Разговор со корисник:Raso mk/Архива 8
Џамија во ССЧ
уредиТи благодарам Рашо. Се трудев да ја обработам темата колку што е можно подетално, а свесен бев дека фотографиите ќе бидат најголем проблем. Има навистина многу добри, но за жал не се слободни и би било одлично доколку добиеме право да ги користиме. Знам дека Arwena одржува тури низ чаршијата, па ќе ја замолам доколку може да нѝ помогне. Инаку, ќе те замолам да ми посочиш уште еднаш за која џамија се однесува, бидејќи не можам да забележам на мојата страница за разговор. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:18, 10 февруари 2012 (CET)
- Да, дефинитивно. Оваа џамија некогаш била дел од самата чаршија и ќе ја додадам. Друга работа која ме интересира и би сакал да ја вметнам, иако се наоѓа во близина на чаршијата е црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Се споменува и во историјата на чаршијата дека некогаш и на нејзиниот простор бил проширен трговскиот дел од градот, па проади тоа сметам дека треба да се додаде. Ти што мислиш? Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:42, 11 февруари 2012 (CET)
- Султан-муратовата џамија, Саат-кулата и Иса-беговата џамија ги додадов, бидејќи на псросторот на којшто се наоѓаат се наоѓал манастир кој организирал панаѓур на просторот на Бит-пазар, па всушност на тој начин и настанала чаршијата. Освен тоа, во нејзините денешни граници, чаршијата е некако отсечена со булеварите Гоце Делчев и Крсте Мисирков. Чаршијата така како што е позната денес образувала целина со ридот на кој се наоѓа Султан-муратовата џамија, а од нејзината јужна страна започнувала од Камениот мост и на почетокот на 20. век дури делумно се наоѓала и на десниот брег на Вардар. За калето, неговиот источен дел се наоѓал во чаршијата, па затоа е и вклучено. Значи, во некоја поширока целина, од постоечките градби би можеле да ги вклучиме црквата „Св. Богородица“ и џамиите Јаја-паша и Хатанџук (иако мислам дека немаат некое значење во врска со џамијата), додека од разрушените треба да се направи цел список и да се размисли кои треба да се вклучат, а кои не. Ќе ја прашам и Василка ако може да ни помогне. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:17, 11 февруари 2012 (CET)
- Од она што сѐ уште постои како факти, а било во рамките на стариот град на Скопје во статијата треба да се додадат: Еврејското маало, Шенѓул амамот и Скопското кулие. Кога веќе се вклучени 2 музеја во статијата, тогаш можеби треба да се размисли да се вклучат и новите музеи покрај Вардар, а ако сте одлучиле да ја додадете црквата Св. Богородица, тогаш тука се и зградата на новата Филхармонија, како и на МОБ. Тоа повлекува дека треба да се напише нешто и за Пајко Маало во кое сите тие егзистирале. Од некои стари религиозни и профани објекти, особено од отоманската архитектура, останати се одредени архитектонски остатоци во овој дел од градот, а постојат историски засписи за уште стотици такви. Она што го знаеме денеска како Стара Скопска чаршија има една територијална граница, но со додавањето на објекти надвор од неа повеќе реферирате на локацијата на она што некогаш било старо Скопје во одредена временска делница. Треба да одлучите во кој правец би се одвивало понатамошното разгранување на статијата, дали треба да се подели можеби во две или повеќе статии кои би биле насловени како Скопје во 15 век, Скопје во 16 век итн.-- (Arwena (разговор) 18:04, 11 февруари 2012 (CET))
- Благодарам за помошта. Статијата се однесува на Старата скопска чаршија, земјаќи ја предвид нејзината големина низ различни историски периоди и она што се наоѓало во неа. Доколку на пример црквата „Св. Богородица“ никогаш не се сметала за дел од чаршијата по било која дефиниција, тогаш нема да биде додадена. Истото се однесува и за другите знаменитости. Оние коишто сега се во статијата се додавани врз основа на оваа страница, која мислам дека дава барем најмалку точен преглед на сето она што било дел од чаршијата. Исто така, ме интерсира дали во оваа статија може да се наведе дека тоа е горе-долу исто што и стариот дел од градот или за старо Скопје да се направи посебна статија? Овие две работи често се поистоветуваат, иако мислам дека треба да се прави разлика.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:33, 11 февруари 2012 (CET)
- Јас не би се сложил со тоа дека старо Скопје и чаршијата горе-долу се исто. Бидејќи старо Скопје опфаќало многу повеќе од тоа што е чаршијата. Тоа биле неколку маала од другата страна на Вардар, па и други маала како Чаир, Топаана, кои не се дел од чаршијата.--Р ашо 22:38, 11 февруари 2012 (CET)
- Се сложувам дека старо Скопје и Старата скопска чаршија се две различни работи, иако градот во голем дел од историјата го инкорпорира во себе ова архитектонско јадро. Моето мислење е сепак дека треба да се задржиме на она што е денеска Старата скопска чаршија со територијалните граници и спомениците кои реално постојат. А потоа може да пресликуваме и подигнуваме други комплементарни статии, кои ќе опфаќаат временски и територијални граници. (Arwena (разговор) 10:33, 12 февруари 2012 (CET))
- ОК. Василка, дали се сложуваш со дефиницијата за границите на чаршијата кои се напишани во статијата? Јас мислам дека треба само точно да се потенцира од и до каде е чаршијата и да се задржиме само во тие рамки.--Р ашо 10:36, 12 февруари 2012 (CET)
- Знаменитостите кои моментно ги содржи статијата ги додадав, водејќи се по следниве страници: [1], [2] и [3]. Мислам дека е добро тие и да си останат, додека други постоечки објекти и не мора да додаваме. Единствено треба да ја додадеме џамијата Дуќанџик, бидејќи изворите наведуваат дека се наоѓала на периферијата на чаршијата. Следни работи кои треба да се потрудиме да ги средиме се:
- додавање на податоци во врска со објектите кои повеќе не постојат, за што веќе прочитав неколку предлози;
- проширување на делот за граници и административна поделба со употребна бројка за површината (во Законот за чаршијата на пример површината е запишана во хектари, ари и m2, што е несоодветно), вкупниот број на улици во чаршијата и по некој збор за најпознатите и имињата на маалата;
- обезбедување на повеќе и поквалитетни слики.
- Знаменитостите кои моментно ги содржи статијата ги додадав, водејќи се по следниве страници: [1], [2] и [3]. Мислам дека е добро тие и да си останат, додека други постоечки објекти и не мора да додаваме. Единствено треба да ја додадеме џамијата Дуќанџик, бидејќи изворите наведуваат дека се наоѓала на периферијата на чаршијата. Следни работи кои треба да се потрудиме да ги средиме се:
- Што се однесува до создавање на поврзани статии, уште на почетокот размислував и за создавање на одделна статија за историјата на чаршијата, но сепак се одлучив да ја оставам во самата статија. Потоа, создадов шаблон за чаршијата, во кој се подредени знаменитостите и понатаму би можел да се збогатува со повеќе врски кон други статии. Можеби е добро да се направи и список на знаменитости. Дискусијава веќе би можеле да ја префрлиме и на страницата за разговор на статијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:39, 12 февруари 2012 (CET)
- Во закон за прогласувње на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење од Службен весник, јасно се наведени границите. Значи да одиме по нив, и нема да има никакви дилеми.--Р ашо 15:10, 12 февруари 2012 (CET)
„Пф“ во германскиот јазик
уредиЗдраво, мојот повод за пишување тука, е преместувањето на статијата Пфафрода, сега преименувана во Фафрода. Подолго време пишувам за Германија, а имам и солидно познавање на германскиот јазик, па така отсекогаш сум пишувал „Пф“, а не Ф во овие случаи. Воедно, ваков е случајот и со останатите кирилични википедии, во овој случај српската и руската, кои истата статија ја имаат именувана како Пфафрода, а не Фафрода. Па дури и во изговарањето, тоа „П“ се изговара, не се пропушта како во други случаи. Се транскрибира со Ф, единствено кога имаме „Ph“, а не и „Pf“. Знам дека ова прашање не е решено со нашиот правопис, па така би сакал да добијам објаснување, по која основа и од каде е ова правило да се транскрибира само со „Ф“, истовремено занемарувајќи ги останатите википедии, со кои во скоро сите ситуации се согласуваме. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:10, 15 февруари 2012 (CET)
- Здраво. Како прво погледнав во соодветната статија, па видов дека нема ништо. Послеми падна на ум како е разговорно. Бидејќи живеам во Германија, знам која е Мишел Фајфер, што е Pfeffer, Pfarrer. Ок, сеа можеби и грешам. Но доколку си сигурен во тоа транскрибирање, извини, и јас ќе си ги вратам уредувањата.--Р ашо 22:34, 15 февруари 2012 (CET)
- Здраво, јас дури сега видов дека си пишал одговор на твојата страница, обично проверувам на мојата. Како и да е, не знам точно ни јас што е најдобро, а тоа како е разговорно потполно те сфаќам. Јас го учев германскиот јазик, навистина многу во Македонија, но сепак имам дилема за ова. Но, мојата поента беше дека и останатите кирилични изданија на Википедија, го користат изразот „Пф“, па затоа сметав дека треба и така да се именува и нашата статија. Не знам што е најдобро во овој случај. --Ehrlich91 (разговор) 13:56, 25 февруари 2012 (CET)
- Колку што сум учел, pf се чита ф. --Никола Стоіаноски 14:35, 25 февруари 2012 (CET)
- Ќе го замолам Бојан за мислење.--Р ашо 11:00, 26 февруари 2012 (CET)
- Здраво, јас дури сега видов дека си пишал одговор на твојата страница, обично проверувам на мојата. Како и да е, не знам точно ни јас што е најдобро, а тоа како е разговорно потполно те сфаќам. Јас го учев германскиот јазик, навистина многу во Македонија, но сепак имам дилема за ова. Но, мојата поента беше дека и останатите кирилични изданија на Википедија, го користат изразот „Пф“, па затоа сметав дека треба и така да се именува и нашата статија. Не знам што е најдобро во овој случај. --Ehrlich91 (разговор) 13:56, 25 февруари 2012 (CET)
За Саха
уредиМожеби си во право, но мислам дека на нашиот народ им е попознат како Луис Саха. Пиши ми кога ќе се одлучиш како да стои името и јас ќе ја средам цела статија.(Carshalton (разговор) 08:57, 25 февруари 2012 (CET))
- Ќе замолам и некој друг да се вклучи во дискусијата, па на крајот ќе одлучиме.--Р ашо 11:00, 26 февруари 2012 (CET)
- Бидејќи ова е енциклопедија, ние не се водиме по неправилностите што се произлезени од немарност на новинари и коментатори (освен оние што се многу одамна вкоренети како Сиднеј-Сидни, Глазгов-Глазго и сл). Затоа фудбалерот мора да се вика Луј Саа, според единствениот исправен начин на транскрипција на француските имиња и поими (така е и на другите кирилични јазици). Германскиот поим Pfaffroda се предава како Пфафрода (комбинацијата -pf- секогаш е -пф-, а удвоените букви се пишуваат единечно). Ваков пример имаме кај сојузната покраина Рајнска област-Пфалц (герм. 'Rheinland-Pfalz). Сите вакви прашања најубаво е да се поставуваат на соодветниот дел од Селската чешма, а уште поубаво, да ми се упатуваат директно на мене. Поздрав--Б. Јанкулоски (разговор) 09:12, 27 февруари 2012 (CET)
- Како што може да се види тука, буквите се изговараат и како /f/ и како /pf/. Особено на почетокот на зборот pf се изговара како /f/, но не е стандардно правило. Најсигурно е да се прашаат Германците на де вики. --Никола Стоіаноски 09:51, 27 февруари 2012 (CET)
- Јас зборувам за правилото за транскрипција. Тоа не мора да има врска со фактичката реализација на гласовите од страна на мештаните, која секако се разликува од наречје до наречје. Доколку само некои подрачја во земјата го изговараат како „ф“ (или пак некои општествени класи), тогаш е јасно дека мораме да се водиме по литературниот изговор. Б. Јанкулоски (разговор) 09:56, 28 февруари 2012 (CET)
- Токму во стандардниот јазик има два изговора на pf. Така сум учел, и има примери за ова. Ама, ај нема врска :)--Никола Стоіаноски 10:38, 28 февруари 2012 (CET)
- Па има врска. Во тој случај треба поединечно да го пронаоѓаме изговорот на зборовите со pf. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:40, 28 февруари 2012 (CET)
- Јас зборувам за правилото за транскрипција. Тоа не мора да има врска со фактичката реализација на гласовите од страна на мештаните, која секако се разликува од наречје до наречје. Доколку само некои подрачја во земјата го изговараат како „ф“ (или пак некои општествени класи), тогаш е јасно дека мораме да се водиме по литературниот изговор. Б. Јанкулоски (разговор) 09:56, 28 февруари 2012 (CET)
- Како што може да се види тука, буквите се изговараат и како /f/ и како /pf/. Особено на почетокот на зборот pf се изговара како /f/, но не е стандардно правило. Најсигурно е да се прашаат Германците на де вики. --Никола Стоіаноски 09:51, 27 февруари 2012 (CET)
Покана за Вики средба
уредиНа 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 18:01, 1 март 2012 (CET)
Слика од црквата Св. Никола во Охрид
уредиЗдраво Рашо! Јас слика од оваа црква прикачив уште во јуни, меѓутоа сега ја барам и ја нема во заедничката ризница. Ќе ја прикачам пак со уште неколку други слики (на подот го има 16-зрачното македонско сонце) да ја личи статијата. Секоја чест што си ја направил. Голем поздрав -- Марио Шаревски - Македонец (разговор) 17:32, 19 март 2012 (CET)
- Фала за советите! Може и да направиме една статија како Список на сите цркви во градот Охрид, колку да стои во Видете Исто Така во статијата за Охрид. Инаку оваа црквава Св. Никола ти е сосема на крајот на Охрид во насока на спортскиот центар Билјанини Извори. Најточната местоположба на црквава тие спроти зградата на Комерцијална Банка и Подружницата на Македонски Шуми „Галичица“. Тука на таа крстосница кај што има трепкачки знак стоп, не може да ја промашиш црквата. Тука во близина ти е адвокатот/уметникот Анастас Дудан и хотелот Royal View. Поздрав! - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 00:07, 21 март 2012 (CET)
- Рашо, направив статија за малата средновековна црква Св. Димитриј, што е веднаш до Св. Богородица Перивлепта. Види среди ја и одлучи која слика од трите да стои во инфокутијата. Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 00:31, 21 март 2012 (CET)
- Зошто да се лутам, таман работа. Најбитно е да има што поубава слика. Богородица Челница ја имам посетено и сликано, ама само од надвор, внатрешноста за жал не. Ќе прикачам и јас некоја слика колку да има во галеријата. Св. Врачи не сум ја посетил досега, одлична работа ќе сториш ако прикачиш слики од таа црква. Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 16:32, 22 март 2012 (CET)
- Рашо, ќе те замолам ако можеш да ги средиш фуснотите-референците на статијата за Битката во Арачиново. Ги има во огромен број и зафаќаат голем простор, јас сум неук за таа работа, а ти имаш одлични познавања и вештини. Ти благодарам многу. Поздрав. - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 01:46, 24 март 2012 (CET)
Јубилејна статија (55.000)
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:19, 20 март 2012 (CET)
Thank you, Raso mk, for updating and keeping the article. You are a good Wikipedian! 130.166.33.146 (разговор) 06:14, 28 март 2012 (CEST)
(ова е известување за сите администратори и поактивни корисници)
Здраво! Јас ја собрав работата која што треба рутински да се врши за одржување на Википедија и ја поделив во 1)секојдневни, 2)неделни и 3)долгорочни задачи. На ВП:ОД има детален алгоритам којшто секој може да го следи ако сака да се приклучи во работата. Целта ми беше да воведам систематски начин на одржување кој ќе ни помогне правилно да ја фокусираме работата. Овде има врски до страници кои помагаат во одржувањето, плус некои корисни шаблони.
Исто така, за поискусните корисници, го создадов овој многу корисен шаблон: {{Вики-Одржување}}
кој ги има собрано сите задачи, врски и шаблони на кратко. Тој шаблон можеш да го ставиш на твојата корисничка страница или некаде во корисничкиот простор за редовно да имаш пристап до овие задачи (види ја документацијата на шаблонот за параметрите).
Поздрав, и се надевам дека ова ќе ни користи и дека ќе ја олесни работата. --Brainmachine (разговор) 16:12, 1 април 2012 (CEST)
Синагога Бен Јаков
уредиОдлично Рашо. Со денови не можев да најдам ништо за синагогата, а сега гледам дека си создал содржајна статија. Ќе можеш ли нешто да пронајдеш и за Хаџи-касамовата и џамијата Ибни Пајко? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:06, 1 мај 2012 (CEST)
- Готово. Двете се створени, толку можев да најдам.....Само, добро што пиша, бидејќи се двоумам за синагогата. Таа во суштина би требало да е истата (старата и новата), барем таква е идејата. Но, првата старата синагога се наоѓала во Еврејското маало, додека оваа сега возообновената се наоѓа од другата страна на Вардарот (кај грчка амбасада). Значи имаме две различни градби и две локации. Еврејската заедница ја возобновила, но дали всушност тоа се две различни нешта?--Р ашо 19:46, 1 мај 2012 (CEST)
- Со оглед на тоа дека станува збор за поранешна градба, треба да се мисли на старата. Сепак, не е на домет доколку се спомене дека синагогата е возобновена и во неа се пренесени некои елементи кои можеле да се видат во минатото. Оттаму е и подобро содржината да биде во поднасловот „Поранешни градби“, а не во „Знаменитости“, бидејќи се мисли на објект којшто повеќе не постои.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:57, 1 мај 2012 (CEST)
Википедия на македонски език
уредиИскам да ви предупредя, че вие имате изклюително лошо влияние върху македонската версия на Википедия. Вие систематично премахвате промени от много важно значение за истиността на статиите и създавате дезинформация сред читателите на википедия на македонски език. Предлагането на информация изкривена през призмата на личното мнение на човека е грубо нарушаване на човешките права и историческата наука. Настоявам да преразгледате последните си действия и да престанете с изкривяването на историята през вашата политическа, национална или лична оценка. Историята е наука на факти, не на желания. Proudbulgarian (разговор) 12:34, 9 мај 2012 (CEST)
Здраво! Бидејќи ова е Википедија на македонски, ве молиме користете македонски јазик, без разлика на кого се однесуваат коментарите. Ова е така бидејќи разговорите што да се одвиваат треба да бидат разбирливи за поголемиот број на корисници. Ако користењето на друг јазик не може да се избегне, тогаш ве молиме обезбедете соодветен превод на англиски/македонски јазик. Ви благодариме!
Hello! Since this is Wikipedia in Macedonian, please always use Macedonian, regardless of whom you address your comments to. This is so, so that the comments could be comprehensible to the community at large. If the use of another language is unavoidable, please provide a proper translation of the comments in English/Macedonian. Thanks!--~~~~--Р ашо 19:40, 9 мај 2012 (CEST)
константин Дејанов
уредиЗдраво Рашо. Забележав дека статијата за Константин Дејанов си ја пренасочил кон статијата за Константин XI палеолог, иако станува збор за различми личности. Мислам дека треба содржината на статијата а се врати. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:14, 14 мај 2012 (CEST)
- Водов исти имиња, ист периот и сл., па помислив истата личност е. ОК. сега е добро--Р ашо 11:55, 14 мај 2012 (CEST)
Revert
уредиHi. Concerning this revert, are you sure to keep the current version? Actually I reverted the IP version's because it could be a copyviol, or furthermore, because it has been emptied by templates, interwiki etc.--Frigotoni ...i'm here; 15:26, 21 мај 2012 (CEST)
Шакира
уредиШакира има Либанско Маронитско Католичко потекло од татко. Ти напиша дека во Разговор:Шакира "категоријата со македонско потекло воопшто не е точна. Тоа се глупости. Одговорот лежи ТУКА." Затоа отстранија клюкарската информация.
AlexMacedonSk (разговор) 21:16, 21 мај 2012 (CEST)
- Очигледно дека корисничкито име ти е само марионетка на некој кросвики вандал. Подобро повлечи се, за да не одиме со санкции.--Р ашо 22:05, 21 мај 2012 (CEST)
- Јас не сум вандал за сигурен. Јас немам намера да руша културни вредности овој член. Најверојатно се види дека мојот македонски не е совршен но бидејќи јас сум роден во Австралија што можете да очекувате. (Јас сум половина македонско - мајка и половина либански - татко).
Посредување во спор
уредиЗдраво. Ќе замолам доколку е можно посредување во спорот на оваа страница за разговор, во којшто погрешно бев обвинет дека: сум одобрил измена којашто ја има одобрено друг корисник; сум примил порака на Facebook, која што излезе дека била испратена на погрешен профил; и дека мој налогодавач е господинот Љубомир Цуцуловски, што на неколку наврати беше споменато без никакви докази. Освен тоа, на корисникот му ги посочив основните правила на Википедија кои беа прекршени и кои е неопходно да се почитуваат, а за возврат добив дополнителни обвинувања, се разбира, без никакви докази. Сметам дека посредувањето ќе биде од помош и спорот наскоро ќе биде разрешен. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:46, 28 мај 2012 (CEST)
56.000 статии
уредиЗдраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:06, 5 јуни 2012 (CEST)
Солидарност кон Википедија на руски јазик
уредиЗдраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:00, 10 јули 2012 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:10, 20 јули 2012 (CEST)
Свети Ѓорѓија Криви Дол
уредиЌе прикачам неколку слики и од внатрешноста и фрескоживописот во црквата. Поздрав! - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 14:12, 5 август 2012 (CEST)
- Сегашната црква е изградена после земјотресот во 1963 година. Секако немам книга, за да ставиме фусноти, но ова го пишува на самата црква, а и го прочитав и слушнав кога бев таму зашто еден мој пријател работеше таму минатото лето. Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 16:47, 5 август 2012 (CEST)
- Сликите се прикачени, може слободно да ги ставиш на статијата за манастирот. - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 16:55, 5 август 2012 (CEST)
Слика
уредиКолку што ја сфаќам ситуацијата, таквите слики како таа имаат баш таков статус. Дека има права, но дека може да се користи за образовна илустрација под услов да се наведе изворот. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:41, 19 август 2012 (CEST)
Црквата
уредиЗдраво, Рашо! Црквата се вика „Св. Архангел Михаил“. Патем, зградата со црвениот покрив до неа е средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“. Поздрав, Brainmachine (разговор) 16:48, 25 август 2012 (CEST)
Избор на јубилејна статија
уредиЗдраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:02, 29 август 2012 (CEST)
Нема проблем
уредии каде е таа страница Carshalton (разговор) 13:44, 30 август 2012 (CEST)
Јас навистина не гледам во овие правила тука негде да пишува дека буквата е накрајот од зборот не се чита, но добро штом е магистар ајде да му верувам. Благодарам за ова што ми го покажа највероватно ќе ми послужи за некоја статија. Поз Carshalton (разговор) 13:52, 30 август 2012 (CEST)
Во ред е тоа не ми беше јасно зошто знам некој други француски презимиња каде е-то накрајот од зборот се чита.Carshalton (разговор) 14:11, 30 август 2012 (CEST)
Наградени сте!
уредиАдминистраторска награда | |
Поздрав ;) Никола Стоіаноски 16:53, 30 август 2012 (CEST) |
Во ред
уредиОва се прифаќа Carshalton (разговор) 21:19, 30 август 2012 (CEST)
Боја на текст
уредиЗдраво Рашо. Се сеќавам дека пред некое време се уредуваа статии за цркви во коишто имаше инфокутија со текст во друг фонт или друга боја. Ме интересира дали е дозволено некои зборови во статиите да бидат запишани во друга боја наместо црна (пр. Список на знаменитости во Старата скопска чаршија). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:01, 9 септември 2012 (CEST)
- Уф, во статии? Незнам навистина. Ако изгледа убаво и да не е дречливо, јас немам ништо против. А дали е дозволено немам поим.--Р ашо 21:33, 9 септември 2012 (CEST)
- Може зошто да не. Јас користев во неколку статии, меѓу кои Македонска граматика и Список на загрозени јазици во Македонија.Поз--Никола Стоіаноски 21:47, 9 септември 2012 (CEST)
За статиите
уредиФала за пофалбите. Што се однесува до новите статии, и нив комплетно ќе ги уредам, само ми треба одобрување на насловните слики, како и на некои слики што ги ставив на Металика и нивните први 2 албуми. И уште нешто. Ако можеш некако да го тргнеш тоа албум на латиница во загради од ...And Justice For All. Поздрав --Digor (разговор) 01:07, 16 септември 2012 (CEST)
За лиценцирањето
уредиФала за известувањето. Види, во врска со сликите, не го разбрав баш најдобро упатството на Brainmachine, што и како треба да направам. Ако можем да ми помогнеш со таа работа, ќе биде супер. А до тоа дали се лиценцирани и не сум многу сигурен, зошто ги симнав од Google Images. Поздрав. --Digor (разговор) 16:35, 18 септември 2012 (CEST)
