Црква „Св. Сава“ - Белград
Храмот Свети Сава (српски: Храм светог Саве / Hram svetog Save) е црква која се наоѓа во Белград, Србија и е во склопот на Српската православна црква. Овој храм е најголемиот православен храм на Балканот и втор во светот по Црквата на Исус Христос Спасителот во Москва. Била изградена на местото на кое се смета дека Синан паша ги запалил моштите на Свети Сава во 1595 година. Изградбата на црквата започнала во 1894 година, а како главен архитект бил избран Александар Дероко.
Црква Свети Сава Hram svetog Save | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Белград, Србија |
Координати | 44°47.885′N 020°28.113′E / 44.798083° СГШ; 20.468550° ИГД |
Припадност | Српската православна црква |
Мреж. место | http://www.hramsvetogsave.com/ |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Александар Дероко |
Особености | |
Сместивост | 10,800 |
Висина на куполата (надв.) | 70m |
Изградбата на храмот била финансирана со собирање на доброволни прилози, како и со плаќање на поштенски марки. Недалеку од храмот е парохискиот дом, а тука се наоѓа и предвидената зграда на патријаршијата. Овој спомен-храм претставува органски дел на современата живописна силуета на Белград, сочинувајќи едно од неговите главни обележја. За време на Втората светска војна изградбата на црквата било оневозможено како и со доаѓањето на власт на комунизмот. Така, во 1984 година конечно била издадена дозвола за нејзина доизградба.
Архитектура
уредиХрамот се наоѓа на крајот на белградската линија Калемегдан - плоштадот република - Теразије - Белграѓанка - Храмот Свети Сава. Изграден е во српско-византиски стил, со четири ѕвона високи 44 м. Висината на врвот на куполата изнесува 70 м, додека е главниот позлататен крст висок е уште 12 м, што му дава на врвот на храмот вкупна висина од 82 м, а надморска висина од 134 м (64 м над нивото на реката Сава). Поради тоа оваа црква завзима истакнато место на белградскиот хоризонт и видлива е од сите влезови на градот. Храмот зазема површина од 3.500 квадратни метри во приземјето, со уште дополнителни 1.500 м² на три галерии на првото ниво. Постои уште и галерија од 120 м² на второто ниво, на кое се наоѓа и надворешен видиковeц кој се протега околу целата купола. Храмот во правец исток-запад се протега 91 м, а во правец север-југ 81 м. Куполите се украсени со осамнаест позлатени крстови во три големини, додека во камбанаријата се наоѓаат 49 ѕвона од австриската звоноливница -{Grassmayr}-.
Црквата може да прими 10.000 верници, а на западната хорска галерија можат да застанат околу 800 хористи. Храмот е обложен со бел мермерен гранит, во што учествувал и словенскиот Мармор Хотавље.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Сава“ - Белград на Ризницата ?
- Интернет презентација храма светог Саве Архивирано на 9 јануари 2016 г. (српски)
- Подаци о давању прилога[мртва врска] (српски)
- Звона храма Светог Саве, РТС Образовно-научни програм - Званични канал
- Сјај храма светог Саве Архивирано на 9 јануари 2019 г., Бранко Пешић протомајстор, Вечерње новости, фељтон, 7 наставака, 3 - 9. мај 2004.
- Храм светог Саве Комплетан водич кроз Србију
- Храм Светог Саве Архивирано на 9 јануари 2019 г. 360 виртуелне фотографије храма
- Веб камера Камера уживо