрите.Сепак, Меѓународниот олимписки комитет, на чело со Ејвори Брендиџ ја прифатил кандидатурата, а Кушинг започнал со активностите на обезбедување на гласови од јужноамериканските земји-членки на МОК, кои не биле многу заинтересирани за Зимските олимписки игри, а при изборот имале рамноправно право на глас.
Одлуката за организација на игрите била донесена на 50. седница на МОК, одржана на 16 јуни 1955 во Париз, а во конкуренција биле уште Инсбрук, Гармиш-Партенкирхен и Санкт Мориц. Во конкуренција на два града, во кои веќе биле организирани три Зимски олимписки игри, Скво Вели и Инсбрук останале во вториот круг, во кој за два гласа организацијата на игрите му била доделена на Скво Вели. Веднаш, по доделувањето на организацијата започнале да се гради поволна инфраструктура, голем број на терени и игралишта, хотели, ресторани и сл. Критките за големата надморска висина, лошата местоположба и недостигот на вештина се покажало дека биле само делумно оправдани, откако натпреварите завршиле.[2] Дизајнерот на Олимписки терени, Вилијам Шефлер, четири дена се движел по планините, по што изјавил дека местотоо е достојно за создавање на Олимписки терени. Негова заслуга била работата за организирање на Зимските олимписки игри 1936, а неуморно се вклучил и во создавањето на потребните терени за овие игри.[3] Сепак, патеките за алпско скијање и скијачко трчање биле толку тешки, така што настанале контроверзи.[2]
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1960[4] | |||||
---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | Втор круг | ||
Скво Вели | САД | 30 | 32 | ||
Инсбрук | Австрија | 24 | 30 | ||
Гармиш-Партенкирхен | Германија | 5 | |||
Санкт Мориц | Швајцарија | 3 |
Краток преглед
уреди- Евгени Гришин од Советскиот Сојуз освоил два златни медали во брзо лизгање, победувајќи во трката на 500 m и поделувајќи го златото на 1500 m со Роалд Ас од Норвешка. Во женска конкуренција, Лидија Скобликова освоила две злата во трките на 1500 и 3000 m.
- Во алпско скијање, Французинот Жан Варне победил во дисциплината спуст. Тој бил првиот натпреварувач, кој се натпреварувал со метални скии.[1] Ан Хегтвејт од Канада го освоила златниот медал во женскиот слалом.
- Во биатлон, Клас Лестандер од Шведска станал првиот освојувач на златен медал во овој спорт на Олимписките игри, победувајќи во трката на 20 km, без ниту едно промашување на стрелиштето и со 15. најдобро време во светот.[3]
- Во скијачко трчање, Финецот Веико Хакулинен освоил по еден златен, сребрен и бронзен медал, со што го завршил своето учество на Олимписките игри со освоени 7 медали. Иако заостанувал цели 20 s, тој успеал да се избори за првото место во штафетата 4х10 km.
- Хокеарската репрезентација на САД го освоила златниот медал.
Спортови
уредиНа игрите биле доделени медали во 27 дисциплини во 4 спортови. Поради недостигот на патека за натпревари во боб, за прв и единствен пат натпревари во овој спорт не се одржале. На игрите бил воведен спортот биатлон, кој оттогаш станал редовен дел од Олимписката програма на сите Зимски олимписки игри. Демонстративни спортови повтроно немало.
Распоред на натпревари
уредиВо продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови.
● | Церемонија на отворање | ● | Квалификациски натпревари | ● | Финални натпревари | ● | Церемонија на затворање |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | Вкупно | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Церемонии | ● | ● | ||||||||||||
Биатлон | 1 | 1 | ||||||||||||
Алпско скијање | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 6 | |||||||
Брзо лизгање | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 8 | |||||
Нордиска комбинација | 1 | 1 | ||||||||||||
Скијачко трчање | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 6 | |||||||
Скијачки скокови | 1 | 1 | ||||||||||||
Уметничко лизгање | 1 | 1 | 1 | 3 | ||||||||||
Хокеј на мраз | 1 | 1 | ||||||||||||
Вкупно | 2 | 3 | 3 | 3 | 4 | 2 | 2 | 4 | 2 | 2 | 27 |
Земји-учеснички
уредиУчество на игрите земале 665 спортисти од 30 земји. За првпат на Зимските олимписки игри учествувала Јужноафриканската Република.[2] Спортистите од Западна и Источна Германија, повторно се натпреварувале како дел од Обединетиот тим на Германија.
Освојувачи на медали
уредиМесто | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | СССР | 7 | 5 | 9 | 21 |
2 | Германија | 4 | 3 | 1 | 8 |
3 | САД | 3 | 4 | 3 | 10 |
4 | Норвешка | 3 | 3 | 0 | 6 |
5 | Шведска | 3 | 2 | 2 | 7 |
6 | Финска | 2 | 3 | 3 | 8 |
7 | Канада | 2 | 1 | 1 | 4 |
8 | Швајцарија | 2 | 0 | 0 | 2 |
9 | Австрија | 1 | 2 | 3 | 6 |
10 | Франција | 1 | 0 | 2 | 3 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Скво Вели 1960, МОК
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Kiat.net“. Архивирано од изворникот на 2009-11-09. Посетено на 2010-02-09.
- ↑ 3,0 3,1 Infoplease
- ↑ „The International Olympic Committee Vote History“. Архивирано од изворникот на 2008-05-25. Посетено на 2010-02-09.
Надворшни врски
уреди„Зимски олимписки игри 1960“ на Ризницата ? |
- Скво Вели 1960, МОК