Знаме на Намибија

Знамето на Намибија е националното знаме на државата кое било усвоено на 21 март 1990 по независноста од Јужноафриканската Република.


Знаме на Намибија
}}
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и поморско знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 21 март 1990
Опис Пет дијагонални ленти кои се протегаат од горниот десен агол до долниот лев агол во сина, бела, црвена, бела и зелена боја. На сината основа има златно сонце со 12 краци.

Боите на знамето потекнуваат од Народната организација на Југозападна Африка, најважното ослободително движење во Намибија. Знамето е составено до пет дијагонални ленти кои се протегаат од горниот десен агол па одат кон долниот лев агол. Боите на лентите се во сина, бела, црвена, бела и зелена, каде белите се најмали. На сината лента има златно сонце со 12 краци. Сонцето претставува живот и енергија.

Значењето на боите се:

  • црвена- народот на Намибија, нивното херојство и наклонетоста кон создавање подобра иднина
  • бела- мир и единство
  • зелена- растителноста и земјоделските ресурси
  • сина- небото и Атлантскиот Океан, водата и дождот.[1]

Историски знамиња

уреди

Наводи

уреди
  1. (reported by) FG Brownell (December 1990), Coats of Arms and Flags in Namibia (A series of 8 articles.)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди