Список на загрозени јазици во Македонија
Ова е список на загрозени јазици во Македонија. Податоците во списокот на загрозени јазици е според Атласот на УНЕСКО за светските загрозени јазици. Според УНЕСКО, во Македонија има 7 загрозени јазици.
Степен на загрозеност
уредиУНЕСКО ја утврдила следната скала на загрозеност на јазиците[1]:
- ранлив;
- дефинитивно загрозен;
- сериозно загрозен;
- критично загрозен;
- исчезнат.
- О — оживеан јазик
Загрозени јазици
уредиЗагрозените јазици во Македонија се[1]:
јазик | јазично семејство | население во Македонија | регион | степен на загрозеност |
---|---|---|---|---|
адигејски јазик | северозападни кавкаски јазици | н.п. | Повардарие, Источна Македонија | ранлив (општо гледано како јазик),а во Македонија најверојатно е исчезнат[2]. |
влашки јазик | индоевропски јазици | 6.884 според пописот од 2002[3] | Крушево, Пелагонија, Источна Македонија | дефинитивно загрозен |
балкански гагауски јазик | туркиски јазици | <4.000 според Ethnologue[4] | Битола, Куманово | сериозно загрозен |
ладино | индоевропски јазици | <200 | Скопје, Битола | сериозно загрозен |
мегленоромански јазик | индоевропски јазици | <2000 според Ethnologue[5] | Јужна Македонија | сериозно загрозен |
ромски јазик | индоевропски јазици | 38.528 според пописот од 2002[3] | воглавно во Скопје (Шуто Оризари), но и останатите поголеми градови во републиката. | дефинитивно загрозен |
Според УНЕСКО загрозени се и торлачките дијалекти, група македонски, бугарски и српски преодни дијалекти.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Атлас на УНЕСКО на светските загрозени јазици“ (англиски). УНЕСКО. Посетено на 2012-08-15.
- ↑ Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
- ↑ 3,0 3,1 „Македонски попис: јазик и религија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. Посетено на 2012-05-17.
- ↑ Ethnologue за балканскиот гагауски јазик
- ↑ Ethnologue за мегленороманскиот јазик
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |