Филип III Аридеј
Филип III Аридеј (~359 — 25 декември 317 г. п.н.е.) — крал на Македонија (од 10 јуни 323 г. п.н.е. до 25 декември 317 г. п.н.е.), син на Филип II Македонски од Филина од Лариса, тесалиска танчерка, и полубрат на Александар Македонски. Првично, името му било Аридеј, а кога дошол на власт се нарекол Филип III Македонски. Според Плутарх, по обидот на Олимпија да го отруе, сакајќи да го елиминира секој потенцијален соперник на Александар, Аридеј станал умствено неспособен и епилептичен.
Филип III Аридеј | |
---|---|
Крал на Македонија | |
Статер на Филип III Аридеј | |
На престол | 323–317_п.н.е |
Претходник | Александар III Македонски |
Сопружник | Евридика III |
Династија | Аргеади |
Татко | Филип II |
Мајка | Филина од Лариса |
Заради неговата умствени ограничувања, Аридеј никогаш не претставувал опасност за Александровото наследување на Филип II, иако бил неколку години постар од Александар. И покрај тоа, кога во 337 г. п.н.е. сатрапот на Карија, Пиксодар, ја предложил ќерка си за брак со Филип, кој го понудил Аридеј за маж, Александар го попречил тој план и покрај значителните приговори на Филип. За време на тринаесетте години во кој Алексадар владеел (336 г. п.н.е. — 323 г. п.н.е.) Филип не врши некакви функции.
Кога Алаксандар умрел, Аридеј бил во Вавилон на 11 јуни 323 г. п.н.е. Тука настанала криза за наследството: Аридеј бил најочигледниот кандидат, но бил умствено несоодветен за таа задача. Конфликт настанал помеѓу Пердика, водач на Коњичките придружници и Мелеагар, кој бил командант на фалангата: првиот сакал да види дали Роксана, трудната жена на Александар, ќе роди машко дете, додека вториот велел дека Аридеј е најблискиот жив роднина и затоа треба да биде крал. Дури и во случај Мелеагар да бил убиен, бил смислен компромис: Аридеј ќе станел крал под име Филип и ќе им се придружи на Роксана и синот ако биде машко. Така и направил и му се придружил на вујко си под име Александар. Веднаш било решено дека Аридеј треба да кралува, но не и да владее: ова бил прерогатив на новиот регент Пердика.
Кога вестите за изборот на Аридеј стигнале во Македонија, Кинана, ќерката на Филип II, смислила план да премине во Азија и да му ја понуди својата ќерка Евридика II на кралот. Овој потег бил очигледна навреда врз регентот, кого Кинана целосно го заобиколила. За да го спречи ова, Пердика го пратил својот брат Алкет да ја убие Кинана, но поради реакциите на војската ова не се случило и регентот морал да го прифати бракот. Од тогаш Филип Аридеј бил под влијание на неговата жена која упорно се обидувала да ја докаже моќта на мажот си.
Евридика добила можност за време на првата војна на дијадосите и така му ја запечатила судбината на Пердика, со тоа што направиле нов договор (Договор од Трипарадис) во Сирија во 320 г. п.н.е. Евридика успеала да ги отстрани првите два планирани регенти, Пејтон и Аридеј, но не можела да го запре премногу моќниот Антипатар: тој станал новиот регент, а Филип Аридеј и Евридика морале да го следат во Македонија.
Регентот Антипатар умрел од природна смрт следната година, не назначувајќи го за наследник својот син Касандар, туку неговиот пријател Полиперхон. Касандар одбил да ја почитува волјата на татка си и ова ја предизвикало втората дијадоска војна, во која Евридика повторно увидела шанса да го ослободи Филип од контролата на регентот. Шансата дошла во 317 г. п.н.е. кога Касандар го прогонил Полиперхон од Македонија: Евридика веднаш се сојузила со него и го натерала да го номинира нејзиниот маж за новиот регент, со тоа што Касандар би ѝ оставил полна власт во Македонија кога тој е во поход во Грција. Тогаш Евмен бил назначен како новиот командант на македонските сили во Азија и на овој начин оттргнувајќи го најсилниот сојузник на Полиперхон, Антигон Едноокиот.
Но сето ова се покажало како ефемерно. Истата година (317 г. п.н.е.) Полиперхон и Олимпија, во сојуз со кралот на Епир Еакид, извршил инвазија на Македонија, додека македонските единици одбиле да се борат против синот на Александар, кого напаѓачите го повеле со себе. Филип и Евридика немале друг избор освен да избегаат, но биле фатени во Амфипол и фрлени во затвор. Бидејќи било утврдено дека Филип е премногу опасен за да живее, зашто многу непријатели на Олимпија го гледале како корисна алатка против неа, на 25 декември 317 г. п.н.е. таа наредила Филип да се погуби, додека неговата жена, Евридика била присилена да изврши самоубиство.
Следната година, кога Касандар ја освоил Македонија и се одмаздил за Филиповата смрт, ги преместил телата на Филип и Евридика со кралска помпа во Еге и прославил погребни игри во нивна чест.
Во 1977 најдена е гробницата на Филип III Аридеј близу Кутлеш.
Извори
уреди- William Smith (editor), Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, "Arrhidaeus (1)" Архивирано на 26 октомври 2005 г., "Eurydice (3)" Архивирано на 31 декември 2005 г., Boston, 1867.
Надворешни врски
уреди- Livius.org: Arridaeus Архивирано на 24 ноември 2009 г. од Jona Lendering
- во Вики класичнен речник: Arrhidaeus[мртва врска]
- Страна за монетите за време на неговото владеење
- Археолошки извештај за неговата гробница и останки. Архивирано на 21 октомври 2010 г.
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |