Ајван Тони

Ова е објавената верзија, проверена на 9 септември 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Ајван Тони (роден на 16 март 1996, во Нортхемптон) — англиски фудбалер, напаѓач на Брентфорд и на англиската репрезентација.

Ајван Тони
Лични податоци
Роден на 16 март 1996(1996-03-16)(28 г.)
Роден во Нортхемптон, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Брентфорд Брентфорд
Број 17
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2015 Нортхемптон Таун Нортхемптон Таун 53 (11)
2015-2018 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 2 (0)
2015-2016Барнсли Барнсли 15 (1)
2016-2017Шрузбери Шрузбери 21 (1)
2017Сканторп Јунајтед Сканторп Јунајтед 15 (6)
2017-2018Виган Атлетик Виган Атлетик 24 (4)
2018Сканторп Јунајтед Сканторп Јунајтед 16 (8)
2018-2020 Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед 76 (40)
2020- Брентфорд Брентфорд 128 (67)
Репрезентација
2023- Англија Англија 4 (1)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Биографија

уреди

Тони е роден и израснал во Нортхемптон, Источен Мидлендс, каде живеел со својата мајка Лиза, која по потекло е од Јамајка.[1] Бидејќи неговите родители се развеле кога бил многу мал, неговиот татко не бил присутен во неговиот живот и тој бил одгледан само од едниот родител, неговата мајка.[1] Тони има две сестри Џема и Џасмин и два полубраќа (од иста мајка).[1]

Клупска кариера

уреди

Нортхемптон Таун

уреди
 
Тони играјќи за Нортхемптон Таун во 2014

Роден во Нортхемптон,[2] Тони ја започнал својата кариера во клубот од неговиот роден град Нортхемптон Таун.[3] Своето деби во професионалниот фудбал го направил со првиот тим на Нортхемптон Таун на 13 ноември 2012, во ремито 3–3 во првото коло на ФА купот на гостувањето кај Брадфорд Сити; тој влегол во игра по завршувањето на регуларното време на местото на Луис Вилсон, а неговиот тим на крајот загубил со 4–2 по изведување пенали.[4] На само 16 години, Тони станал најмладиот дебитант во историјата на клубот.[5]

Следната сезона (2013-2014), тој добил простор да игра во нешто повеќе натпревари. На 26 април 2014 година, Тони ги постигнал својте први голови во професионалната кариера, постигнувајќи два во првото полувреме од победата со 3-0 на гостувањето кај Дагенам и Редбриџ.[6] На 3 мај, тој постигна гол со глава во победата на Нортхемптон над Оксфорд Јунајтед со 3–1 на домашен терен со која било избегнато испаѓањето во Конференција Премиер во последниот ден од сезоната.[7]

Откако во сезоната 2014-2015 постигнал 10 голови на 44 натпревари за Нортхемптон, Тони го привлекол вниманието на клубовите од погорните дивизии и било јасно дека наскоро ќе го напушти клубот во кој што "поникнал". Тони одиграл три сезони за Нортхемптон во англиската Лига Два (четвртото ниво), забележувајќи севкупно 60 настапи за клубот и 13 голови.

Њукасл Јунајтед и серија позајмици

уреди

На 6 август 2015, Тони потпишал договор со Њукасл Јунајтед, член на англиската елитна дивизија - Премиер лигата.[8] Своето деби за страчките го направил на 25 август во второто коло од Лига купот, заменувајќи го Масадио Ајдара во последните 12 минути од победата на домашен терен со 4-1 над неговиот поранешен клуб.[9] На 26 септември, тој го одиграл својот прв првенствен натпревар за Њукасл, влегувајќи како замена во 85-тата минута на местото на Александар Митровиќ во ремито 2–2 на домашен терен против Челси.[10]

Неуспевајќи да се наметне посериозно во нападот на Њукасл Јунајтед покрај имиња како гореспоменатиот Митровиќ, Папис Сисе и Ајосе Перес, Тони го чекал циклус на позајмици во други клубови главно во третото ниво на Англија каде тој во периодот од 2015 до 2018 година настапувал за неколку различни екипи како Барнсли (двапати, 2015 и 2016 година), Шрузбери Таун (2016-2017), Сканторп Јунајтед (двапати 2016-2017 и 2018) и Виган Атлетик (2017-2018).

Питерборо Јунајтед

уреди

По серијата позајмици, на 9 август 2018 година, Њукасл го продал Тони на Питерборо Јунајтед, уште еден клуб кој во тоа време се натпреварувал во Лига Еден.[11] Своето деби го направил два дена подоцна во победата со 4–1 над Рочдејл заменувајќи го Џејсон Камингс,[12] а влегувајќи како замена за истиот играч на 8 септември против Саутенд Јунајтед, Тони го постигнал својот прв гол за Пош во победата со 3-2.[13] Својата прва сезона со Питерборо ја завршил како најдобар стрелец на клубот со 16 првенствени погодоци, но Пош останалe надвор од борбата за промоција завршувајќи седми.

Во сезоната 2019-2020, Тони бил најдобар стрелец во првенството со 24 гола. Особено забележителна била неговата форма кон крајот на првенството кога постигнал 9 гола на последните 7 натпревари, пред првенството да биде прекинат во март 2020 година, поради пандемијата на КОВИД-19. Одличните игри на Тони довеле до тоа тој да биде избран за Играч на сезоната во Лига Еден, но Питерборо повторно завршил на разочарувачкото седмо место.

Брентфорд

уреди

На 31 август 2020 година, Тони потпишал петгодишен договор со една лига повисоко рангираниот клуб Брентфорд. Сумата на трансферот била пријавена дека изнесува околу 5 милиони фунти или околу 10 милиони фунти со вклучени бонуси, што претставувало рекордна продажба на Питерборо.[14][15] Во исто време, премиерлигашот Тотенхем бил уште една екипа која го посакувала Тони во својте редови, но само како резервна опција за својот главен напаѓач Хари Кејн.[16]

Дебитирал со Брентфорд во Чемпионшпип на 12 септември 2020, во поразот на пчеличките на гостувањето кај Бирмингем Сити. Својот прв гол за Брентфорд го постигнал кон крајот на истиот месец во ремито 1–1 против Милвол, од пенал;[17] по спориот почеток, Тони влегол во одлична форма на почетокот на октомври кога во секој од првите три натпревари во месецот постигнувал по два гола против Престон (2-4), Ковентри Сити (2-0) и Шефилд Венздеј (2-1).[18] На 3 ноември, го постигнал десеттиот погодок за сезоната, во ремито на домашен терен 1-1 против Свонзи Сити.[19] Како Тони ја зголемувал својата голгетерска сметка, така и Брентфорд започнал да бележи серија добри резултати која одвела клубот на челните позиции на табелата со реална шанса да се бори за промоција. На 30 јануари 2021, Тони постигнал хет-трик во победата со 7-2 над Виком Вондерерс на Брентфорд Комјунити Стедиум.[20] На 8 мај 2021 година, Тони го постигнал својот 31-ви првенствен гол за сезоната против Бристол Сити, поставувајќи нов рекорд во Чемпионшип за најмногу постигнати голови во една сезона.[21] Тој бил номиниран како еден од кандидатите за Играч на сезоната во Чемпионшип.

Откако на крајот на сезоната Брентфорд завршил на третото место, клубот морал да игра плејоф за промоција во Премиер лигата, каде Тони уште еднаш бил одлучувачки за својот клуб; тој најпрво постигнал гол од пенал во победата со 3-1 над Борнмут во полуфиналето, која му овозможила на клубот да се пласира во финалето на Вембли втора година по ред, а потоа и таму да реализира удар од белата точка за да го доведе Брентфорд во водство против Свонзи. Финалето завршило со победа на пчеличките од 2-0 и враќање во елитата за лондонскиот клуб после цели 74 години пауза.[22] Тони бил најдобар стрелец за сезоната во Чемпионшип со 33 постигнати гола.[23]

На 13 август 2021, после повеќе од пет години и седум месеци од својот последен настап во Премиер лигата (за Њукасл Јунајтед против Манчестер Јунајтед во јануари 2016), Тони го започнал првиот натпревар на Брентфорд во Премиер лигата за сезоната 2021-2022, во кој пчеличките неочекувано го совладале фаворитот Арсенал на домашен терен со 2-0.[24] На крајот на истиот тој месец, Тони го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера, во ремито 1-1 на гостувањето на Вила Парк против Астон Вила.[25] На 28 ноември 2021, Тони го постигнал својот прв гол на Брентфорд Комјунити Стедиум за сезоната, во победата со 1-0 над Евертон. На 5 март 2022, тој го постигнал првиот хет-трик за Брентфорд во Премиер лигата во многу важната победа од 3–1 на гостински терен против конкурентот во борбата за опстанок Норич Сити.[26] Следната недела, тој додал уште два гола во победата со 2-0 над Барнли, уште еден клуб замешан во борбата за опстанок. Сезоната ја завршил како најдобар стрелец на Брентфорд со вкупно 14 гола, 12 во лигата и 2 во куповите.

На 3 септември 2022 година, Тони го постигнал својот втор хет-трик во Премиер лигата во победата со 5–2 на домашен терен над Лидс Јунајтед; неговиот прв гол бил 50-тиот за клубот, додека вториот и третиот гол биле неговите први надвор од шеснаесетникот откако се приклучил на Брентфорд.[27] Во Брентфорд, Тони се претворил во речиси беспрекорен изведувач на пенали, реализирајќи го секој изведен пенал за клубот до април 2023 година.[28][29] Одличната сезона во која на 33 натпревари постигнал 20 голови во Премиер лигата, завршила предвреме за него, откако добил осуммесечна забрана за играње фудбал од ФА поради бројни прекршувања на правилата за обложување.[30]

На 20 јануари 2024 година, во неговиот прв натпревар за Брентфорд по неговата суспензија, Тони постигнал гол директно од слободен удар во победата од 3–2 над Нотингем Форест.[31]

Репрезентативна кариера

уреди

За англиската репрезентација дебитирал во натпревар против Украина во квалификациите за Европското првенство 2024.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
26-3-2023 Лондон Англија   2 – 0   Украина Квал. за Евро 2024 -   81'
26-3-2024 Лондон Англија   2 – 2   Белгија Пријателска 1   80'
7-6-2024 Лондон Англија   0 – 1   Исланд Пријателска -   64'
30-6-2024 Гелзенкирхен Англија   2 – 1 прод.   Словачка Евро 2024 - Осминафинале -   90+4'
Вкупно Настапи 4 Голови 1

Статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 23 април 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013   Нортхемптон Таун ФЛ2 0 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - ТФЛ 0 0 1 0
2013-2014 ФЛ2 13 3 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - ТФЛ 1 0 15 3
2014-2015 ФЛ2 40 8 ФАКуп+ЛК 2+1 1+1 - - - ТФЛ 1 0 44 10
Вкупно Нортхемптон Таун 53 11 5 2 0 0 2 0 60 13
2015-2016   Њукасл Јунајтед ПЛ 2 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0+0 - - - - - - 4 0
ное. 2015- јун. 2016   Барнсли ФЛ1 15+3 1+0 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - ТФЛ 3 1 21 2
2016-јан. 2017   Шрузбери Таун ФЛ1 19 6 ФАКуп+ЛК 3+2 0+0 - - - ТФЛ 2 1 26 7
јан.-јун. 2017   Сканторп Јунајтед ФЛ1 15+2 6+1 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - ТФЛ 0 0 17 7
2017-јан. 2018   Виган Атлетик ФЛ1 24 4 ФАКуп+CdL 4+0 2+0 - - - FLT 0 0 28 6
јан.-јун. 2018   Сканторп Јунајтед ФЛ1 16 8 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - ТФЛ 2 0 18 8
2018-2019   Питерборо Јунајтед ФЛ1 44 16 ФАКуп+ЛК 4+1 4+0 - - - FLT 6 3 55 23
2019-2020 ФЛ1 32 24 ФАКуп+ЛК 4+1 2+0 - - - FLT 2 0 39 26
Вкупно Питерборо Јунајтед 76 40 10 6 0 0 8 3 94 49
2020-2021   Брентфорд ФЛЧ 45+3 31+2 ФАКуп+ЛК 0+4 0+0 - - - - - - 52 33
2021-2022 ПЛ 28 12 ФАКуп+ЛК 2+2 1+1 - - - - - - 32 14
Вкупно Брентфорд 76 45 8 2 0 0 - - 84 47
Вкупно во кариерата 301 122 34 12 0 0 17 5 352 139

