Аминта III

(Пренасочено од Аминта II)

Аминта III — крал на Македонија од 393/392 г.п.н.е. до 370/369 п.н.е. Бил син на Аридеј татко на Филип II, односно дедо на Александар III Македонски.[1]

Аминта III
Сребрен статер на Аминта III
ПретходникАрхелај I
НаследникАлександар II Филип II
СопружникЕвридика I
ДецаФилип II
Александар II
РодителиАридеј
РодниниАлександар III Македонски

Аминта дошол на престолот по десет години проблеми со наследството по убиството на Архелај I. Но тој имал многу непријатели во самата Македонија; во 393 п.н.е. бил истеран од страна на Аргеј II и Илирците, но следната година си го повратил кралството со помош на Тесалија.

По заземањето на власта успеал да ги совлада внатрешните тешкотии, настанати како последица од претходните судири околу престолот и да и обезбеди внатрешна стабилност на македонската држава. Потоа се свртел против неприајтелите што ја загрозувале Македонија однадвор.[1][2]

Склучил договор со Спарта, кои му помагале да го ликвидира Сојузот на халкидиските градови на чело со Олинт (379 п.н.е.). Аминта III успеал да ги неутрализира и нападите на Илирите, што ја загрозувале македонската држава од запад. Со постојани борби успеал да ги одбрани македонските територии од нападите на надворешните непријатели, да го рашири македонското влијание и да ја афирмира македонската држава како централен балкански фактор.[1][2] Исто така, влегол во сојуз со Јасон Ферски и предано одржувал пријателство со Атина.

Од неговата жена, Евридика II имал три сина, од кои сите подоцна станаа македонски кралеви: Александар II, Пердика III и Филип II Македонски.

Чествување

уреди

Името на овој крал го носи популарна улица центарот на Скопје, чиј пораншен назив гласел „Ленинова“.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 25. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 18. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „документ од Совет на Град Скопје“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-03-11.