Александар Шапиќ (роден на 1 јуни 1978 година) е српски политичар и поранешен професионален ватерполист. Во моментот ја извршува функцијата градоначаник на Белград.

Александар Шапиќ
Градоначалник на Белград
На должноста
Стапил
20 јуни 2022
Претходник Ненад Миленковиќ
Претседател на демократска партија на Србија, во белградскиот огранок.
На должноста
2011 – 8 јуни 2013
Претходник Драган Ѓилас
Наследник Балша Божовиќ
Лични податоци
Роден(а) 1 јуни 1978(1978-06-01)(46 г.)
Белград, СФР Југославија
Националност Србин
Партија Независен политичар (2014–present)
Демократска партија на Србија (2006–2014)
Деца 2
Установа Мегатренд Универзитет
Занимање Политичар
Професија Ватерполист, тренер

Тој официјално беше прогласен за најдобар стрелец во поранешна Југославија и сѐ уште се смета за еден од најдобрите играчи во ватерполо историјата. Од 2012 година, тој е претседател на општината Нов Белград. Во јули 2017 година, тој и официјално бил избран за најдобар играч во историјата на ватерполото, од страна на светската федерација на спортови[1].

Образование

уреди

Дипломирал на Факултетот за Менаџмент во 2003 година, магистрирал во 2009 година, додека својата докторска дисертација ја одбранил во 2012 година, во полето на индустрискиот менаџмент.[2]

Политичка кариера

уреди

Тој бил асистент на градоначалникот од 2009 до 2012 година. Исто така тој бил избран за претседател на општина Нов Белград во 2012 година и повторно бил ре-избран во 2016 година. Тој е сѐ уште претседател на најголемата општина во Белград.[3]

Наводи

уреди
  1. „Svetska federacija sporta odlučila: Aleksandar Šapić je najbolji vaterpolista u istoriji - Story“. story.rs (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-08-02. Посетено на 2017-07-30.
  2. „Aleksandar Šapić“. Istinomer. Посетено на 2 June 2017.
  3. „Predsednik opštine“. Gradska opština Novi Beograd. Посетено на 2 June 2017.(српски)

Надворешни врски

уреди
Награди
Претходник
  Роберто Калкатера
Најдобар играч
Светското првенство во ватерполо 2005

2005
Наследник
  Џилермо Молина