Калемегдан (српски: Калемегдан / Kalemegdan) е парк - тврдина, и урбана, но ненаселена населба на Белград, главниот град на Србија. Се наоѓа во белградската општина Стари Град, на десниот брег на Сава, на местото каде оваа река се влева во Дунав. Основните ѕидини гледаат кон Земун и Нов Белград. Тврдината е градена во периодот од 13 до 19 век, при што секој од освојувачите градел сопствен дел.

Белградска тврдина
Београдска тврђава
Beogradska tvrđava
Паркот Калемегдан и тврдината
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Белград Србија" does not exist
Калемегдан
Општи податоци
Видтврдина
МестоБелград, Србија
ЗемјаСрбија
Координати44°49′24″N 20°27′01″E / 44.82333° СГШ; 20.45028° ИГД / 44.82333; 20.45028
Почната279 п.н.е.
СопственикЗавод за заштита на спомениците на културата на градот Белград
Портал
beogradskonasledje.rs
Поглед на Калемегдан

Името Калемегдан се однесува на висорамнинката на која се наоѓа тврдината, додека тврдината била главно воено упориште на Белград, служело за надбљудување на непријателот при борба, затоа неговото име потекнува од турските зборови кале - поле и мегдан - борба. Турците го нарекувале и Фиќир-бајир што значи „брег за размислување“.[1]

Тврдината е трансформирана во парк во 19 век. Денес, таа е важен историско-културен комплекс.

Историја

уреди
 
Предвечерје на Калемегдан, октомври 2019 година
 
Ново шеталиште, зимата 1928/29

Преуредувањето на паркот започнало по предавањето на тврдината на Србите во 1867 година, по наредба на кнезот Михајло Обреновиќ III. Идејните скици за уредување на Калемегдан ги направил првиот белградски урбанист, Емилијан Јосимовиќ. Зеленилото било засадено меѓу 1873 и 1875 година, кога со тврдината командувал полковникот Драгутин Жабарац, некогашен прв аѓутант на кнезот Михаило Обреновиќ.

Планското уредување на Калемегдан започнало во 1890 година. Тогаш војската го предала паркот на белградската општина. Тогашниот претседател на општината, Никола Пашиќ, го одобрил првиот кредит за уредување на Калемегдан, во износ од 10.000 тогашни динари. Во 1905 година започнало проширувањето на паркот со уредувањето на Мал Калемегдан, што се протегал од павиљонот „Цвијета Зузориќ“ до Зоолошката градина.

Пред Првата светска војна Калемегданскиот парк завршувал на местото каде денес има камени скали кои водат кон долната тераса. Земјиштето зад овие скали сè до 1929 година било потполно неуредено и обраснато со коров. По 1931 година, паркот бил проширен и на Горниот град. Во паркот се поставени многу споменици.

На Калемегдан се наоѓаат: Воениот музеј, уметничкиот павиљон „Цвијета Зузориќ“, Градскиот завод за заштита на споменици на културата, Зоолошката градина, римскиот бунар, детски забавен парк, Гробница на народните херои на Калемегдан, голем број на спортски игралишта и угостителски објекти и Музејот на природата.

Во септември 2010 година на Калемегдан поставена е јапонска чешма како благодарнсот на народот на Јапонија.

Калемегдан како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Калемегдан Архивирано на 5 јули 2015 г. - BG-Info.org
  2. Блаже Конески, Стерна. Скопје: Мисла, 1966, стр. 13-14.
  3. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 14.
  4. Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 83-84.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди