Фудбалска лига на Англија Еден
Фудбалска лига на Англија Еден или позната само како Лига Еден (поради спонзорски причини уште се нарекува и Скај Бет Лига Еден) е втора највисока дивизија во Фудбалската лига на Англија, после Чемпионшип, и третото ниво севкупно во англискиот лигашки фудбалски систем, после Премиер лигата и Чемпионшип.
Земја | Англија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 2004 1992–2004 (Втора Дивизија) 1958–1992 (Трета Дивизија) 1921–1958 (Трета Дивизија Север/Југ) 1920–1921 (Трета Дивизија) |
Број на клубови | 24 |
Нивоа на пирамида | 3 |
Промоција во | Чемпионшип (второ ниво) |
Испаѓање во | Лига Два (четврто ниво) |
Домашен куп | ФА Куп |
Тековен првак | Виган Атлетик (3. титула) (2020-2021) |
Најмногу титули | Виган Атлетик (3 титули) |
ТВ партнери | Скај Спортс |
Мрежно место | efl.com/sky-bet-league-one/ |
Фудбалска лига на Англија Еден 2022-2023 |
Првото издание на Лига Еден било во сезоната 2004–2005. Претходно лигата била позната накратко како Втора дивизија на фудбалската лига на Англија и многу подолго, пред формирањето на Премиер лигата, како Трета дивизија на фудбалската лига на Англија.
Лигата содржи 24 клубови кои играат помеѓу себе двапати. Првите два клуба на крајот од сезоната, заедно со победникот на плејофот, добиваат промоција во Чемпионшип, додека последните четири клуба на табелата испаѓаат во Лига Два. Последен шампион на лигата е Виган Атлетик, кој бил победник во сезоната 2021-2022.
Историја
уредиСегашната деноминација била применета во 2004 за да ја замени преодната Втора дивизија, назив кој се користел од 1993 до 2003, наместо класичната Трета дивизија, име со кое категоријата била позната од 1920 до 1992.
Третата дивизија - Југ била инаугурирана во 1920 година, кога фудбалската лига одлучила да се прошири на југот на Англија (област на земјата каде што дотогаш имало многу малку екипи) и со тоа избрале во своите редови 22 нови клубови од Јужната лига. Ова довело до протести од неколку северни клубови, кои исто така се пријавиле да се приклучат, и на тој начин следната година била формирана подеднакво нова лига - Трета дивизија - Север - со 20 клубови. Во 1923 година, бројот на клубови и на северот, исто така, се зголемил на 22 (колку што имала и Третата дивизија - Југ), а во 1950 двете лиги имале по 24 учесници. Само победниците од двете групи имале пристап до повисоката дивизија и тоа ја отежнувало многу промоцијата во Втората дивизија.
Во 1958 било одлучено наместо досегашните две лиги да се воведе единствената група во ова ниво на натпреварување, создавајќи една лига позната само како Трета дивизија, додека исклучените клубови биле собрани во нова Четврта дивизија. Така, местата кои воделе во повисок ранг станале две, додека за да се смират негодувањата на клубовите кои биле спуштени во четвртото ниво, биле утврдени дури четири испаѓања од Третата дивизија. Во 1974 механизмот бил оживеан со трета промоција, која од 1987 година се добива преку систем на играње плејоф.
Во 2013 година биле усвоени правилата елаборирани од УЕФА, кои се однесуваат на финансиски фер-плеј, кои наметнуваат фиксна граница на дозволени трошоци за потпишување на играчите со клубовите.[1]
Правила
уредиВо Лига Еден се натпреваруваат 24 екипи кои играат меѓусебно во Бергеров систем, со први и реванш натпревари, за вкупно 46 кола. По 3 поени се доделуваат за секоја победа, по 1 поен за нерешено и без поени за пораз. Во случај на ист број бодови на крајот од сезоната, за формулирање на конечниот пласман се земаат предвид следните критериуми: гол-разлика, поголем број на постигнати голови, посебен пласман во меѓусебните дуели меѓу засегнатите екипи, поголем број на победи, поголем број на голови дадени во гости, фер-плеј и доколку е се тоа изедначено на крајот ќе се игра плејоф натпревар.[2]
Првопласираниот тим на крајот од сезоната ќе биде крунисан за шампион на Лига Еден и добива промоција во Чемпионшип, заедно со второпласираната екипа и победникот на плејофот, во кои учествуваат екипите кои завршуваат од 3-тото до 6-тото место во регуларниот дел од сезоната. Последните четири екипи испаѓаат во Лига Два.
Формула по која се игра плејофот
- Полуфинале:
- 4. место - 5. место
- 3. место - 6. место
Двомеч со прв натпревар и реванш, кој најпрво се игра на домашниот терен на полошо пласираната екипа во поредокот, додека подобро пласираната екипа ќе игра на домашен терен во реваншот. Во случај на еднаков број на голови во збирот од двата натпревари (не се применува правилото гол во гости), се играат продолженија и евентуално доколку е потребно ќе се изведуваат пенали.
- Финале:
- Победникот од полуфинале 1 - Победникот од полуфинале 2
Еден натпревар, се игра на неутрален терен. Во случај на нерешено, се играат продолженија и евентуално доколку е потребно ќе се изведуваат пенали.
Екипи во сезоната 2022-2023
уредиКлуб | Град | Стадион | Капацитет |
---|---|---|---|
Акрингтон Стенли | Акрингтон | Краун Граунд | 5,057 |
Барнсли | Барнсли | Оуквел | 23,287 |
Бартон Албион | Бартон на Трент | Пирели | 6,912 |
Болтон | Болтон | Јуниверзити оф Болтон | 28,723 |
Бристол Роверс | Бристол | Меморијал | 12,300 |
Викомб Вондерерс | Хај Викомб | Адамс Парк | 9,448 |
Дарби Каунти | Дарби | Прајд Парк | 33,597 |
Ексетер Сити | Ексетер | Сент Џејмс Парк | 8,696 |
Ипсвич Таун | Ипсвич | Портман Роуд | 30,311 |
Кембриџ Јунајтед | Кембриџ | Аби | 8,127 |
Линколн Сити | Линколн | Стедиум ЛНЕР | 10,120 |
МК Донс | Милтон Кинс | Стедиум МК | 30,500 |
Морекамб | Морекамб | Мазума | 6,476 |
Оксфорд Јунајтед | Оксфорд | Касам | 12,400 |
Питерборо Јунајтед | Питерборо | Лондон Роуд | 14,793 |
Плимут | Плимут | Хом Парк | 18,600 |
Порт Вејл | Стоук на Трент (Барслем) | Вејл Парк | 19,052 |
Портсмут | Портсмут | Фратон Парк | 19,670 |
Флитвуд Таун | Флитвуд | Хајбери | 5,327 |
Форест Грин | Нејлсворт | Њу Лон | 5,147 |
Чарлтон | Лондон (Чарлтон) | Вели | 27,111 |
Челтнем Таун | Челтнем | Џони-Рокс | 7,066 |
Шефилд Венздеј | Шефилд | Хилсборо | 39,732 |
Шрузбери | Шрузбери | Монтгомери Вотерс Мидоу | 9,875 |
Шампиони и промоции
уредиУспешност по клубови
уредиКлуб | Титули | Сезони |
---|---|---|
Виган Атлетик | 3 | 2015-2016, 2017-2018, 2021-2022 |
Лутон Таун | 2 | 2004-2005, 2018-2019 |
Брајтон | 1 | 2010-2011 |
Бристол Сити | 1 | 2014-2015 |
Чарлтон | 1 | 2011-2012 |
Ковентри Сити | 1 | 2019-2020 |
Донкастер Роверс | 1 | 2012-2013 |
Хал Сити | 1 | 2020-2021 |
Лестер Сити | 1 | 2008-2009 |
Норич Сити | 1 | 2009-2010 |
Сканторп Јунајтед | 1 | 2006-2007 |
Шефилд Јунајтед | 1 | 2016-2017 |
Саутенд Јунајтед | 1 | 2005-2006 |
Свонзи Сити | 1 | 2007-2008 |
Вулверхемптон | 1 | 2013-2014 |
Статистика
уредиПласмани
уреди- Екипите во оваа позадина се натпреваруваат во Лига Еден 2022–2023
