Србите, како народ кој живее воглавно на територија на Србија и делумно во другите земји на поранешна Југославија, како и на други места во светот, имаат богата култура која имала значително влијание врз другите земји наБалканот, а во некои случаи и на целиот свет. Таа се остварувала во разните области на човечките активности, вклучувајќи ја музиката, книжевноста, филмот, ликовната и применетата уметност, дизајнот и модерните медиуми.

Српска култура
Уметност
Книжевност  • Музика  • Театри  • Сликарство  • Фотографии  • Кинематографија
Традиција
Народни обичаи  • Народна носија  • Игри  • Кујна  • Сродни односи  • Религија  • Хералдика  • Епска поезија
Споменици
Културно наследство  • Музеи  • Архитектура  • Тврдини  • Манастири  • Светско наследство  • Воени гробишта
Разно
Познати Срби  • САНУ  • Спорт  • Дигитализација
Потрет на најголемиот задужбинар од средниот век во Србија, кралот Стефан Милутин, Кралска црква во Студеница

Српска книжевност

уреди

Најстариот ракопис и споменик на старата српска книжевност кој е напишан на српски јазик е Мирославово евангелие. Евангелието било напишано негде помеѓу 1180-тата и 1191 година и претставува литургиска книга од 362 страници, која била напишана на јазик кој бил преодна форма помеѓу старословенскиот јазик и славеносрпскиот јазик. Книгата е напишана од двајца монаси, Глигорие и, најверојатно, Версамелеон на бел пергамент. Ова дело е житие на Захумскиот кнез Мирослав, брат на големиот жупан Стефан Немања.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди