Отвори го главното мени

Аргеј II бил еден од двата синови на Архелај I. Бил претендент за македонскиот трон, кој со помош на Илирите, во 393 п.н.е. го протерал Аминта III и го држел тронот околу една година. Потоа, Аминта со помош на Тесалијците, успеал да го истера Аргеј и повратил дел од своето кралство.

Најверојатно, во 359 п.н.е. истиот тој Аргеј се обидел повторно да го освои тронот. Тој успеал да ги убеди атињаните да го поддржат, но Филип II, кој тукушто станал крал на Македонија, го спречил во тоа. Подоцна Аргеј со помош на неколку трупи безуспешно се обидел преку сила да го заземе тронот. Убиен е или во текот на битката или е егзекутиран после тоа.

Претходник
Аминта III
Кралеви на Македонија
393 п.н.е.
Наследник
Аминта III