Токелајски јазик (изворно: Tokelau) — австронезиски јазик од тихоокеанските острови.

Токелајски јазик
Tokelau
Застапен во Токелау
Говорницивкупно 3.200, со 1.400 во Токелау (2004)  
Јазично семејство
австронезиско
Статус
Службен воТокелау, Американска Самоа, Нов Зеланд
Јазични кодови
ISO 639-3tkl

Говорници

уреди

Јазикот го говорат околу 1.700 жители на атолите кои го сочинуваат Токелау, но и од малкумината жители на осровот Свејнс кој ѝ припаѓа на соседната Американска Самоа. Токелајскиот спаѓа во семејството на самојски јазици, подргупа на полинезиските јазици. Тој е службен јазик на Токелау заедно со англискиот. Посвен населението на Токелау, јазикот го зборуваат и околу 2.900 токелајски иселеници во Нов Зеланд. Овој јазик моментално се учи приватно, како и во неколку училишта во Брентвуд во Есекс, Англија.

Јазикот има ISO 639-3 код „tkl“.

Сличности со други јазици

уреди

Токелајскиот јазик е сличен на тувалскиот, главниот јазик на соседната територија Тувалу, и користи самоанска литература. Има големи сличности и со јазикот ниуафооу, зборуван во Тонга.

Се пишува со латиница, но само со 15 букви: a, e, i, o, u, f, g, k, l, m, n, p, h, t, v. Писмото се состои од 5 самогласки: a, e, i , o, u; и 10 согласки: f, g, k, l, m, n, p, h, t, v.

Управникот за образование на Токелау Лоимата Иупати работи на превод на Библијата на токелајски јазик.

Фрази

уреди
токелајски македонски
Fanatu au là? Да дојдам и јас?
Ko toku nena e i Nukunonu. Баба ми живее во Нукунону.
Malo ni, ea mai koe? Здраво, како си?

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди