Георг Фридрих Хендл

(Пренасочено од Hendel)

Георг Фридрих Хендл (германски: Georg Friedrich Händel, англиски: George Frideric Handel; 23 февруари 168514 април 1759) — германски и подоцна британски барокен композитор, водач во музичките форми кончерто гросо, опера и ораториум. Роден е во Хале, а го провел речиси сиот полнолетен живот во Англија, британски државјанин на 22 јануари 1727.[1] Неговите најпознати дела се „Месија“, ораториум според текст од Библијата на кралот Јаков, „Музика на вода“ и „Музика за кралскиот огномет“. За поука и инспирација ги користел техниките на големите композитори на италијанскиот барок, како и музиката на Хенри Персел, а самиот пак извршил големо влијание врз многу композитори по него како Хајдн, Моцарт и Бетовен, а неговите дела биле од значење за преодот од барокот кон класицизмот.

Георг Фридрих Хендл
Georg Friedrich Händel
Портрет на Хендл (1733)
Животописни податоци
Родено имеГеорг Фридрих Хендел
Познат(а) и какоЏорџ Фридерик Хендел
Роден(а)23 февруари 1685
Знаме на Војводството Магдебург
Знаме на Војводството Магдебург
Хале, Војводство Магдебург, Свето Римско Царство
Починал(а)14 април 1759
Знаме на Кралството Велика Британија
Знаме на Кралството Велика Британија
Лондон, Велика Британија
Жанровибарок
ЗанимањаКомпозитор
оргулар
чембалист

Животопис

уреди
 
Родната куќа на Хендл во Хале

Хендл е роден во Хале во Саксонија-Анхалт во семејството на Георг и Доротеја (мом. Тауст) Хендл во 1685, во истата година кога се родиле и Јохан Себастијан Бах и Доменико Скарлати.[2] Од мали нозе покажал голем музички талент, и веќе на седум години бил вешт изведувач на чембало и оргули, а на девет годишна возраст веќе почнал да компонира. Меѓутоа татко му, кој бил истакнат бербер-хирург кој служел како негувател и бербер по дворовите во Саксонија и Бранденбург,[3] и воопшто прочуен граѓанин на Хале, бил против музичката определба на момчето, бидејќи сакал да учи за правник, додека пак мајка му го поддржувала во музиката.[4]

Без ралика на тоа, на Хендл му било дозволено да оди на часови по компнирање и клавијатурни техники кај Фридрих Вилхелм Цахов, оргуларот на црквата Либфрауенкирхе во Хале. Тетка му Ана, му имала дадено спинета за неговиот седми роденден, кој бил ставен на таван за да го свири кога ќе добие прилика да се измолкне од татка си.[5][6]

Во 1702, по волја на татко му почнал да студира право на универзитетот во Хале, но по татковата смрт следната година, го напуштил правото, па продолжил со музика како оргулар во протестантска катедрала. Следната година се преселил во Хамбург, прифаќајќи работа како виолиниост и чембалист во оркестарот на оперската куќа. Тука ги искомпонирал своите први опери, „Алмира“ и „Нерон“, изведени во 1705. Во 1708 во Хамбург искомпонирал и уште две други рани опери, „Дафна“ и „Флориндо“.

Во периодот 17061709 Хендл патувал низ и учел во Италија. Кога операта била забранета од локалните власти, Хендл нашол работа како композитор на духовна музика и компонирал некои дела во оперски стил. Од ова доба датира неговото познато дело Dixit Dominus (1707). Потоа следеле оперите „Родриго“ (Фиренца, 1707), и „Агрипина“ (Венеција, 1709). „Агрипина“, која се изведувала ненадминати 27 пати, се одликува со зрела техника во Хендловото компонирање, и ова дело му дало високо реноме. Во Рим во 1709 и 1710 се произвеле два ораториума со наслов „Воскресение“ и „Триумф на Времето“.

