Амфипол
Амфипол ― значаен антички град во областа Бисалтија, на утоката на реката Струма (тогашен Стримон).[1]
Географска положба и основање
уредиСместен е во плодородна рамнина и со значајна стратегиска позиција. Основан е како атинска колонија, која Филип Ⅱ ја освојува во 357 година пр.н.е. Градот станува еден од најзначајните македонски пристаништа на Егејското Море, центар за експлоатација на пангејските рудници (за злато и сребро) и центар за трговија со Тракија. Под римска власт (од 148 г. пр.н.е.) е главен град на Првата македонска област, а по примањето на христијанството е епископско седиште. Забележан во римските итинерарии и во Табула Поинтегериана како раскрсница на Вија Егнација. Останува значаен град до крајот на антиката. Градот е познат како еден од првите епископски седишта, кого уште во Ⅰ век од нашата ера со христијанската мисија го посетува апостол Павле.[1][2]
Музеј
уредиНаодите од древниот град се претставени во Ениќојскиот археолошки музеј на извесно растојание од наоѓалиштата.
Поврзано
уреди- Амфиполски лав — познат древен споменик
- Амфиполски мост — древен мост
- Прва македонска мерида
- Македонско-римски војни
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „АМФИПОЛ - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-12-27. Посетено на 2021-12-27.
- ↑ Дела Ап. 17 | MNT Библија | YouVersion.
Надворешни врски
уредиДревната гробница во Амфипол(ис) не е изградена, туку е природен рид Архивирано на 27 декември 2021 г.