Алфонсо Перес
Алфонсо Перес Муњос (роден на 26 септември 1972 година, во Хетафе) — шпански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.
Алфонсо Перес | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 26 септември 1972 | ||
Роден во | Хетафе, Шпанија | ||
Држава | Шпанија | ||
Висина | м | 1,78||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 2005 (32 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Хетафе | |||
Реал Мадрид | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1989-1992 | РМ Кастиља | 3 | (1) |
1991-1995 | Реал Мадрид | 88 | (13) |
1995-2000 | Бетис | 152 | (57) |
2000-2002 | Барселона | 21 | (2) |
2002 | → Олимпик Марсеј | 11 | (4) |
2002-2005 | Бетис | 45 | (10) |
Репрезентација ‡ | |||
1988-1989 | Шпанија 16 | 12 | (6) |
1989-1990 | Шпанија 18 | 12 | (5) |
1991 | Шпанија 19 | 1 | (0) |
1991-1993 | Шпанија 21 | 7 | (0) |
1991-1992 | Шпанија 23 | 11 | (6) |
1992-2000 | Шпанија | 38 | (11) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Кариера
уредиКлупска кариера
уредиАлфонсо е роден во Хетафе, предградието на Мадрид и ја започнал својата кариера во Реал Мадрид. Во 1991 година, на возраст од само 18 години, го направил своето деби за првиот тим на Реал. Иако тој никогаш не врежал редовно место во почетниот состав на кралевите - играјќи главно како замена прво на Емилио Бутрагуењо, а потоа и на Иван Заморано - тој сепак му помогнал на клубот од главниот град да го освои шпанското првенство во сезоната 1994-1995.
Во летото 1995 година, Алфонсо му се приклучил на Реал Бетис. Во неговата втора сезона во клубот, тој постигнал 25 гола во лигата што е најголемиот број на голови постигнати од еден играч на Бетис за време на една сезона; тој исто така бил втор стрелец во лигата зад Роналдо и му помогнал на својот клуб да заврши на високото четврто место.[1][2]
По одличните игри за Бетис и за шпанската репрезентација на Европското првенство 2000, во летото 2000 година Алфонсо потпишал за Барселона. Сепак, тој имал големи потешкотии да се прилагоди на Камп Ноу, постигнувајќи само два гола во лигата (и двата во гостинската победа со 6-0 над Реал Сосиедад) и уште три во Купот на Шпанија за време на својата прва сезона. Откако во следната сезона играл многу малку за Барса, тој бил проследен на позајмица во францускиот Олимпик Марсеј во јануари 2002 година, која исто така се покажала не успешна.[3]
Пред почетокот на сезоната 2002-2003, Алфонсо се вратил во Бетис. После две сезони во кои постојано се мачел со повреди и не бил во препознатливата форма, Алфонсо ја завршил својата кариера во јуни 2005 година. Со 80 гола за Бетис, тој е шести најдобар стрелец во историјата на клубот.
Репрезентативна кариера
уредиАлфонсо одиграл 38 натпревари и постигнал 11 голови за сениорската репрезентација на Шпанија, правејќи го своето деби во пријателски натпревар против Англија на 9 септември 1992 година, во Сантандер.[4]
Тој ја претставувал својата земја на Европското првенство 1996. Тој ги одиграл сите натпревари на Шпанија на турнирот и постигнал еден гол во ремито 1-1 против Бугарија во првиот натпревар на репрезентацијата.[5] Шпанците биле елиминирани во четвртфиналето од домаќинот Англија по изведување на пенали.
Две години подоцна, Алфонсо бил повикан во составот на Шпанија за Светското првенство 1998, каде одиграл два натпревари.
Својот последен голем турнир со Шпанија, Алфонсо го имал на Европското првенство 2000. Тој ги одиграл сите натпревари за својата земја (три од нив бил стартер) на првенството во Белгија и Холандија и постигнал два гола, и двата во победата со 4-3 над СР Југославија во последното коло од групата, круцијална за Шпанија да остане на турнирот; откако шпанците губеле со 3-2, во 90-тата минута бил досуден пенал за нив кој во гол го претворил Гаиска Мендиета, а веднаш потоа на неколку секунди до крајот Алфонсо со спектакулерен гол, негов втор во натпреварот, ја води црвената фурија до победа од 4-3 и пласман во четвртфиналето.[6] Сепак, таму тие биле елиминирани од подоцнежниот шампион Франција со 1-2.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиТитули
уредиКлупски
уредиРеал Мадрид
уреди- Примера Дивисон : 1
- 1994-1995
- Куп на Шпанија : 1
- 1992-1993
- 1993
Реал Бетис
уреди- Куп на Шпанија : 1
- 2004-2005
Репрезентативни
уредиПоединечни
уреди- 1998
Наводи
уреди- ↑ „En el espejo de Alfonso y Pier“ (шпански). Diario de Sevilla. 6 January 2013. Посетено на 2 October 2019.
- ↑ „El perfil: Alfonso Pérez Muñoz“ [The profile: Alfonso Pérez Muñoz] (шпански). Real Betis. 26 September 2016. Посетено на 2 October 2019.
- ↑ „El Barça cede a Alfonso al Marsella“ [Barça loan Alfonso to Marseille] (шпански). ABC. 8 January 2002. Посетено на 2 October 2019.
- ↑ La nueva etapa se abre con victoria (New era gets started with win); Mundo Deportivo, 10 September 1992 (in Spanish)
- ↑ Spain start with a point against Bulgaria; UEFA, 6 October 2003
- ↑ Spain survive in seven-goal classic; BBC Sport, 21 June 2000