Алкет II
Алкет II (умрел 448 п.н.е.) бил најстариот син на Александар I. Тој станал крал на Македонија по смртта на својот татко во 454 п.н.е.. Неговите браќа биле Пердика II и Филип. Алкет бил познат по својата зависност од алкохол. По шест години владеење, тој бил убиен од својот внук Архелај I. Помладиот брат го презел престолот на Македонија.
Сепак, според други извори, Алкета бил жив и годините потоа, а Пердика е најстариот син на Александар. Поверојатно е дека тие неколку години по смртта на таткото, браќата просто не можеле да се договорат кој е крал... На крајот, Алкета го признал Пердика како прв владетел.[1][2][3]
Според ова, Пердика Втори бил директниот, последователен наследник на Александар Први, на Престолот.
Филип - третиот брат, си останал владетел на областа Амфакситида (долното Повардарје). И Алкета бил владетел на област, а не на државата, но за него не се знае точно која област му припаднала. Изворите молчат. Сепак, Филип владеел самостојно - не го признал Пердика како врховен владетел.
И Диодор не го сместува Алкета меѓу македонските кралеви.[4]
А, епиграфските - административните документи говорат дека тој бил жив и во 423 г.пр.н.е. Се работи за познатиот македонско-атински договор за сојуз, пронајден кај акрополот кај Атина. И тоа, Алкета тука е потпишан како втор владетел - веднаш до Пердика Втори, а над името Архелај Први.
Алкета во дијалогот „Горгија“ од Платон
уредиСпоред Платон, Архелај го убил својот чичко Алкета.[5] Но, тоа не се случило 450. г., туку, веројатно, многу подоцна. Во својот дијалог посветен на филозофот Горгија, Платон пренесува еден разговор меѓу Сократ и ученикот Павле.
Павле е тој што ја раскажува прикаската за Архелај Први, нарекувајќи го „најголем злосторник“ меѓу Македонците. Според писаниево, и Пердика Втори и Архелај биле тирани - узурпатори на македонскиот Престол.
Архелај Први бил син на Пердика и, наводно, на една робинка на Алкета. Тоа, на прв поглед, е доволно за да се оспори легитимитетот на новиот владетел. Архелај го знаел тоа и, како што говори приказната, ги повикал чичко му и неговиот син Александар... Тоа ним им била последна гозба.
Архелај Први ги најал, ги напил и ги убил и Алкета и Александар, истата вечер. Ги качил на запрежна кола и ги одвел во непознат правец. Архелај, наводно, имал и полубрат, 7-годишен, кој исто така, имал право на Престолот... Во една прилика, тој го турнал детето од карпа и го удавил во езеро, а на неговата мајка Клеопатра ѝ кажал дека синот ѝ се струполил бркајќи гуски.
Треба да се има на ум и дека сѐ ова може да е и политички пропаганден памфлет - грчка, поточно атинска лага против некои големци Македонци. Атињанецот Платон живеел на преминот меѓу 5. и 4. век пр.н.е., кога атинско-македонските односи сѐ повеќе биле во состојба топло-ладно.
Наводи
уреди- ↑ Hermann Bengtson, Die Verträge der griechisch-römischen Welt von 700 bis 338 v. Chr. 2., durchgesehene und ergänzte Auflage. Beck, München, 1975, ISBN 3-406-04214-7, 109.
- ↑ Eugen N. Borza, In the Shadow of Olympus (1990), р. 134-135.
- ↑ Robert M. Errington, A History of Macedonia (1990), р. 15.
- ↑ Diodor 7, 15, 2.
- ↑ Platon, „Gorgias“, 471 a-b.
Претходник Александар I |
Кралеви на Македонија 454 BC–448 BC |
Наследник Пердика II |
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |