Нов Белград е општина, воедно и населено место, во Белград[1] и се простира на површина од 4.096 хектари.[2] Според пописот на населението во Србија во 2011 година, бројот на населението изнесувало 214.506 жители.[3]

Нов Белград
Нови Београд
Novi Beograd
Урбанa околина и општина
Нов Белград во ноќ
Нов Белград во ноќ
Знаме на Нов БелградГрб на Нов Белград
Местоположба на Лазаревац во рамките на градот Белград
Местоположба на Лазаревац во рамките на градот Белград
Местоположба на Градот Белград во Србија
Местоположба на Градот Белград во Србија
Земја Србија
CityБелград
StatusОпштина
Settlements1
Управа
 • ВидОпштина во Белград
 • ГрадоначалникАлександар Шапиќ (Ind.)
Површина
 • Вкупна40,74 км2 (1,573 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно212,104
 • Густина0,052/км2 (0,13/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Postal code11070
Повик. бр.+381(0)11
Car platesBG
Мреж. местоnovibeograd.rs

Општина Нов Белград е една од седумнаесетте белградски општини.[1] Три године после Втората светска војна поставен е камен темелник на Нов Белград, а во 1952 година основана е општина Нов Белград, која се развила во метрополис и која и ден денес расте.[2]

Географска положба

уреди

Нов Белград се наоѓа на левата страна на реката Сава. Административно, неговиот североисточен дел почнува на десната страна на Дунав, малце пред Ушќе. Северозападно се наоѓа од „стариот“ Белград, со кој е поврзан преку 6 мостови (Бранков мост, Газела, Савски мост, Стариот железнички мост и Новиот железнички мост , како и најновиот, Мостот на Ада Циганлија, отворен во 2011 година). Европскиот пат E-75 проаѓа низ централниот дел на Нов Белград.

Географски одлики

уреди

Општина Нов Белград зазема површина од 40,96 км2. Главна физичка особина на Нов Белград е неговиот рамен терен, што претставува голем контраст на стариот дел на Белград, кој е изграден на 32 рида. Освен Бежанија, својот западен дел, Нов Белград е изграден на површина која во основа била мучуриште кога во 1948 година започнала изградбата на новиот град. Со години на Нов Белград е носено песок од дунавското Мало воен остров, сè додека од него не е преостанат мал низок пошумен појас кои постои и денес.

Останатите географске одлики на Нов Белград со полуостровот Мала Циганлија и острвот Ада Меѓица, двете на Сава и заливот Зимовник, кој ја опкружува Мала Циганлија, во кој се наоѓаат објекти и бродоградилишта на Белград. Лесне Заравни и Бежаниска коса се наоѓаат во западниот дел на општината, додека во јужниот дел протекува каналот Галовица која се влева во Сава.

Од сите белградски градски општини, Нов Белград има најмногу зелени површини, вкупно 3,47 км² или 8,5 % својата површина.[4] Најмногу површина на паркови, спаѓа на Ушќе. На Нов Белград во 2008 година отворен е Паркот Република Српска со идеја да се симболизира пријателството помеѓу Србија и Република Српска.

Литература

уреди
  • Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно |title= (help)
  • Марковић, Јован Ђ (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.
  • Слободан Ристановић (2008) : 60 година Новог Београда;

Надворешни врски

уреди
  1. 1,0 1,1 „Градске општине“. Град Београд. Посетено на 26 јуни 2016.
  2. 2,0 2,1 „Историја Новог Београда“. Општина Нови Београд. Архивирано од изворникот на 2016-03-23. Посетено на 26 јуни 2016.
  3. „Књига 4: Вероисповед, матерњи језик и национална припадност“ (PDF). Републички завод за статистику. Републички завод за статистику. Посетено на 26 јуни 2016.
  4. „Српска престоница у бројкама“, Политика, стр. 30, 26 април 2008.]] Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: датум и година (link)