Клуб | Вкупно сезони | Прва сезона | Последна сезона | Пласмани по сезони | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Акрингтон Стенли | 5 | 2018-2019 | 2022-2023 | 14 | 17 | 11 | 12 | - | ||||||||||||||
AФК Вимблдон | 6 | 2016-2017 | 2021-2022 | 15 | 18 | 20 | 20 | 19 | 23 | |||||||||||||
Барнсли | 6 | 2004-2005 | 2022-2023 | 13 | 5 | 11 | 6 | 2 | - | |||||||||||||
Блекбурн Роверс | 1 | 2017-2018 | 2017-2018 | 2 | ||||||||||||||||||
Блекпул | 8 | 2004-2005 | 2020-2021 | 16 | 19 | 3 | 22 | 12 | 10 | 13 | 3 | |||||||||||
Болтон | 4 | 2016-2017 | 2022-2023 | 2 | 23 | 9 | - | |||||||||||||||
Борнмут | 7 | 2006-2007 | 2014-2015 | 8 | 17 | 19 | 21 | 6 | 11 | 2 | ||||||||||||
Брадфорд Сити | 9 | 2006-2007 | 2020-2021 | 11 | 11 | 22 | 11 | 7 | 5 | 5 | 11 | 24 | ||||||||||
Брентфорд | 8 | 2004-2005 | 2013-2014 | 4 | 3 | 24 | 9 | 11 | 9 | 3 | 2 | |||||||||||
Брајтон | 5 | 2006-2007 | 2010-2011 | 18 | 7 | 16 | 13 | 1 | ||||||||||||||
Бристол Сити | 5 | 2004-2005 | 2014-2015 | 7 | 9 | 2 | 12 | 1 | ||||||||||||||
Бристол Роверс | 10 | 2007-2008 | 2022-2023 | 16 | 11 | 11 | 22 | 10 | 13 | 15 | 14 | 24 | - | |||||||||
Бартон Албион | 6 | 2015-2016 | 2022-2023 | 2 | 9 | 12 | 16 | 16 | - | |||||||||||||
Бери | 6 | 2011-2012 | 2019-2020 | 14 | 22 | 16 | 19 | 24 | 24 | |||||||||||||
Виган Атлетик | 4 | 2015-2016 | 2021-2022 | 1 | 1 | 20 | 1 | |||||||||||||||
Викомб Вондерерс | 6 | 2009-2010 | 2022-2023 | 22 | 21 | 17 | 3 | 6 | - | |||||||||||||
Волсол | 14 | 2004-2005 | 2018-2019 | 14 | 24 | 12 | 13 | 10 | 20 | 19 | 9 | 13 | 14 | 3 | 14 | 19 | 22 | |||||
Вулверхемптон | 1 | 2013-2014 | 2013-2014 | 1 | ||||||||||||||||||
Даг енд Ред | 1 | 2010-2011 | 2010-2011 | 21 | ||||||||||||||||||
Дарби Каунти | 1 | 2022-2023 | 2022-2023 | - | ||||||||||||||||||
Донкастер Роверс | 12 | 2004-2005 | 2022-2023 | 10 | 8 | 11 | 3 | 1 | 13 | 21 | 15 | 6 | 9 | 14 | 22 | |||||||
Ексетер Сити | 4 | 2009-2010 | 2022-2023 | 18 | 8 | 23 | - | |||||||||||||||
Ипсвич Таун | 4 | 2019-2020 | 2022-2023 | 11 | 9 | 11 | - | |||||||||||||||
Карлајл Јунајтед | 8 | 2006-2007 | 2013-2014 | 8 | 4 | 20 | 14 | 12 | 8 | 17 | 22 | |||||||||||
Кембриџ Јунајтед | 2 | 2021-2022 | 2022-2023 | 14 | - | |||||||||||||||||
Ковентри Сити | 7 | 2012-2013 | 2019-2020 | 15 | 18 | 17 | 8 | 23 | 8 | 1 | ||||||||||||
Колчестер Јунајтед | 10 | 2004-2005 | 2015-2016 | 15 | 2 | 12 | 8 | 10 | 10 | 20 | 16 | 19 | 23 | |||||||||
Кроули Таун | 3 | 2012-2013 | 2014-2015 | 10 | 14 | 22 | ||||||||||||||||
Кру Александра | 9 | 2006-2007 | 2021-2022 | 13 | 20 | 22 | 13 | 19 | 20 | 24 | 12 | 24 | ||||||||||
Лејтон Ориент | 9 | 2006-2007 | 2014-2015 | 20 | 14 | 14 | 17 | 7 | 20 | 7 | 3 | 23 | ||||||||||
Лестер Сити | 1 | 2008-2009 | 2008-2009 | 1 | ||||||||||||||||||
Лидс Јунајтед | 3 | 2007-2008 | 2009-2010 | 5 | 4 | 2 | ||||||||||||||||
Линколн Сити | 4 | 2019-2020 | 2022-2023 | 16 | 5 | 17 | - | |||||||||||||||
Лутон Таун | 3 | 2004-2005 | 2018-2019 | 1 | 24 | 1 | ||||||||||||||||
Милвол | 6 | 2006-2007 | 2016-2017 | 10 | 17 | 5 | 3 | 4 | 6 | |||||||||||||
МК Донс | 15 | 2004-2005 | 2022-2023 | 20 | 22 | 3 | 12 | 5 | 5 | 8 | 10 | 2 | 12 | 23 | 19 | 13 | 3 | - | ||||
Морекамб | 2 | 2021-2022 | 2022-2023 | 19 | - | |||||||||||||||||
Нортхемптон Таун | 6 | 2006-2007 | 2020-2021 | 14 | 9 | 21 | 16 | 22 | 22 | |||||||||||||
Норич Сити | 1 | 2009-2010 | 2009-2010 | 1 | ||||||||||||||||||
Нотингем Форест | 3 | 2005-2006 | 2007-2008 | 7 | 4 | 2 | ||||||||||||||||
Нотс Каунти | 5 | 2010-2011 | 2014-2015 | 19 | 7 | 12 | 20 | 21 | ||||||||||||||
Рексам | 1 | 2004-2005 | 2004-2005 | 22 |
Учества
уредиВо досегашните 19 одиграни сезони на првенството, учествувале 75 клубови. Клубовите (24) кои учествуваат во актуелната сезона Лига Еден 2022-2023 се означени со болд.
Учества на клубовите во Лига Еден во број на сезони:
- 15: МК Донс
- 14: Олдам Атлетик
- 13: Џилингем, Волсол
- 12: Донкастер Роверс, Питерборо Јунајтед
- 11: Свиндон Таун, Транмир Роверс
- 10: Бристол Роверс, Сканторп Јунајтед, Шрузбери
- 9: Брадфорд Сити, Чарлтон, Колчестер Јунајтед, Кру Александра, Флитвуд Таун, Лејтон Ориент, Порт Вејл, Рочдејл, Саутенд Јунајтед, Јовил Таун
- 8: Блекпул, Карлајл Јунајтед
- 7: Борнмут, Честерфилд, Ковентри Сити, Хартлепул Јунајтед, Хадерсфилд Таун, Оксфорд Јунајтед, Портсмут
- 6: AФК Вимблдон, Барнсли, Брентфорд, Бартон Албион, Милвол, Нортхемптон Таун, Ротерам Јунајтед, Шефилд Јунајтед, Викомб Вондерерс
- 5: Акрингтон Стенли, Болтон, Брајтон, Бери, Челтнем Таун, Плимут, Престон, Шефилд Венздеј
- 4: Бристол Сити, Ексетер Сити, Ипсвич Таун, Линколн Сити, Сандерленд, Виган Атлетик
- 3: Кроули Таун, Лидс Јунајтед, Лутон Таун, Морекамб, Нотингем Форест, Нотс Каунти, Стокпорт, Стивениџ, Свонзи Сити
- 2: Кембриџ Јунајтед, Хал Сити, Саутхемптон, Вулверхемптон
- 1: Блекбурн Роверс, Даг енд Ред, Дарби Каунти, Форест Грин, Херефорд Јунајтед, Лестер Сити, Норич Сити, Торки Јунајтед, Рексам
Најдобри стрелци по сезони
уредиb Во 35 натпревари. Сезоната била скратена поради коронавирус
Наводи
уреди- ↑ „League agrees to new UEFA financial regulations“ (англиски). BBC Sport. 10 јули 2011.
- ↑ „EFL Regulations Section 3 – The League; subsection 9 – Method of Determining League Positions“ (англиски). EFL. Архивирано од изворникот на 18 мај 2018. Посетено на 11 октомври 2020. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=
(help)