The New Zealand Herald (мак. Новозеландски Хералд) е дневен широколисен весник кој се печати во Окленд, Нов Зеланд. Тиражот му брои 200.000 примероци. И покрај името, весникот циркулира главно во пошироката оклендска обалст. Се доставува и во горната половина на Северниот остров вклкучувајќи го Нортленд, Ваикато и Кинг Кантри.

The New Zealand Herald
ТипДневен весник
Форматшироколисен
СопственикAPN News & Media
УредникТим Марфи
Основан1863
СедиштеОкленд, Нов Зеланд
Тираж187.129
585.000 читатели
(јуни 2008)[1]
СтраницаThe New Zealand Herald

Herald бил основан во 1863 од Вилијам Чисхолм Вилсон и за првпат издаден на 13 ноември таа година. Во 1876, New Zealand Herald се споил со весникот The Southern Cross во сопственост на Алфред Хортон. Весникот The Southern Cross почнал да се издава во 1843.

Семесјтвата Вилсон и Хортон фигурирале во сопственоста на весникот сè до 1996 кога Сер Тони Орајли, сопственикот на Independent News & Media Group од Даблин го купил делот на Хортоновите.

Неделното издание во таблоиден формат, the Herald on Sunday (Хералд в недела), за првпат почнало да се издава на 3 октомври 2004, заедно со саботното издание наречено Weekend Herald (Викенд-Хералд).

Постојани колумнисти

уреди

Белешки

уреди
  1. „Резултати од државното истражување за читаност на Нилсен Медија (Q3 2007 - Q2 2008), Просечна читаност на броеви за сите возрасти над 10 години“. 2008. Архивирано од изворникот на 2007-12-20. Посетено на 20 февруари 2008. (англиски)

Надворешни врски

уреди