 
Оригинална партитура на „Месија“ со личен потпис на Хендл, 1741

Во 1710 Хендл станал капелмајстор на Георг, изборниот кнез на Хановер, кој наскоро станал крал Џорџ I на Велика Британија. Хендл го посетил Лондон во 1710, а во 1712 се преселил дефинитивно, со годишна плата од £200 од кралицата Ана. Во раните години во Лондон, негов важен патрон бил младиот и богат Ричард Бојл, Третиот Ерл од Барлингтон, кој брзо ја засакал Хендловата музика.[7]

Во 1723 Хендл се преселил во новоизградена куќа на 25 Брук Стрит, Лондон, каде живеел под кирија сѐ до неговата смрт во 1759. Ова денес е Хендловата музеј-куќа, реставрирана џорџијанска куќа отворена за јавноста со изведби на барокна музика. На надворешниот ѕид на куќата има спомен-плакета. Токму тука ги искомпонирал делата „Месија“, „Свештеникот Садок“ и „Музика за кралскиот огномет“.

Во 1727 му било побарано да искомпонира четири химни по повод крунисувањето на кралот Џорџ II. Една од овие е „Свештеникот Садок“, која се изведува на секое крунисување од тогаш па наваму. Хендл бил и директор на Кралската музичка академиија 1720–1728, и ортак на Ј. Ј. Хајдегер во управата на Кралевиот театар 1729–1734. Бил во потесни врски со Кралската оперска куќа во Ковент Гарден, каде биле премиерите на многу негови италијански опери. Хендл се откажал од управата на опери во 1740, по загубата на големи пари во таа дејност.

 
Хендловата музеј-куќа, Лондон

Во април 1737, на 52 годишна ворзаст Хендл добил удар од некоја болест, што привремено му ја парализирало десната рака, па морал да сопре со изведби. Се жалел и од потешкотии во фокусирање на видот.

Во 1750 хендл аражнирал изведба на „Месија“ во добротворна цел за лондонската прифатилишна болница. Изведбата била голем успех и била проследена со годишни концерти кои продолжиле да се одржуваат долж животот на Хендл. Во знак за благодарност, Хендл бил поставен за управник на болницата следниот ден по првиот концерт. На неговата смрт на институцијата ѝ подарил убав примерок од делото '„Месија“. Во спомен на неговите ангажмани во болницата стои постојана поставка во Прифатилишниот музеј, а во истиот се наоѓа итн. „Џералд Коукова Хендлска збирка“.

Во август 1750, на пат од Германија за Лондон, Хендл бил сериозно повреден во несреќа со кочии на патот од Хаг до Харлем во Холандија.[8]

Во 1751 видот на едно око почнал да му се влошува. Причинителот не е познат, но се знае дека истото продолжило и на другото око. Умрел по неколку години во 1759 во Лондон, а последната изведба на која присуствувал била неговиот ораториум „Месија“. На неговиот погреб присуствувале над 3000 оплакувачи. Самиот погреб бил изведен со полни државни почести и Хендл бил погребан во Вестминстерската опатија. Тој никогаш не се оженил, а личниот живот го држел во строга приватност. За разлика од многу композитори, со смртта оставил огромен имот вреден £20.000 (повеќемилионска сума во денешни пари), од кој најголемиот дел припаднал на внука во Германија, а остатокот во подароци на други роднини, слуги, пријатели и во добротворни цели.

Хендл бил високо почитуван од другите композитори, како за време на неговиот живот, така и по него. Јохан Себастијан Бах има кажано: „[Хендл] е единствениот човек кој би сакал да го видам пред да умрам, и единствениот човек кој би сакал да бидам, да не бев Бах“. Моцарт пак, се вели дека се изјаснил: „Хендл го разбира ефектот подобро од сите нас. Кога ќе посака, удира како молња“, а пак за Бетовен тој бил „учителот на сите нас“. Подоцна тој над сè ја истакнал едноставноста и популарната допадливост на Хендловата музика со исказот: „одете кај него за да научите како да постигнете големи ефекти на така едноставен начин“.

Дела

уреди
 
Насловна страна на партитурата на „Музика на вода

Во композициите на Хендл спаѓаат 50 опери, 23 ораториуми, голем број на сехристијански дела, и шеснаесет концерти за оргули. Меѓу најпопуларните од нив се „Кукавицата и славејот“, во кој можеме да чуеме пеење на птици во разни скали како гласови на разни птици; Опус 3 и 6 Кончерти Гроси; „Музика на вода“ и „Музика за кралскиот огномет“.

По неговата смрт италијанските опери паднале во длабока сенка, освен некои избори како сеприсутната арија „Ксеркс“ со наслов „Никогаш немало сенка“ (Ombra mai fu); Во англофонските земји низ XIX и првата половина на XX век неговото реноме се засновало на англиските ораториуми изведувани во огромни хорови од аматери по свечени прилики. Овие се „Естир“ (1718); „Аталија“ (1733); „Саул“ (1739); „Израел во Египет“ (1739); „Месија“ (1742); „Самсон“ (1743); „Јуда Макавејски“ (1747); „Соломон“ (1748); and „Јефтај“ (1752), засновани на либрето од Чарлс Џененс.

Од 1960-тите, со возобновениот интерес за барокната музика, изведбени стилови на оригинални инструменти и превалентноста на констратенори кои попрецизно можат да изведуваат улоги за кастрати, Хендловите италијански опери доживеале своевидна преродба, па многу од нив почнале да се снимаат и изведуваат на сцена. Од 50-те опери напишани помеѓу 1705 и 1738 г., најистакнати се „Агрипина“ (1709), „Риналдо“ (1711, 1731), „Орландо“ (1733), „Алцина“ (1735), „Ариодант“ (1735) и „Ксеркс“ (1738 и денес често се изведуваат во концертните и оперските сали. Може да се рече дека најдобри се „Јулиј Цезар“ (1724) и „Роделинда“ (1725).

Во последно време заживеани се и низа профани кантати и „духовни ораториуми“ или „концертни опери“. Од првиот вид особено значајни се „Ода за денот на Св. Цецилија“ (1739) (текст од Џон Драјден) и „Ода за роденденот на кралицата Ана“ (1713). За световните ораториуми, Хендл се иснпирирал од класичната митологија, компонирајќи дела како „Акид и Галатеја“ (1719), „Херкул“ (1745), and „Семела“ (1744). Со повторното октривање на неговите театарски дела, Хендл, покрај неговата слава како инструменталист, оркестратор и мелодист, сега се смета и за валик музички драматург.

Оваа статија има содржини изведени од Шлаф-Херцоговата енциклопедија на религиозно знание, 1914, која е во јавна сопственост.


Снимки

 
Хендл изведува со група

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. „British Citizen by Act of Parliament: George Frideric Handel“. Parliament.uk. 14 април 2009. Архивирано од изворникот 4 мај 2012. Посетено на 22 јануари 2021.
  2. Дојч, Ото Фрих (1955). Handel: A Documentary Biography (англиски). Лондон: Adam and Charles Black.
  3. Adams Aileen, K., Hofestadt, B., "Georg Handel (1622–97): the barber-surgeon father of George Frideric Handel (1685-1759)", Journal of Medical Biography, 2005, Aug;13(3):142-9. [1]
  4. „Virginia Tech Multimedia Music Dictionary Composer Biographies“. Архивирано од изворникот на 2007-06-14. Посетено на 2007-09-11.
  5. Дојч, Ото Ерих, "Handel: A Documentary Biography", Music & Letters, Том 36, бр. 3 (јул., 1955), стр. 269-272.
  6. Hird, Edward, Rev., Повтѕорно откривање на Хендловиот „Месија“ Архивирано на 23 декември 2017 г., април 1993, Deep Cove Crier, North Vancouver, B.C., Canada.
  7. Handel. A Celebration of his Life and Times 1685 – 1759. Национална портретна галерија, Лондон. стр. 92.
  8. Dent, Edward Joseph. Handel. R A Kessinger Publishing. стр. 63. ISBN 1-4191-2275-4.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Партитури и снимки

уреди