Црква „Св. Трифун“ - Говрлево
Св. Трифун — главна манастирска црква на Говрлевскиот манастир, во скопското село Говрлево. Таа се наоѓа на ридот Брзовец со голема природна убавина и има средишно место и видик на целата околина зад Водно. Сегашната црква датира од 17 век. Некои од иконите се дело на Димитар Папрадишки. Св. Трифун е главната манастирска црква, на кој покрај оваа има уште 6 цркви.
Свети Трифун
| |
Поглед на црквата „Св. Трифун“ во селото Говрлево | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°30′39″N 22°29′37″E / 41.51083° СГШ; 22.49361° ИГД |
Место | Говрлево |
Општина | Сопиште |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Трифун |
Изградба | XVII век |
Архитектонски опис |
Случај „Говрлево“
уредиВо 2006 година МПЦ - ОА решила да го продаде целиот манастир со сите 6 цркви на скопската фирма Усје со земјиште од околу 17.000 m², но поради бурни реакции во јавноста продажбата е повлечена[1]. Имено МПЦ требала да добие преку 200.000 евра со кои би се финансирале изградби на други манастири, а додека скопската фирма била задолжена да го дислоцира манастирот.
Легенда
уредиСпоред легендата во римско време се разболела ќерката на римскиот цар, Гордијан. Добила чудна болест, жива се фрлала во оган и вода. Царот ги собрал сите лекари, но никој не можел да ѝ помогне. Разочаран се помолил на Господ, кој, пак, преку глас на ќерка му кажал дека неа може да ја излечи само Св. Трифун. Го пронашол Св. Трифун во Мала Азија, кој дошол кај царот и ја излечил ќерка му. Царот враќајки се кон дома поминувал низ Македонија, кога се наоѓал на местото Говрлево, Господ му наредил да направи божји храмови на Св. Трифун, Св. Троица, Св. Петар и Павле, а подоцна и Св. Марина. Во манастирите постојат духовни гробови, а крај нив се поставени душеци на кои верниците преспиваат. На неколку метри, пак, под брдото се наоѓаат две лековити води, а на едната од нив од благодарност верниците изградиле мала црквичка „Св. Кузман и Дамјан“.
Галерија
уреди-
Преден поглед на црквата
-
Поглед на црквата од исток
-
Страничен поглед на црквата со камбанаријата
-
Влезот во црквата
-
Иконостасот во црквата
-
Внатрешноста на црквата
-
Преден поглед на црквата
Наводи
уреди- ↑ „МПЦ се откажа од продажбата во Говрлево“. Утрински Весник. Посетено на 2010-05-11.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Трифун“ - Говрлево на Ризницата ?