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Барнсли

уреди
2015-2016

  Виган Атлетик

уреди
2017-2018

Индивидуални

уреди
2020-2021(33 гола)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Hale Hendrix. „Ivan Toney Childhood Story Plus Untold Biography Facts“. lifeblogger.com. Архивирано од изворникот на 2022-06-25. Посетено на 24 април 2022.
  2. „Ivan Toney“. 11v11.com. AFS Enterprises. Посетено на 8 April 2020.
  3. „Ајван Тони“. Barry Hugman's Footballers.
  4. „Bradford 3–3 Northampton“. BBC Sport. 13 November 2012. Посетено на 27 August 2018.
  5. „Aidy Boothroyd to call on Northampton Town youth players“. BBC Sport. 15 November 2012. Посетено на 27 August 2018.
  6. „Dagenham & Redbridge 0–3 Northampton Town“. BBC Sport. 26 April 2014. Посетено на 27 August 2018.
  7. Osborne, Chris (3 May 2014). „Northampton Town 3–1 Oxford United“. BBC Sport. Посетено на 27 August 2018.
  8. „Ivan Toney: Newcastle United sign Northampton Town striker“. BBC Sport. 6 August 2015. Посетено на 27 August 2018.
  9. „Newcastle United 4–1 Northampton Town“. BBC Sport. 25 August 2015. Посетено на 27 August 2018.
  10. Bevan, Chris (26 September 2015). „Newcastle United 2–2 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 27 August 2018.
  11. „Posh swoop for Toney“. Peterborough United F.C. 9 August 2018. Посетено на 9 August 2018.
  12. Swann, Alan (12 August 2018). „ROCHDALE 1, PETERBOROUGH UNITED 4: Six goals and six points represents a great start for impressive Posh“. Peterborough Telegraph. Посетено на 2 January 2019.
  13. „Family man Ivan Toney celebrates his first Peterborough United goal in style“. Peterborough Telegraph. 12 September 2018. Посетено на 2 January 2019.
  14. „IVAN TONEY SIGNS FOR BRENTFORD“. Brentford F.C. 31 August 2020.
  15. Swann, Alan (31 August 2020). „Peterborough United have sold Ivan Toney to Brentford for a club record fee“. Peterborough Today.
  16. De Cosemo, Harry (29 April 2021). „Ivan Toney: Is prolific Brentford forward ready to become the Premier League's next star striker?“. BBC Sport. Посетено на 30 April 2021.
  17. „Millwall 1–1 Brentford“. BBC Sport. 26 September 2020. Посетено на 26 September 2020.
  18. „Sheffield Wednesday 1–2 Brentford“. BBC Sport. 21 October 2020. Посетено на 30 April 2021.
  19. „Brentford 1–1 Swansea City“. BBC Sport. 3 November 2020. Посетено на 23 април 2022.
  20. „Brentford 7–2 Wycombe Wanderers“. BBC Sport. 30 January 2021. Посетено на 30 April 2021.
  21. „Bristol City 1–3 Brentford: Stylish Bees ease past Bristol City“. BBC Sport. 8 May 2021. Посетено на 8 May 2021.
  22. „Relive Brentford's play-off final win over Swansea“. BBC Sport. 25 May 2021.
  23. „EFL Championship Top Scorers 2020/21“. infogol.net. Посетено на 23 април 2022.
  24. „Brentford 2–0 Arsenal“. bbc.co.uk. 13 August 2021. Посетено на 13 August 2021.
  25. „Aston Villa 1–1 Brentford“. bbc.co.uk. 28 August 2021. Посетено на 23 април 2022.
  26. „Norwich City 1–3 Brentford: Ivan Toney hat-trick as Bees move five points clear of bottom three“. BBC Sport. 5 March 2022. Посетено на 6 March 2022.
  27. „Brentford 5–2 Leeds United: Ivan Toney passes 50 goals for Bees with stunning hat-trick“. BBC Sport. 3 September 2022. Посетено на 4 September 2022.
  28. Begley, Emlyn (14 October 2022). „Ivan Toney: Can England ignore Brentford striker's penalty perfection?“. BBC Sport. Посетено на 1 January 2023.
  29. „Brentford 1–2 Newcastle United“. BBC Sport. 8 April 2023. Посетено на 11 April 2023.
  30. „Toney suspended for eight months for breaching betting rules“. www.premierleague.com.
  31. „Toney scores on return as Brentford beat Forest“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2024-01-19.

Надворешни врски

уреди