Здраво живо. Прочитав нешто околу тоа кои слики може да се објавуваат на Википедија. Оние слики кои ги ставив на страницата на Металика се преземени од нивниот официјален веб сајт, па мислам дека спаѓаат во четвртата категоријата за авторски права со текст: Сопственикот на авторските права над оваа слика дал дозвола за нејзина употреба за било каква намена, под услов да му се припишат заслугите за сликата. Сликата за Шон Дровер би можел да ја ставиш во категорија некаде на интернет, зашто мислам и таа би требало да стои како некаква незаменлива илустрација. А оние слики за албумите ги симнав од еден блог. --Digor (разговор) 19:11, 22 септември 2012 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:57, 18 септември 2012 (CEST)
Игор Димов
уредиАко можеш да поставиш друга фотографија на почетокот на странта за Металика, зашто онаа старата не ја прифаќа. Поздрав. --Digor (разговор) 19:00, 24 септември 2012 (CEST)
- Значи сите други слики кои сум ги подигнал се океј??? --Digor (разговор) 21:05, 24 септември 2012 (CEST)
Само би те замолил да ми пратиш линкови на сите тие кои ќе ги тргнеш, за да можам потоа соодветно да ги заменам. Голем поздрав. --Digor (разговор) 07:22, 25 септември 2012 (CEST) И уште нешто. Би можел ли некако да го сменам корисничкото име од Digor во IgorD?--Digor (разговор) 07:31, 25 септември 2012 (CEST)
Добра вечер Рашо. Не знам како да направам шаблон на статијата за Еминем. Ако можеш да ми покажеш како се прави шаблонот многу би ми користело. Ајде се слушаме. --Digor (разговор) 22:48, 25 септември 2012 (CEST)
- Да баш на таков мислев. --Digor (разговор) 07:23, 26 септември 2012 (CEST)
Самоил
уредиЗдраво Рашо, зошто си вратил промените [4] кои направив во статијата за Самоил? Tropcho (разговор) 20:26, 24 септември 2012 (CEST)
- Защото се фалшливи, Тропчо ;)--Р ашо 20:30, 24 септември 2012 (CEST)
Koe поточно е фалшиво? Поздрав Tropcho (разговор) 00:45, 25 септември 2012 (CEST) Здраво Рашо, дали ме заборави? Можеш да ми кажеш поконкретно зошто велиш дека промените се фалшиви? Tropcho (разговор) 08:12, 27 септември 2012 (CEST)
Не сметаш дека е неучтиво да ми ги игнорираш прашањата? Не си ли должен - како и сите останати корисници - да ги објаснуваш своите уредувањата си? Tropcho (разговор) 08:30, 2 октомври 2012 (CEST)
- Извини за „брзиот“ одговор. Игнорирањето не е нешто што го сметам за свое, туку слабо бев активен на википедија, а подоцна и сум заборавил да те удостојам со одговор. Види вака....јас потсредив некои поими (некои вратив, а некои оставив). Имаше и доста дубиозни поими како „во повеќето, светските и сл.“ Ја знаеме сите позицијата за Самоил и попусто се обидувате да внесете некои поими. Поздрав и пријатно уредување на википедија на Македонски јазик.--Р ашо 11:48, 2 октомври 2012 (CEST)
Видев промените што си ги направил и имам некои прашања. 1) Над сликата на Самоил бев додал "Цар на првото бугарско царство" после "Цар на средновековна Македонија". Гледам си го избришал бугарското царство. Зошто сметаш е подобре да биде само "Цар на средновековна Македонија"? 2) Во втората реченица си ја вратил промената која направив во почетокот (бев заменил "Во историската наука оваа држава се нарекува..." со "Повеќето од македонските и дел од српските историчари нарекуваат оваа држава..."). Зошто сметаш е подобре да се каже "во историската наука"? Не сметаш дека ова создава впечаток дека поголемиот дел од историчарите ја нарекуваат државата на Самоил "Самоилово царство"? 3) Зошто си го вратил спрскиот превод на Шарл Дил како извор? Tука има некои причини да го сметаме за неверодостоен.
PS ти благодарам за исправките во коментарот ми погоре. Поздрав Tropcho (разговор) 10:15, 3 октомври 2012 (CEST)
- Здраво Рашо, ова е напомнување дека уште чекам одговор на погорните прашања. Tropcho (разговор) 22:09, 25 октомври 2012 (CEST)
- Здраво Рашо, Ова е уште едно напомнување. Се види дека си доста активен на википедија. Прашањата се важни (зборуваме за НГТ) и сметам ако сакаш да си учтив треба да го најдеш времето да ми одговориш во разумен рок. Еден месец чекам. Имај убав ден, Tropcho (разговор) 09:33, 4 ноември 2012 (CET)
Sorry Tropčo :) Навистина немам време последниов период. Види вака. Темата за Цар Самуил е на илјадапати дискутирана. Значи тука стана практика на секои 2-3 месеца да се појавуваат те истите дискусии со различни википедијанци од Бугарија. Значи не може да биде Цар на Прво Бугарско царство, бидејќи истовремено постои такво царство на чело со Хан. Што царштина ќе беше Бугарија со два цара? Значи ова е дискутирано и предискутирано. И бугарската пропаганда тука не може да помине. Имай красива вечер --Р ашо 19:43, 4 ноември 2012 (CET)
Не се казва имай красива вечер, а "прияна вечер", и престани со глупотевините, Рашоууу! Jingiby (разговор) 20:01, 4 ноември 2012 (CET)
- Ама јас само искам човечето да има красива вечер. Да сакав да има пријатна, - пријатна ќе пишев ...Чингибингии--Р ашо 20:16, 4 ноември 2012 (CET)
Рашо, ако илјади пати порано дискусијата е отивала во посоката во која ти сега ја водиш, можеби има потреба уште еднаж да ја дискутираме темата.
Односно Самуил, сметам имаш право да верваш тоа што сакаш.
Но се согласуваш со правилата на Википедија за Неутрална гледна точка, нели така? Е, ако е тоа така, сe согласуваш и со ова "Editing from a neutral point of view (NPOV) means representing fairly, proportionately, and as far as possible without bias, all significant views that have been published by reliable sources." (вземено од тука), нели така? Не сметаш ли дека во случајот со Самул има голем број веродостојни извори, кои што тврдат дека Самуил е бил бугарски цар? И не сметаш ли дека таа гледна точка треба да биде претставена во статијата како една од најзначајните? Убав ден ти посакувам! Tropcho (разговор) 09:45, 8 ноември 2012 (CET)
- Здраво Рашо, тоа е напомнување дека уште го чекам твојот одговор. Близо три недели веќе. Tropcho (разговор) 06:04, 29 ноември 2012 (CET)
Музички семплови
уредиРашо, ај ако имаш време подигни ги музичките снимки на страната на Мегадет и пополни го текстот за заштита на авторските права. Има три семпла, па откако си готов, пиши ми ја постапката. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 07:59, 13 октомври 2012 (CEST)
- Готово. Значи од тука со десен клик и даунлоад. Кај нас на подигни датотека и описот го копираш од англиската википедија и го пастираш. Мислам дека вака е наједноставно. Позз--Р ашо 10:22, 13 октомври 2012 (CEST)
Те молам види зошто статијата за Никола Пусен се уште не е поставена на листата на кандидати за избрана статија. --Вик Ретлхед (разговор) 18:14, 14 октомври 2012 (CEST)
- Игор, извини за „брзиов“ одговор, но најдобро е да го прашаш Кирил, бидејќи сметам дека тој е посоодветен од мене кога се во прашање листите на кандидати за избрани статии. Позз--Р ашо 09:49, 16 октомври 2012 (CEST)
Ризницата
уредиСега те разбирам зошто дупла работа... Неможев да се снајдам, многу тупење... Ги симнав тука, ако сакаш да ги префрлиш... Друг пат не префрлам... поздрав--Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 17:33, 28 октомври 2012 (CET)
Воскресение
уредиПоздрав Рашо, одамна не сум ти пишал. Ако си во можност, ѕирни ја страницава за книгата Воскресение и поправи го шаблонот за Лав Толстој, зашто пробав да го направам, ама прв пат ми е и не можам баш да го погодам како оној англискиот. И прати ми го текстот што треба да го вметнам кога подигам слики што се корици на книги. Ајде, се слушаме.--Вик Ретлхед (разговор) 21:39, 4 ноември 2012 (CET)
- Јас не гледам никаков проблем со шаблоните. Мене ми се во ред. А за лиценца на сликата, мораш да ставиш усште при подигањето. Мислам дека при секое подигање на слика, кај слајдерчето со лиценци се наоѓа и таа за книги и корици. Позз--Р ашо 21:47, 4 ноември 2012 (CET)
Hangar 18
уредиРашо, доколку си логиран, те молам види зошто инфокутијата за Хангар 18 не се совпаѓа со постерот. Мислам дека проблемот е до аудио исечокот, но не сум сигурен. Позз. --Вик Ретлхед (разговор) 10:53, 11 ноември 2012 (CET)
- Готово. До аудиото било, па го ставив подоле --Р ашо 12:59, 11 ноември 2012 (CET)
Америка
уредиЗдраво Рашо. Ќе можеш ли да видиш дали постои некаква ризница со слики за романот Америка од Кафка. Ако има, те молам постави ја на статијата.--Вик Ретлхед (разговор) 20:45, 14 ноември 2012 (CET)
- Готово --Р ашо 19:55, 15 ноември 2012 (CET)
The Right to Go Insane
уредиРашо, ќе можеш ли да ми помогнеш за лиценцирање на сликите од статијава. Се работи за истите од англиската википедија, ама не можам да им најдам која лиценца им одговара. Се слушаме.--Вик Ретлхед (разговор) 19:34, 28 ноември 2012 (CET)
- Подигај ги слоките обично без лиценца. После кликни на уреди и пастирај го ова:
== Лиценцирање == {{Албумнасловна}} --Р ашо 19:39, 28 ноември 2012 (CET)
Роденденска честитка
уредиСреќен роденден! | |
Среќен роденден Рашо, а воедно и среќна Нова година! Поздрав. Kiril Simeonovski (разговор) 18:47, 31 декември 2012 (CET) |
- Фала Кирил, исто и на тебе Среќна Нова--Р ашо 19:05, 31 декември 2012 (CET)
О, Рашо, Честит Рожден Ден! Жив, здрав, прав и корав! Jingiby (разговор) 21:39, 31 декември 2012 (CET)
- Mерси--Р ашо 11:32, 1 јануари 2013 (CET)
Среќен роденден и среќна нова година малце со каснење :) --M4r51n (разговор) 11:54, 1 јануари 2013 (CET)
- :-) Danke. Исто и на тебе--Р ашо 13:07, 1 јануари 2013 (CET)
Јубилејна статија
уредиЗдраво Рашо. Направивме мал исчекор кон постигање 100 илјади статии. Па по тој повод, ја избираме јубилејната 68 000 по ред статија. Гласањето се одвива овде. Пријатно и довидување.--Вик Ретлхед (разговор) 10:36, 2 февруари 2013 (CET)
- Рашо, ако можеш да вметнеш една „19“ во кутијата за години на мојата корисничка страница. Позз.--Вик Ретлхед (разговор) 16:12, 3 февруари 2013 (CET)
- Добар ден. Ако може да се провери дали сликава е слободна. 190026-476-1108073666-Vic-pic.jpeg (статија Вик Ретлхед, прва слика десно). Ако не е, комотно бриши ја.--Вик Ретлхед (разговор) 16:39, 7 февруари 2013 (CET)
- Нажалост не е --Р ашо 18:16, 7 февруари 2013 (CET)
- Нови слики за бришење: ThrashBandsRule.jpg, Sinner.gif (статија спид метал), Megadeth-united-abominations-cd.jpg. Тоа би биле последните слики кои „нелегално“ сум ги поставил. Извини што ти отворив дополнителна работа.--Вик Ретлхед (разговор) 19:49, 8 февруари 2013 (CET)
Здраво
уредиЗдраво-живо, wiki-пријатели. Им е потребна помош во пишување на оваа статија Музична культура Республіки Македонії. Украина нема експерти во македонската музика и јас го напишао тоа што го најдов. Ако може да им помогне, имајте на ум, грчки претставници сакате да го менуваат значењето на музиката Македонија. Помош за да најдете информации за:
- Фото располагање со слободна лиценца;
- Информации за музички корени на Македонија на сајтови Македонија;
- Информации за рок-музиката, панк;
- На музички ТВ шоу;
- Други интересни факти;
- Биографии македонски музичари и пејачи.
Остави информации на оваа страница Благодарам! Даринка Когутяк
НУМС награди
уредиВикимедија Украина обезбеди награди за највредните учесници во проектот „Википедија:Недела на македонско-украинска соработка“. Сите уредувачи се потенцијални добитници на наградата. Наградите ќе ги додели Викимедија Македонија во име на Викимедија Украина. Доделувањето ќе биде направено на некоја од наредните вики-средби откако ќе се направи изборот. За оние кои нема да може да учествуваат на вики-средбата, наградите ќе бидат испратени по пошта на нивната адреса. Секој може да номинира учесник за кој смета дека треба да добие награда, или самиот да се номинира. Секој може да учествува во изборот на највредни уредувачи. Ранг листата ќе биде направена врз основа на добиените гласови.--brest (разговор) 17:34, 6 март 2013 (CET)
Слика
уредиЗдраво Рашо, како си. Ти пишувам во врска со следната слика која во описот е означена како Евангелско Методистичка Црква во Вељуса-04.JPG а всушност станува збор за Евангелско-методистичка црква (Струмица). Ако не е проблем можеш да го промениш името или повторно да ја подигнеш. Поздрав--Тиверополник (разговор) 12:52, 26 април 2013 (CEST)
- Поставив барање за преименување на податотеката на ризницата. Фала за замерката. Од толку сликање по Струмичко, сигурно ми се помешале сликите. :) Позз--Р ашо 14:56, 26 април 2013 (CEST)
Проверка
уредиGde sam tačno propust napravio? Pozdrav! --Kolega2357 (разговор) 21:03, 8 мај 2013 (CEST)
Ваше мислење
уредиЗдраво Рашо. Сакам да ве замолам да се изјасните по повод дискусијата и предлог-решенијата „арбитража“ или „одземање администраторски права“ (или кое било друго решение за надминување на спорот) на корисникот Brest. Дискусијата е водена тука.--Никола Стоіаноски 18:03, 15 мај 2013 (CEST)
Здраво
уредиСакам да ве прашам, зашто ја избришавте Паркови на динаридите страницата?-- Благојче Дишоски
Украдени статии
уредиЗошто ове статии Електрокардиограм - ЕКГ,Срцеви заболувања,Еритематозни дерматози,Алергиски дерматози има на списокот корисникот Никола Ивановски http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA:NickyMKD . Кога ние лично ги подигнавме ? -- Благојче Дишоски
Слики
уредиРашо, гледам нема слики за Црква „Св. Илија“ - Аеродром па затоа земав неколку фотографии денес. Сега ми треба упатство како да ги вметнам во Комонс. Или пак подобро, остави ми мејл-адреса на која треба да ти ги доставам, па после ти среди со лиценците.--Вик Ретлхед (разговор) 10:53, 19 мај 2013 (CEST)
- Извинете што се мешам.. Игор ова е црквата помеѓу трите висококатници? --M4r51n (разговор) 10:57, 19 мај 2013 (CEST)
- Да, за таа имам слики.--Вик Ретлхед (разговор) 11:14, 19 мај 2013 (CEST)
Здраво. Несмеам да подигам слики. кои не се мои или да менувам лиценци. Многу е лесно. Ајде пробај вака една директно и одбери ја препорачаната лиценца. Ако немоеш да се снајдеш види вака или подогни ја како било, после кликни на уреди и вметни ја оваа лиценца: {{self|GFDL|cc-by-sa-3.0,2.5,2.0,1.0}} --Р ашо 11:02, 19 мај 2013 (CEST)
- Еве, ќе пробам.--Вик Ретлхед (разговор) 11:14, 19 мај 2013 (CEST)
Ај сега погледај ја сликата на статијата и види дали е ОК.--Вик Ретлхед (разговор) 11:27, 19 мај 2013 (CEST)
- Да. Супер е, така треба. Само кога внесуваш податоци на пример во делот Оригинален извор: тука е шаблончето {{own}}..е него оставиго, нека седи. Немораш да пишуваш сопствен извор, бидејќи тој автоматски се преведува на сите јазици (ако ти напишеш сопствен извор на македонски, другите неможат да разберат). Еве сега подигај слики ако имаш, а јас ќе категоризирам--Р ашо 11:38, 19 мај 2013 (CEST)
- Подигнав уште три со името Податотека:Црква Св. Илија - Аеродром (2).JPG, (3) и (4). Другите ги сликав со мобилен, ама излегоа неквалитетни, па затоа ги избришав.--Вик Ретлхед (разговор) 11:43, 19 мај 2013 (CEST)
Супер. Еве ја создадов категоријата. Добро е што имаме слики и од таа црква. Се сеќавам дека летоска сликав некои од параклисите што ги изградија во последниве години, но најверојатно ми се изгублиле сликите. BTW ако те носи патот кон Чаир или СК-север...штракни некоја слика од црквите (ни фалат). Инаку јас сум фанатик по црквите на ризницата и до сега имаме слики од 500 цркви. Ни требаат уште преку 1500 --Р ашо 11:59, 19 мај 2013 (CEST)
- Важи, ќе направам слики и од тие. Само кажи дали треба да те известам за создавање категории, или сам можеш да следиш кои слики се подигаат на Ризницата?--Вик Ретлхед (разговор) 12:01, 19 мај 2013 (CEST)
- Извести ме. Можам само да ги следам податотеките кои постојат. А корисници не.--Р ашо 12:05, 19 мај 2013 (CEST)
- Нови слики
Ги фотографираф Црква „Св. Атанасиј“ - Визбегово (слики со исто име и броеви (1), (2), (3) ) и Црква „Св. Ѓорѓи“ - Чаир. Имам и неколку од Црква „Св. Димитриј“ - Скопје, ама гледам ги има многу па затоа нема потреба да ги ставам.--Вик Ретлхед (разговор) 12:40, 20 мај 2013 (CEST)
- Danke, Danke :) Не очекував дека толку брзо ќе пристигнат сликите :) --Р ашо 12:56, 20 мај 2013 (CEST)
P.S. А да не имаш случајно слика од Визбегово??? Гледам дека немаме.
- Од населбата не сум земал, не сум ни видел дека немаме.--Вик Ретлхед (разговор) 13:09, 20 мај 2013 (CEST)
Ај па понатака, здравје, ќе одам во Говрлево, гледам само уште од таму ни фалат слики за скопските цркви.--Вик Ретлхед (разговор) 13:11, 20 мај 2013 (CEST)
- Добро што го спомна Говрлево. Бев пред 2 години, тамам стигнав сред село, но ме фати невреме и морав да се вратам назад (реки течеа по улиците). Зборот ми е дека селото има 12 цркви. Ако обезбедиш поголем дел, вечно ќе ти бидам благодарен :) --Р ашо 13:15, 20 мај 2013 (CEST)
- Цркви во Говрлево
Поздрав Рашо. Се вратив од терен и земав слики на 8 од 12 цркви. Веќе ги поставив во Ризницата фотографиите за Црква „Св. Трифун“ - Говрлево и Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Говрлево. Мислев да појдам и до Црква „Св. Илија“ - Говрлево, ама последниве два дена истури дожд во Скопје и патот беше ептен каллив, па затоа го одложив одењето за друг пат. Е сега да те прашам за совет, подобро е веднаш да ги подигнам и останатите сликите или да почекам да бидат изработени статиите па отпосле да ги ставам? Ако бидат правени статии (и јас активно ќе се вклучам), предлагам да биде изработена една за сите помали црквички (Св. Марина, Св. Ерина, итн.) зашто се минијатурни и се во дворот на Св. Трифун, па претпоставувам нема да најдеме многу материјал за пишување.--Вик Ретлхед (разговор) 12:43, 24 мај 2013 (CEST)
