Национална портретна галерија (Лондон)
Националната портретна галерија (англиски: National Portrait Gallery) — уметничка галерија во Лондон со значајна збирка на портрети од истакнати Британци низ историјата. Ова е најстарата портретна галерија во светот, отворена во 1856 г.[2] Во 1896 г. галеријата е преместена во сегашните простории на улицата Сент Мартинс Плејс (St Martin's Place), веднаш до Трафалгарскиот плоштад, во продолжение на Националната галерија. Низ годините галеријата е проширувана, и има разни ограноци во земјата кои главно изложуваат аристократски портрети. Националната портретна галерија е државна јавна установа под покровителство на Министерството за култура, медиуми и спорт.
National Portrait Gallery | |
![]() | |
![]() | |
Основан | 1856 |
---|---|
Место | St Martin's Place, WC2, Англија, В. Британија |
Координати | 51°30′34″N 0°07′40″W / 51.509369°N 0.127733°W |
Фонд | 10.000 портрети |
Посетеност | 1.961.843 (2009)[1]
|
Директор | Сенди Нерн |
Јавен превоз | Черинг Крос ![]() ![]() ![]() Ембанкмент ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Лестер Сквер ![]() ![]() |
Мреж. место | www.npg.org.uk |
Збирка
уредиВо глаеријата се сместени портрети на познати и историски важни Британци, одбрани според значајноста на претставената личност, а не на уметникот. Покрај слики, цртежи и скулптури, галеријата има и фотографии и карикатури.[3] Една од најпознатите изложени слики е т.н. „Чандоски портрет“, најпознатиот портрет на Вилијам Шекспир[4] (иако постојат извесни сомнежи дали претставениот е навистина Шекспир).[5]
Не сите портрети се уметнички извонредни како дела, но има автопортрети од Вилијам Хогарт, Џошуа Рејнолдс и други истакнати британски сликари. Некои од нив, како собирот во Сомерсетскиот Дом во 1604 претставуваат важни историски документи сами за себе. Напати, љубопитната вредност на делата е поголема од уметничката, како кај анаморфниот портрет на Едвард VI од Вилијам Скротс, портретот на Шарлота, Емили и Ана Бронте насликан од брат им Бренвел, или пак скулптурата на кралицата Викторија и принцот Алберт во средновековна облека. Во 1969 за првпат е дозволено изложувањето на портрети на живи личности. Покрај постојаните поставки на историски портрети, галеријата изложува и современи дела, приредува портретни изложби на поединечни уметници и го води наградниот конкурс за портрети на БиПи (BP).
Фасадни бисти
уредиПокрај трите бисти на основачите на музејот, надворешноста на двата најстари објекта од 1896 е украсена со бисти на истакнати портретисти, биографи и историчари. Бистите се дело на Фреферик Томас и на нив се претставени Џејмс Грејнџер, Вилијам Фејторн, Едмунд Лоџ, Томас Фулер, Ерлот од Кларендон, Хорас Волопол, Ханс Холбајн Помладиот, Антонис Ван Дајк, Питер Лели, Годфри Нелер, Луј-Франсоа Рубијак, Вилијам Хогарт, Џошуа Рејнолдс, Томас Лоренс и Френсис Легат Чантри[6].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Посети на атракции што членуваат во ALVA за 2009 г.“. Здружение на водечки туристички атракции. Посетено на 21 мај 2010. (англиски)
- ↑ „Национална портретна галерија: За галеријата“. ARTINFO. 2008. Посетено на 30 јули 2008. Наводот journal бара
|journal=
(help) (англиски) - ↑ Секоја велика земја мора да има своја портретна галерија Архивирано на 25 август 2012 г. (англиски)
- ↑ Национална портретна галерија | Актуелности | Во потрага по Шекспир Архивирано на 11 септември 2008 г. (англиски)
- ↑ Хигинс, Шарлот (2 март 2006). „Единствената веродостојна слика со Шекспир - веројатно“. Гардијан. Лондон. Посетено на 19 мај 2010. (англиски)
- ↑ Историја на Националната портретна галерија. пристапено на 26 мај 2008 (англиски)
Литература
уреди- Hulme, Graham, The National Portrait Gallery: An Architectural History, National Portrait Gallery Publications, 2000, ISBN 1855142937
Надворешни врски
уреди„Национална портретна галерија (Лондон)“ на Ризницата ? |
- OОфицијална страница на Националната портретна галерија (англиски)
- Историја на Националната портретна галерија (англиски)
- Целосен илустриран каталог Архивирано на 10 декември 2006 г. (англиски)
- „Национална портретна галерија: Посетителски водич“ од Џон Купер Архивирано на 9 декември 2006 г. (изд. 2006) (англиски)
- Пребарување на збирката Архивирано на 13 ноември 2010 г. (англиски)