Замбези (регион)
Замбези е еден од 14-те административни региони на Намибија. Регионот се наоѓа во североисточниот дел на Намибија и скоро се совпаѓа со Капривскиот појас. Административен центар на регионот е Катима Мулило. Името потекнува од реката Замбези. До 2013 година името на регионот бил „Каприви“.[1]
Замбези Zambezi | |
---|---|
регион | |
Местоположба на Замбези во Намибија | |
Држава | Намибија |
Седиште | Катима Мулило |
Управа | |
• Гувернер | Лоренс Сампофу[1] (НОЈА) |
Површина[2] | |
• Вкупна | 14,785 км2 (5,709 ми2) |
Население (2011)[3] | |
• Вкупно | 90,596 |
• Густина | 6,1/км2 (16/ми2) |
Јазици | |
• солозиски | 89.6% |
• овамбоански | 1.1% |
• англиски | 1.6% |
• африкаанс | 0.4%[4] |
• намански | 1.2% |
• друго | 3.9% |
Час. појас | CAT (UTC+2) |
ISO 3166 | NA-CA |
Ранг | 11 |
Единици | 6 |
Градови | 1 |
Адм. центар | Катима Мулило |
ИЧР (2017) | 0.628[5] medium · 8th |
Мреж. место | arc.org.na/home.php?pn=caprivi council |
Преименување
уредиВо август 2013 година, по препорака на владина комисија, регионот Каприви требало да се преименува во регион Замбези во обид да се избришат колонијални административни имиња.[6]
Административна поделба
уредиРегионот е составен од осум единици:
Географија
уредиРегионот се наоѓа во тропска област, со високи температури и врнежи во периодот од декември до март. Ова е највлажен регион во Намибија. Областа е составена од мочурливи предели, рамнини и долини.
Покрај реката Замбези, во регионот се наоѓаат и реките Куандо и Квандо, кои пак ја формираат границата со Боцвата. Најголем град/ населено место во регионот е Катима Мулило, но има и голем дел на села кои гравитираат околу градот.
Демографија
уредиВо регионот живеат над 90.000 жители,[2] или 4 проценти од населението на Намибија. Голем дел од населението се занимаваат со земјоделство и сточарство. Невработеноста во регионот е 28.0%.[7] Регионот има 102 училишта со вкупно 39,808 ученици.[8]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „President announces governors“. The Namibian. 10 April 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-14. Посетено на 2020-07-09.
- ↑ 2,0 2,1 „Namibia's Population by Region“. Election Watch. Institute for Public Policy Research (1): 3. 2013.
- ↑ „Zambezi 2011 Census Regional Profile“ (PDF). Statistics Namibia. Посетено на 10 April 2020.[мртва врска]
- ↑ „Table 4.2.2 Urban population by Census years (2001 and 2011)“ (PDF). Namibia 2011 – Population and Housing Census Main Report. Namibia Statistics Agency. стр. 39. Посетено на 24 August 2016.
- ↑ „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
- ↑ Nakale, Albertina (9 August 2013). „President divides Kavango into two“. New Era. via allafrica.com. Архивирано од изворникот на 2013-08-09. Посетено на 2020-07-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Duddy, Jo Maré (11 April 2013). „Unemployment rate still alarmingly high“. The Namibian. Архивирано од изворникот на 2013-04-14. Посетено на 2020-07-09.
- ↑ Miyanicwe, Clemans; Kahiurika, Ndanki (27 November 2013). „School counsellors overstretched“. The Namibian. стр. 1.
„Замбези (регион)“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Caprivi. |