Неделно училиште во Солун

Неделното училиште во Солун e воспитно - образовна институција на Македонската револуционерна организација, меѓутоа таа претставувала параван за затскриено агитирање од страна на организацијата меѓу солунското македонско население. Дамјан Груев истакнува дека Неделното училиште е прво дело на ТМОРО [1].

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Не се знае кога точно е отворено Неделното училиште, Иван Хаџи Николов истакнува дека одлука за формирање на Неделното училиште е донесена за време на некоја од средбите од страна на основоположниците на организацијата.

Меѓутоа факт е дека ова училиште егзистирало во февруари 1894 година и тоа било сместено во покривот на зградата која била сметена до црквата Св. Димитрија.

Раководители на училиштето биле Дамјан Груев и Лазар Димитров додека пак училишните предавања ги изведуваал Иван Ачков [2].

Покрај основото сметање и читање се говорело за Француската револуција, обединувањето на Италија, Џузепе Гарибалди, вопошто за револуцијата.

Целата на отворањето на училиштето е да се покрене духот на населението и да се провери дали има погодна почва за делување меѓу населението во Солун, откако било потвредено дека почвата е погодна по два месеци училиштето било затворено.

Извори

уреди
  1. АМ. ф. 1953, Даме Груев, 1. 1241. 1. 42., оп. 1, ае, 5, л155.
  2. Л. Димитров, През време на учителствуването ми в Солун..., 5