Коџа Синан-паша
Коџа Синан-паша (или „Синан Велики“; 1520 во Топољане - 3 април 1596 во Цариград) — висок османлиски државник, Голем везир на Османлиското Царство.
Коџа Синан паша | |
---|---|
Голем везир на Османлиското Царство | |
На должноста 1 декември 1595 – 3 април 1596 | |
Монарх | Мехмед III |
Претходник | Лала Мехмед-паша |
Наследник | Дамат Ибрахим-паша |
На должноста 7 јули 1595 – 19 ноември 1595 | |
Монарх | Мехмед III |
Претходник | Сердар Ферхад-паша |
Наследник | Лала Мехмед-паша |
На должноста 28 јануари 1593 – 16 февруари 1595 | |
Монарх | Мурат III |
Претходник | Канијели Сијавуш-паша |
Наследник | Сердар Ферхад-паша |
На должноста 14 април 1589 – 1 август 1591 | |
Монарх | Мурат III |
Претходник | Канијели Сијавуш-паша |
Наследник | Сердар Ферхад-паша |
На должноста 7 август 1580 – 6 декември 1582 | |
Монарх | Мурат III |
Претходник | Лала Кара Мустафа-паша |
Наследник | Канијели Сијавуш-паша |
Османлиски управител на Египет | |
На должноста 1571–1573 | |
Претходник | Черкез Искендер-паша |
Наследник | Хусеин-паша Болјаниќ |
На должноста 1567–1569 | |
Претходник | Мехмед-паша |
Наследник | Черкез Искендер-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1520 Топољане, Кукушко (денешна Албанија) |
Починал(а) | 3 април 1596 Истанбул |
Националност | Отоманец |
Вероисповед | ислам |
Народност | Горанец (Македонец)[1] |
Потеклото на Синан-паша не е целосно разјаснето, бидејќи уште како многу млад бил регрутиран во јаничарскиот корпус. Сепак, познато е дека е роден во селото Топољане од областа Љума, денес во Општина Кукуш, Алчбанија. Некои сознанија пренесуваат дека останувајќи сирак тој бил одгледан од неговиот дедо Силјан. Постојат преданија меѓу Горанците дека Синан, кој бил потомок на Богомилите од овој крај, ги изгорел моштите на Растко Немањиќ[2] за да се одмазди за проклетството против Горанците, Торбешите и Бабуните кое било изговорено од Стефан Немања и неговиот син Растко на црковниот собор против богомилскиот ерес кој се одржал во 1186 година.
Во 1569 Синан-паша бил назначен за управител на Отомански Египет, а во 1571 учествувал во заземањето на Јемен. Во 1574 го предводил воениот поход во војната за Тунис, кој независно од отпорот на шпанскиот гарнизон бил освоен и вклучен кон територијата на империјата. Во 1580 Синан-паша бил назначен за голем везир од Мурат III и на оваа позиција се задржал до поразот на империјата против Персија.
Од 1589 станал управител на Дамаск, а по бунтот на јаничарите бил вратен на функцијата голем везир. Во 1591 година бил сменет под притисок на јаничарите, но од 1593 година повторно стапил на оваа позиција. И покрај победата во Долгата војна во Унгарија тој повторно бил соборен од функцијата во 1595 година, за да во август истата година биде повторно повикан за да го предводи воениот поход кон Влашка. По поразите, тој повторно бил соборен за да по смртта на Мехмед-паша во пролетта 1596 година стане голем везир по петти пат.
Погребан е во Истанбул, близу Капали чаршија[3]
Наводи
уреди- ↑ Во изворите се вели дека Коџа Синан-паша бил Албанец, но ова е очигледно неоснована претпоставка ако се земат имињата на луѓето од неговото семејство, како и народносниот состав на подрачјето во тоа време.
- ↑ Velimirovic, p. 159
- ↑ Elsie, Robert. A Biographical Dictionary of Albanian History. London: I.B Tauris & Co. Ltd. стр. 416. ISBN 978 1 78076 431 3. Посетено на 2014-01-07.