Електрокардиографија

(Пренасочено од Електрокардиограм - ЕКГ)

Електрокардиографија (ЕКГ) е стандардна метода на снимање на импулсите на електричната активност на срцевиот мускул. Графичкиот запис на електричните биопотенцијали на срцето се вика електрокардиограм. Оваа метода се заснова врз спроведувањето на електричните импулси кои се создаваат во срцето со помош на кабли до електрокардиографскиот апарат.

Електрокардиографија
Медицинска процедура
ЕКГ на срце.
ICD-10-PCSR94.31
ICD-9-CM89.52
MeSHD004562
MedlinePlus003868
EKG на срце

Како се поставува?

уреди

На определени точки на површината на телото се ставаат електроди. Разликите во потенцијалите меѓу соодветните електроди го регистрираат ЕКГ одводи. Овие одводи се поделени во две групи и тоа:

  • Униполарни прекордијални одводи - ги регистрираат потенцијалите на самото срце во хоризонтална рамнина и се означуваат со V1, V2, V3, V4, V5, V6.
  • Биполарни стандардни одводи - се поставуваат на левата рака, десната рака и левата нога. Тоа се D1, D2, D3, aVL, aVR, aVF.

Што содржи секој ЕKГ запис?

уреди

Секој ЕКГ запис содржи:

  1. P-бран - одговара на деполаризацијата на преткомори.
  2. QRS-комплекс - деполаризација на комори.
  3. Т-бран - одговара на реполаризација(фаза на враќање во мирување) на коморите.

Бранот на реполаризација на преткоморите се совпаѓа со QRS-комплексот. Промени на P-бранот, QRS-комплексот, ST-сегментот, Т-бранот, како и промени во должината на нивното траење и настанување ги одразуваат пореметување на електричната активност на срцето и со клиничка слика укажуваат постоење на болест.

 
Делови на ЕКГ системот