- Супер. Катигериите ги средив. Немора да се чека да се прават статии за да ги подигнеш сликите. Тие што се наоѓаат во дворот на Св. Трифун подигни ги и стави ги во категоријата Category:Govrlevo Monastery. Само внимавај на лиценцата која ја ставаш. Гледај да биде една иста и тоа по можност {{self|GFDL|cc-by-sa-3.0,2.5,2.0,1.0}} (на неа кога се одбира секогаш пишува recommended). Ај јас ќе направам еден шаблон за црквите во Општина Сопиште, па може да се почне со правење. Позз--Р ашо 16:41, 24 мај 2013 (CEST)
- Слики од црквите во Љубанци, Љуботен, Радишани, како и дел од Говрлево и црквите во гостиварските села Дебреше и Вруток наскоро ќе бидат прикачени. Поздрав! - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 20:24, 29 мај 2013 (CEST)
- Поради пишување магистерска немам многу време, а имам слики од Побожје и црквите во таа околина, така што во најскоро време ќе бидат прикачени! - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 16:23, 18 април 2014 (CEST)
Наводи
уредиАј ако сакате објаснете ми како можам да поставам наводи во статија ? Ви благодарам Член ППЃП 14:39, 21 мај 2013 (CEST)Благојче Дишоски
- Еве тука е се објаснето: ВП:НАВ. Добро што ме праша, но јас секако ќе ти споменев конкретно за статијата Apple. Доколку статијата ја преведуваш од англиската википедија, тогаш остави ги наводите во статијата и пренеси ги на оваа википедија. Така е најдобро. Немораш ни да се трудиш ништо околу нив. Само остави ги како што се. Позз--Р ашо 15:13, 21 мај 2013 (CEST)
Милан Милошевски
уредиЗдраво Рашо. Искрено статијава ми личи на себерекламирање, не знам по која основа на значајност на лицето би требало да имаме ваква статија. Плус, статијата ја пишува самиот тој или пак корисничко име на неговата приватна фирма. Никогаш не сум сретнал ваква статија, па не знам дали ги зачувувате, но според мене оваа би требало да се избрише. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:35, 28 мај 2013 (CEST)
- Имаш право. И јас прво се мислев, па ја оставив. Еве бидејќки и јас сум замешан во уредувањето, не ја бришам. И ставив шаблон бб, па некој друг админ нека процени. Позз--Р ашо 17:31, 28 мај 2013 (CEST)
Конкурс за фотографија
уредиЗдраво Рашо, дали ќе сакаш да пишеш свое мислење (ти се чини корисно или не) околу конкурсот за фотографија на споменици во Македонија. На селска чешма ја отворив темата - линк. Поздрав --Виолетова (разговор) 14:20, 2 август 2013 (CEST)
Подигање фотографии
уредиШто треба да направам за да се подигаат фотографиите во ризницата? Јас не знам друг начин освен овој што го користев. Guc zc (разговор) 15:55, 25 август 2013 (CEST)
Помош
уредиPochituvan Raso , od Wikimedia Commons gledam deka site fotki na Igor Janev ke bidat izbrishani. Ima li nachin edna fotog. da dobie OTRS. Mnogu pozdrav i pochit.
Многу е голем портрет со Игор Јанев
уредиДраг Рашо, ако не Ти е проблем, намали ја фотката на страницата со Игор Јанев. Поздрав
- Готово--Р ашо 14:56, 22 септември 2013 (CEST)
Недоумица
уредиЗдраво Рашо. Вчера го создадов порталот за Германија и во воведниот дел не бев сигурен како е најдобро и го оставив записот „Willkommen im Portal Deutschland“. Недоумицата ми е дали вака е добро или можеби е подобро да го смениме во „Willkommen beim Portal Deutschland“. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:27, 22 септември 2013 (CEST)
- Здраво. Според мене треба да биде beim --Р ашо 11:49, 23 септември 2013 (CEST)
- Ќе земам да го променам.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:07, 23 септември 2013 (CEST)
Навигација
уредиКако можам да си направам навигација на мојата корисничка сметка? --Благојче~~
- Како мислиш? Дај ми пример :) --Р ашо 23:12, 24 септември 2013 (CEST)
Острови
уредиДа, тоа со предлогот за островите е точно, само што досега бев приморан бидејќи не ми текнуваше начин да ги вклопам во шалбоните. Сега изнајдов решение. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 23:58, 2 ноември 2013 (CET)
За сликата
уредиСликата не е мое дело туку по грешка сум го стиснал тоа при подигнувањето. Инаку оваа слика е лиценцирана 100% за тоа што ја имаш на италијанската википедија https://it.wikipedia.org/wiki/Hellas_Verona_Football_Club Carshalton (разговор) 13:18, 11 декември 2013 (CET)
Во ред тогаш, избришија.Carshalton (разговор) 13:42, 11 декември 2013 (CET)
За лиценцирањето
уредиЗдраво Рашо, Досега сум поставувал исклучиво мои фотографии, ама сега имам потреба од туѓи слики, па те молам пиши ми под каква лиценца да ги ставам сликите на кои се автори мои пријатели и сум добил усна дозвола за поставување. Или пак под која лиценца да ја ставам сликата на пример од некој писател.
И друго, те молам прати ми некој линк како се прават шаблони, имам некои идеи.
Поздрав, Antonio Brsjacki (разговор) 18:09, 8 февруари 2014 (CET)
- Не може туѓи фотографии, жалам. Подетално ти објаснив на мејл. А за какви идеи? Ме заинтригира. Најлесно е да најдеш тука некој сличен шаблон и да го модофицираш. Позз--Р ашо 18:18, 8 февруари 2014 (CET)
Црква „Св. Никола“ - Тетово
уредиЗдраво. Има некаква грешка в Црква „Св. Никола“ - Тетово. Ананий е владика в Скопие до 1828 година и не може да я е осветил той църквата. В 1848 година владика е Йоаким. Митрополитът ли е грешен или годината? --Мико (разговор) 17:28, 21 март 2014 (CET)
- Здрасти. Овој линк истото го вели. Како и да е го избришав дој дел.--Р ашо 19:08, 21 март 2014 (CET)
Статија за Григор Прличев
уредиЗдраво Рашо, каков поточно е проблемот со промените во статијата за Прличев, кои си ги вратил? Дали можеш да ми ги поправиш или барем посочиш грешките во македонскиот? И честит празник! Tropcho (разговор) 17:46, 24 мај 2014 (CEST)
История
уредиЗдрасти Рашо, сметам знаеш добре дека историята не ти е никак силна страна. Поздрав! Jingiby (разговор) 16:00, 13 јули 2014 (CEST)
- Напротив....баш ми е јака....а додека антибугарската пропаганда ми е специјалност :) --Р ашо 16:20, 13 јули 2014 (CEST)
- За пропагандата знам, дека ти е яка страна, ама за фактите извини ме, никак те нема... 18:45, 13 јули 2014 (CEST)
- Браво, Рашо! Много хубави снимки си направил. Jingiby (разговор) 14:14, 16 ноември 2014 (CET)
- Мерси! А на кои мислиш?--Р ашо 16:04, 16 ноември 2014 (CET)
- Здрасти Раше, да не сметаш дека сме уште 1988 година? Jingiby (разговор) 11:35, 4 декември 2014 (CET)
- За пропагандата знам, дека ти е яка страна, ама за фактите извини ме, никак те нема... 18:45, 13 јули 2014 (CEST)
- У Болгарија може, ама кај нас демократијата е уште од поодамна.--Р ашо 11:41, 4 декември 2014 (CET)