Коњички придружници

Придружници — елитни коњички единици на Александар Македонски, офанзивната рака на неговата војска и негова елитна гарда. Тие се употребувале заедно со македонската фаланга. Фалангата го држела непријателот на едно место додека коњаницата напаѓала по страните, или во грбот на непријателот. Александар го водел јуришот на коњаницата, обично во клинеста формација. Овие трупи исто така ги штителе крилата на македонската војска во битка. Придружниците ги имале најдобрите коњи и најдобрата постоечка опрема. Војникот се борел со долго копје и на себе носел кираса, штитници за рацете и шлем. Коњите исто така биле делумно оклопени. Оваа единица играла клучна улога во многу од битките на Александар.

Модел на придружник во акција

Поврзано

уреди